• Latest

„Системот“ и контроверзните бодигарди на Мицкоски, говор на омраза и дезинформации

April 4, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025
фото: ЦИВИЛ

„Марш на ангелите“ во Скопје – Шест месеци без правда за Кочани

September 16, 2025

По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

September 16, 2025
Марш на Ангелите
Извор: Фронтлајн

Одговорност за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, бараат родителите на жртвите во Кочани

September 16, 2025
Еди Рам, Брисел 16 септември 2025
извор: ФБ

Албанија реализира 28 од 33 преговарачки поглавја со ЕУ

September 16, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Утре ќе започне увидот на лице место за причините за пожарот во Трубарево, во кривичен суд Скопје е доставен предлог за продолжување на мерката притвор за нови 48 часа за сите четворица опфатени

September 16, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад покрена обвинение против тринаесет лица во врска со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

September 16, 2025
Donald Trump - Windsor, UK
Source> screenshot France 24

Трамп на посета во Велика Британија, во меѓувреме двете земји потпишуваат договори вредни 10 милијарди долари

September 16, 2025

МЖСПП им препорача на општините да изготват планови за системско отстранување на диви депонии

September 16, 2025
Средба во Ватикан: Зеленски и Трамп (фото: Андриј Јермак)

Трамп вели дека Зеленски ќе „мора да склучи договор“ за да се стави крај на војната во Украина

September 16, 2025

24 ЧАСА: Шест месеци од трагедијата во Кочани; Мицкоски бара подметнувањето пожари да се квалификува како тероризам; ОН заклучи дека Израел изврши геноцид во Газа

September 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Системот“ и контроверзните бодигарди на Мицкоски, говор на омраза и дезинформации

April 4, 2025 14:28
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Додека на политичките чинители устата им е полна со борба против корумптивниот систем, во реалноста не е баш така. Неколку лица кои се задолжени за безбедноста на премиерот Мицкоски се однесуваат како шерифи и дека се над законот. Ако лицата кои се задолжени за безбедноста на премиерот се осомничени за корупција, насилство или силување, тогаш се поставува прашањето – колку е безбеден премиерот, државата, а и целата македонска јавност?!

Дали зад затворени врати на „лидерската средба“ Мицкоски – Филипче во Владата се разговарало и за предвремени парламентарни избори, со оглед на тоа дека во изминатиов период, по трагедијата во Кочани, премиерот Мицкоски изјави дека се подготвени за избори, но не е сигурен дали целата опозиција е подготвена за предвремени избори?

Говорот на омраза, национализмот и насилството на спортските настани се засилува секогаш пред избори, или кога треба да се дефокусира јавноста…

ГОВОР НА ОМРАЗА на спортските натпревари: „Мртов шиптар, добар шиптар“; „УЧК“, свирежи и неоддавање почит за загинатите во Кочани

Пред почетокот на натпреварот во Првата македонска фудбалска лига, помеѓу Шкендија и Брера се случи голем скандал. На натпреварот во Тетово навивачите на домашниот состав „Балисти“ не ја испочитуваа минутата молк за загинатите во пожарот во Кочани и во тие моменти урлаа, свиреја и пееја песна на УЧК.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) нагласи дека е отворена дисциплинска постапка по која ќе следува и казната која ќе ја добие тетовскиот клуб поради нечовечкото однесување на навивачите и непочитувањето на минута молк во чест на жртвите од трагичната несреќа.

Но, недолично однесување на спортските терени немаше само во Тетово, туку и во Куманово.

Натпреварот од регуларниот дел од кошаркарскиот шампионат помеѓу КК Куманово и БК Чаир 2030 заврши во тензична атмосфера, откако домашните навивачи со националистички скандирања предизвикаа сериозен инцидент, а потоа го нападнаа автобусот на гостинската екипа.

Навивачите на Куманово уште од првото полувреме почнаа да извикуваат навредливи и расистички пароли, извикувајќи „Мртов Шиптар, добар Шиптар!“. Поради овие скандали, официјалните лица на натпреварот решија да ги испразнат трибините и да ги тргнат навивачите од салата. Сепак, инцидентите не завршија тука. По натпреварот, автобусот на екипата на БК Чаир 2030 беше нападнат од неодговорни лица, кои на него ги напишаа навредливите националистички пароли кои се скандираа во салата.

За разлика од ФФМ која веднаш реагираше за недоличното однесување на навивачите на Шкендија, Тетово, Кошаркарската федерација на Северна Македонија засега молчи за инцидентот и нема осуда и казна за кошаркарскиот клуб Куманово.

СМРТНА ЗАКАНА: Новинарот Љубомир Костовски, мета на закана со „метак“ на социјалните мрежи

Метак во глава само за тебе“, гласи заканувачкиот коментар на извесна Маја Врљковиќ кој го упати до новинарот и соработник на ЦИВИЛ Медиа, Љубомир Костовски.

Таа му искоментира на текстот што го објави на својот Фејсбук профил со наслов: ЗOШТО 15-ТИ МАРТ НЕ МОЖЕШЕ ДА БИДЕ 5 ОКТОМВРИ?

Директорот на ФК Вардар, Неделковски посака смрт на најблиските на тие што протестираат за правда за трагедијата во Кочани

Извршниот директор на фудбалскиот клуб Вардар, Миленко Неделковски, посакува смрт на најмилите на тие што протестираат барајќи правда за загинатите и повредените во пожарот во Кочани.

„Да даде Господ на смртта на најмилите на денешниве што протестираа, некои други да злоупотребат и да протестираат. За да видат како е“, пишува меѓу другото Неделковски на својот Фејсбук профил на 24 март 2025, по масовниот протест во Скопје.

Одговорност нема.

Секоја корупција убива! Пајак не сакаше да крене непрописно паркирано “службено порше“ во „Дебар Маало“ оти бил на полицаец

Граѓани издејствуваа пајак службата (ПОЦ) да земе возило неправилно паркирано пред ресторан во скопско „Дебар Маало“. Вработените дојдоа да го „кренат“ возилото, но кога видоа „кој е газдата“ се предомислиле и се качија во камионот за да си заминат, меѓутоа граѓаните ги блокираа и инсистираа да го „кренат“ возилото и не ги интересираше образложението дека се дека се работи за службено возило и дека сопственикот бил полицаец на должност.

Секоја корупција убива! Пајак не сакаше да крене непрописно паркирано “службено порше“ во „Дебар Маало“ оти бил на полицаец

Е ова е корупција. Вака „работи“ коруптивен систем. За ова ги плаќаме со даноци. Секоја корупција убива!, пишува Љупчо Обоцки на својот Фејсбук профил, кој што го објави и ведеото.

КОНТРОВЕРЗНИ БОДИГАРДИ (ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ) НА МИЦКОСКИ

Обезбедувачот на премиерот Мицкоски осомничен за „оддавање службена тајна“ за 50.000 евра

Полицијата соопшти дека е уапсен полицаецот Ангел Сарамаков, припадник на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски поради сомнежи дека оддавал службени полициски тајни. Од владата за повеќе медиуми потврдија дека се истражува случајот и дека безбедноста на премиерот не е загрозена.

Полицаецот е уапсен во близина на хотел во Велес заедно со уште едно лице и во нивниот автомобил БМВ е најден ранец со доверлив материјал, со службени полициски тајни. Не е соопштено за какви информации станува збор ниту кој ги добивал полициските службени тајни, дали „бизнисот“ на Сарамаков е поврзан со криминалните скопски групи или со полициско-безбедносни активности на 6-тата управа каде што е вработен.

Обвинителство отвори истражна постапка против самостоен инспектор, припадник на Единицата за лично обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски, осомничен дека од користољубие сторил кривично дело „оддавање службена тајна“. Тој се сомничи дека сторил достапни службени документи што претставуваат службена тајна, со цел да прибави паричен износ од 50.000 евра од лицето за кое се однесувале документите.

Од СДСМ порачаа дека „МВР под притисок на медиумите кои ја дознаа вистината, беше принудено да излезе со информација во јавноста, откако, неговиот личен избор за обезбедување, Ангел Самараков, беше фатен како оддава службени тајни на лица од Грчец“.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – ОЈО ГОКК, укажува дека ниту лицата, ниту документите во овој предмет, не се поврзани со лицата и групата од Грчец.

Припадник на обезбедувањето на Мицкоски нападнал колега полициски службеник пред угостителски објект

Дел од обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Ивица Б., (во февруари 2024) година нападнал колега полицаец кој извршувал службени дејствија, а веднаш по нападот бил лишен од слобода. Непотврдени информации велат дека полицијата, во потрага по дрога, сакала да изврши претрес во познат скопски локал „МОШ“, но дека Ивица Б., кој бил внатре во објектот, се обидел да ја спречи акцијата, по што е уапсен.

Тогашниот технички министер за внатрешни работи Панче Тошковски, најави дека МВР ќе поднесе кривична пријава против Ивица Б. за напад на друго службено лице и тој ќе биде суспендиран од работа сè до донесување правосилна пресуда. Додека пак за информациите во јавноста дека Ивица Б. спречил акција на полицискиот тим од Единицата за недозволена трговија, посочи дека се невистинити.

Од ВМРО-ДПМНЕ тогаш соопштија дека Ивица Б. ќе биде отстранет од обезбедувањето на лидерот Мицкоски, и дека за нив нема селективност и законите важат за сите.

И. Б. беше вработен во МВР и на барање на ВМРО-ДПМНЕ беше дел од обезбедувањето на лидерот на партијата Христијан Мицкоски. За време на мандатот на Наќе Чулев како министерот за внатрешни работи во техничката влада во 2020 година, И. Б. беше именуван за командант на елитната полициска единица ,,Тигри”, една од 15-те позиции на кои Чулев направи промени.

Обезбедувањето на Христијан Мицкоски, полицаецот Ивица Бисовски, што тепаше друг полицаец пред кафе-барот „Мош“ во Скопје, е ослободен од одговорност од страна на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, соопшти портпаролката на Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Богданка Кузеска (во септември 2024), потсетувајќи на инцидентот што се случи во февруари истата година, кога полициски службеник што не бил на должност, физички нападнал полициски службеник што извршувал службени дејствија.

Мицкоски со обезбедувањето во теретана за време на Ковид-19

Во април 2020 година на социјалните мрежи беше објавена на која се гледа опозицискиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како влегува во празна теретана, придружуван од командантот на единицата „Тигар“, Ивица Бисевски и уште еден полициски службеник. Во коментарот на снимката, пак, се наведува дека Мицкоски повторно „ги прекршува мерките за Ковид-19“ и “оди во теретана која отвара само за него”.

Тогашниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев рече дека не биле тоа ракавици на рацете од телохранителите во теретаната каде што е фатен Мицкоски, туку било отсјајот во теретаната и нам тоа само ни правело привид како да носат хируршки ракавици.

Мицкоски пак признал дека му пратил ССМ порака на полицискиот службеник кој ја водел истрагата „Да се слушнеме“.

Како заврши таа истрага до денес не се знае. Граѓаните не дознале дека Мицкоски бил во теретана за време на пандемијата или се работи за лажна вест.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат измислица е дека член на обезбедувањето на Мицкоски е осуден за силување

Во јануари 2021 година, на социјалната мрежа Твитер објавени се неколку фотографии, со обвинение за наводно силување на странски државјанки од член на обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Имено, како сторител на делото се наведува извесен Влатко Илиевски од Делчево, обезбедување на Мицкоски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски за ЦИВИЛ Медиа изјави дека тоа што е објавено на Твитер не е вистина и дека е измислица.

„Се работи за измислици кои треба да го дефокусираат вниманието од пратеникот силувач, кој го крие власта“, изјави Арсовски.
Инаку, пред четири години, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски во Собраниската седница за дополнетиот предлог-закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, истакна дека меѓу пратениците има и народен избраник кој силувал жена, но не го кажа името на пратеникот.
Оттогаш поминаа 4 години, ниту Милошоски, а ниту од партијата не го објавуваат името на наводниот пратеник-силувач. Зошто?

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    198 shares
    Share 79 Tweet 50
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Хаотично заебавање

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ