„Апликацијата за попис на македонски државјани кои се во странство да може сами да се попишуваат е направена и ќе биде достапна од 1 март и ќе трае до 21 април. Оваа апликација е максимално безбедна и сите мерки за безбедност се преземени и ниту едно лице кое се наоѓа во државата нема да може да се вклучи на оваа апликација, значи исклучиво вклучувањето ќе биде од странство со посебни процедури кои ќе бидат едноставни за да може граѓаните да се вклучат на апликацијата. Преземени се сите мерки за безбедност на податоците и комуникациите“, вели Апостол Симовски, директорот на Државен завод за статистика, на прашањето на ЦИВИЛ Медиа дали е направена апликацијата и колку е безбедна за попис на македонските државјани кои се во странство и дали постои можност за сајбер напад како што се случи на последните избори кога беше хакиран сајтот на Државната изборна комисија.
Симовски на денешната прес конференција ја презентираше методологијата за спроведување на пописот 2021, кој меѓудругото изјави дека пописот ќе се спроведе на 7 јазици.
Дехран Муратов