• Latest
bty

Синдикатот на „Саса“ во среда ги почнува преговорите со менаџментот на рудникот

April 9, 2018

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026

Србија гласа: Висока излезност, насилни инциденти и стравувања од постизборна криза – се зборува за „план Б“ на Вучиќ (ИНФОГРАФИК / ВИДЕО)

October 25, 2026
Панчево, Србија, 25 октомври 2026

Маскирани напаѓачи со метални шипки и факели нападнаа млади луѓе во Панчево (ВИДЕО)

October 25, 2026

Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА од Белград: Сериозни изборни нерегуларности, долги редици и сведоштво за генерацијата што бара правда (ВИДЕО)

October 25, 2026

Пет дизајнери што го променија лицето на урбаната мода

October 25, 2026

Србија гласа: До 11 часот излезноста достигна 27,3 отсто – речиси двојно повеќе од изборите во 2023 година. Што може да значи тоа?

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Синдикатот на „Саса“ во среда ги почнува преговорите со менаџментот на рудникот

April 9, 2018 13:29
in ВЕСТИ
bty

bty

Share on FacebookShare on Twitter

Синдикатот на вработените во рудникот „Саса“ членка на МЕСО – Мултиетничкиот синдикат за образование на РМ во среда ќе ги започне преговорите со менаџментот на рудникот за решавање на економско-социјалните барања на работниците, кои беа причина за штрајкот во март годинава.  

Како што информира претседателот на МЕСО и на Синдикалната организација на „Саса“ Драге Јованоски, рудникот „Саса“ во Македонска Каменица“ влезе во штрајк на 14 март и штрајкуваше два дена, при што беа наведени основните барања – зголемување на платата, подобрување на условите за работа во рудникот и регулирање на пензискиот стаж кој не бил регулиран  подолго време наназад неколку години.

Тој посочи дека откако се утврдило дека преку 400 вработени се членови на МЕСО, додека во другиот синдикат се околу сто членови кои не штрајкуваат, бил надминат игнорантскиот однос на работодавачот кон овој синдикат, а нивните барања сфатени сериозно.

Во разговорите за надминување на ситуацијата биле вклучени претставници на Владата за воопшто да отпочнат да преговараат за поставените барања. Услов бил да се повлечат поднесените судски постапки против Синдикатот од страна на работодавачот, додека од нивна страна штрајкот да биде ставен во мирување.

– Одредени работи ги кристализиравме и за ден среда, 11 април во 15 часот стартуваат преговорите со менаџерскиот тим во „Саса“.Тие ќе се водат во седиштето на самиот рудник во Македонска Каменица. Се надеваме дека она што е поставено како штрајкувачко барање ќе го исполнат, рече Јованоски наведувајќи дека е утврден составот на преговарачкиот тим од синдикатот.

На прашањето што доколку не се исполнат барањата, тој рече, дека штрајкот кој е ставен во мирување повторно ќе биде активиран и ќе се отпочне со класично штрајкување. Но вели, нивна и задача на менаџментот е да се постигне договор, со оглед дека од досегашните разговори сметаат дека има желба за исполнување на барањата од страна на раководството на „Саса“.

Појасни дека во однос на барањето за стажот, преговарачкиот процес може да трае подолго, додека за прашањето за покачување на платата е директно и очекуваат брзо да го решат, можеби, вели, и во помала мера од очекувањата но, сепак, задоволително за сите рудари. Јованоски, засега не открива колкав процент на покачување на платите бараат.

Според Јованоски, платата на копачите во рудниците се движи меѓу 40.000 и 60.000 денари, а во европски рамки за истата работа платата е 4.000 до 5.000 евра. 

Извор: МИА

Tags: Драге ЈовановскиМЕСАПреговориСАСАсиндикати
Share1TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ