• Latest
Гордана Силјановска-Давкова на собраниската говорница, 27 октомври 2022 (скриншот)

Сиљановска-Давкова само го поздрави и не гласаше за новиот Закон за македонски јазик

July 19, 2023

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сиљановска-Давкова само го поздрави и не гласаше за новиот Закон за македонски јазик

July 19, 2023 19:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Гордана Силјановска-Давкова на собраниската говорница, 27 октомври 2022 (скриншот)

Гордана Силјановска-Давкова на собраниската говорница, 27 октомври 2022 (скриншот)

Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова не гласала за усвојување на Законот за употреба на македонскиот јазик. Таа сепак даваше поддршка за законското решение за време на комисиската расправа.

„Го поздравувам предлогот за донесување на Законот за македонскиот јазик, постапката одеше во дебатен стил, со предлози кои беа ислушувани од министерката, а дел беа прифтени“, изјави претходно од собраниската говорница пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска Давкова.

Сепак, таа заедно со уште други 35 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на пленарната седница во Собранието не дадоа поддршка за новиот Закон за употреба на македонскиот јазик. Голем дел од нив или отсуствувале од седницата или пак воопшто не гласале. Меѓу нив се: Игор Здравковски, Љупчо Димовски, Александар Велјановски, Иванка Василевска, Грација Бакрачевска, Мирче Аџиоски, Силвана Ангеловска, Игор Јанушев, Тони јаревски, Зоранчо Јованчев, Драган Ковачки, Зоран Коцевски, Благица Ласовска, Миле Лефков, Олга Лозаноска, Рашела Мизрахи, Стојан Миланов, Антонијо Милошоски, Владо Мисајловски, Никола Мицевски, Александар Николоски, Ели Панова, Златко Пенков, Ангелинка Петкова, Марија Петрушевска, Бране Петрушевски, Жаклина Пешевска, Јадранка Поцкова, Љупчо Пренџов, Петар Ристески, Ѓорѓија Сајкоски, Иван Стоиљковиќ, Синиша Стојановски, Бојан Стојаноски и Велика Стојкова-Серафимовска. За Законот за македонскиот јазик не гласале ниту пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, како и пратеникот од Демократски сојуз Павле Трајанов.

Со новиот Закон за употреба на македонскиот јазик властите влегоа во процес на дополнителна заштита, унапредување и збогатување на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Како што наведуваат предлагачите, односно Министерството за култура, ова е сеопфатно законско решение преку кое ќе биде отсликана реалната состојба со променливата природа на јазикот, а секоја институција ќе биде задолжена да го применува стандардниот јазик.

Претходно министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска истакна дека првото читање за предлог-законот за употребата на македонскиот јазик во комисиската расправа поминало во пријатна атмосфера и се надминале пречките што постоеле во таа комисија.

-Сите политички партии го поздравија носењето на ваков закон. Го должиме како генерација и како политичари на оваа држава. Ги нотиравме природните промени на јазикот и тие треба да се пресликаат онака каква што е реалната состојба, рече министерката во телевизиско гостување.

Еден од новитетите во законското решение е создавање Инспекторат за употреба на јазикот, но и дополнително изучување и афирмација на јазикот во странство. Во новиот текст се предвидуваат и задолженија за Министерството за образование и наука. Па така, секој мај во тековната година МОН ќе распишува конкурс за стипендирање ученици од четврта година средно образование за да ги стимулира учениците за запишување на универзитетите за изучување на македонскиот јазик.

Дополнително, темата за македонскиот јазик беше покрената и за време на усвојувањето на преговарачката рамка од преговорите за членство во Унијата, минатата година. Во предлог-преговарачката рамка именувањето на јазикот на кој ќе се преведува заедничкото европско право е со чиста одредница „македонски“, без дообјаснувања или фусноти. Веднаш по усвојувањето на преговарачката рамка беше усвоен Законот за ратификација на Договорот помеѓу Република Северна Македонија и Европската унија за оперативните активности спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража (ФРОНТЕКС) во Република Северна Македонија. Ова беше прв договор меѓу Скопје и Брисел кој е потпишан на македонски јазик. Со потпишувањето на овој документ и неговата ратификација, како што беше наведено во владиното соопштение, статусот на службената употреба на македонскиот стандарден јазик се издигнува на врвно рамниште, „што нѐ прави сите нас, граѓаните на Република Северна Македонија, исклучително горди на нашата култура, јазик и идентитет, кои се признати и препознаени и во меѓународни рамки“.

Tags: Закон за македонски јазикСиљановска-ДавковаСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ