• Latest

Шврговски: Разочарувачки ден за правото, правдата ќе ја истераме преку Апелационен суд

April 13, 2021
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Иран лансираше ракети врз американската база во Катар како одговор на нападите врз неговите нуклеарни капацитети

June 23, 2025
Фото: МНРиНТ

МНРиНТ: Граѓаните да не патуваат на Блискиот Исток, ќе се евакуира уште едно македонско семејство од Израел

June 23, 2025

Кон обновата на Украина

June 23, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Маратонците го трчаат почесниот круг – „во цветот на староста“ ќе ги спасуваат Македонците од геноцид

June 23, 2025
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Битиќи за НОВА: Ако Владата одлучи да го игнорира или сопре ИФМИС, тоа значи дека одбива внатрешна контрола, не сака автоматизација на системите, а уште помалку сака јавноста да знае како и каде се трошат парите

June 23, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ниту по 36 обиди не се конституира косовското собрание; На северот на Косово запленето оружје кај лидерот на „партијата за српска демократија“, полицијата трага по него; Во Њујорк се одржа парада на Албанците

June 23, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за операцијата на САД во Иран?

June 23, 2025

Богојески ја отстранува „родовата идеологија“ од Еразмус+ и ЕСК

June 23, 2025
Фото: украинската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Кијив – уште една ноќ на терор, ракети и дронови од рф погодија станбени згради и болници, под урнатините има луѓе

June 23, 2025
Фото: Амбасада на ОК во Северна Македонија

Специјалната претставничка на ОК за Западен Балкан, дама Карен Пирс: Обединетото Кралство ја зајакнува регионалната соработка во Западен Балкан

June 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Шврговски: Разочарувачки ден за правото, правдата ќе ја истераме преку Апелационен суд

April 13, 2021 16:47
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Навистина разочарувачки ден за правдата и за правото. Ова е поразително и за нас како одбрана и за правдата, но убеден сум дека правдата ние ќе ја истераме преку високиот Апелационен суд, изјави бранителот на Сашо Мијалков, адвокат Љупчо Шврговски, по објавувањето на пресудата за случајот „Трезор“.

Судот, посочи Шврговски, во образложението на пресудата изврши замена на тези во поглед на она што е предмет на обвинение.

– Во почетокот кога Судот реферираше дека Сашко Мијалков ја злоупотребил својата службена положба, искористувајќи ја, не даде одговор кои одредби и од кој закон Сашо Мијалков ги има повредено. Ова кривично дело, за оние што се правници, добро знаат дека е од општиот супсидијарен карактер што значи дека само по себе до колку во обвинението не е инкорпорирана повреда која што се наоѓа во друг закон или подзаконски акт, само по себе како обвинение односно како кривично дело не може да опстои, рече Шврговски.

Судот, според Шврговски, во своето образлагање ја довел јавноста во заблуда, истакнувајќи дека обвинението било докажано со фактот што Сашо Мијалков бил во Лондон.

– Воопшто не е спорно дека Сашо Мијалков бил во Лондон и тоа не еднаш, туку три пати. Но, она што Судот требаше да и го презентира на јавноста е фактот дека од доказот на јавниот обвинител произлезе токму спротивното дека Сашо Мијалков кога бил во Лондон не остварил ниту средба со претставници на ГАМА, ниту договарал со нив било каква набавка на опрема или на обуки, рече Шврговски.

Судот, продолжи тој, образложувајќи ја пресудата наведе дека сведокот Ѓоко Поповски навел дека од менаџментот на УБК добивал усни напатствија кога требало да биде набавувана опрема односно кога требало да бидат вршени набавки за потребите на УБК.

– Меѓутоа на конкретно прашање дали за овој кривично правен настан, значи дали него му било сугерирано за фирмата Физи да му препорача на Ѓоко Поповски да преку неа се врши набавката на опрема и на обуки, тој децидно кажа дека таква препорака не добил. Што значи дека Судот го зема исказот на Ѓоко Поповски, којшто е општо се однесува на целокупните набавки, но неповрзани со набавката на предметот обивнетиот со фирмата Физи со што мислам дека ја доведувам во заблуда дека неговиот исказ во поткрепа на тезата на обвинението, рече Шврговски.

Според Шврговски, Судот не познавајќи ја економската вештина и доктрината на економијата се поставува во  улога на економски вештак кога вели во образложението, дека од она што било презентирано од фактурите Судот утврдил недвосмислено дека се работи за износ на штета на буџетот на РМ во износ од 20 милиони денари.

– Како можел Судот тоа да го утврди, и дали постои во правната пракса, во РМ вакво образложение на пресуда каде што се екстремно високи казни, истакна Шврговски.

Адвокатот Петар Василев, рече дека ова е уште една пресуда поради која што беа донесени извештаите од Стејт департментот, како и пресуди коишто биле опфатени во Извештајот на Прибе.

– Пресуда која е базирана на претпоставки и со кршење на Законот за кривична постапка. Се продолжи и со кршење на Законот за кривична постапка и при определување на мерката притвор од причина што јавниот обвинител немаше можност да поднесе предлог да му се определи нова мерка со оглед дека егзистира мерката притвор која е определена по предметот Таргет-Тврдина, изјави Василев.

Јавниот обвинител, според Василев, морал да побара од Кривичниот совет да се укине притворот по предметот Таргет-Тврдина за да евентуално би можел да поднесе предлог за да се определи притвор во оваа постапка.

– Меѓутоа имајќи предвид дека Судот го прифатил предлогот на еден начин ја прејудицираше одлуката на Кривичниот совет, односно дека Кривичниот совет ќе го укине притворот, а Кривичниот совет сметам дека немаше можност да биде известен дека вакво барање е поднесено и од тие причини сметам дека е незаконито определен и овој притвор на денешната главна расправа, појасни Василев.

Во поглед на основаноста, Василев рече, дека на јавноста и е јасно дека не постои ниту еден доказ којшто јавниот обвинител го изнел, а оди во поткрепа на тоа дека притворот е оправдан и дека треба да се определи.

– Не е јасно како е определен притворот и колку би можел тој да трае. Меѓутоа, одбраната ќе поднесе жалба на ова решение и сметаме дека повисоките истанци како за пресудата, така и за притворот, посериозно ќе пристапат кон наводите на одбраната, доказите што ги предложи и ќе донесе решение во корист на законот и во корист на обвинетите и одбраната, рече Василев.

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, првообвинет во предметот „Трезор“ за злоупотреба на службената положба и овластувања денеска е осуден на единствена казна во траење од осум години.

На поранешниот началник на Петтата управа во МВР  Горан Грујевски, кој е недостапен на органите на прогонот му е изречена  единствена казна затвор во траење од 15 години. На поранешниот помошник-министер во МВР  Небојша Стајковиќ, судот му изрече казна затвор од пет години.

Поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски,  пак, кој се товари за помагање, е осуден на единствена казна затвор во траење од пет години.

Против пресудата дозволена е жалба во рок од 15 дена до повисокиот Апелационен суд.

Предметот се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Централен одбор на ДОМ. Фото: dom.org.mk

    ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Престолонаследникот Реза Пахлави ги повика Иранците на национално востание: „Сега е време да го вратиме Иран“

    90 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ