• Latest
Фото: Фeјсбук на Христијан Мицкоски

Обезбедувач на премиерот Мицкоски уапсен за оддавање на „службени полициски тајни“

April 1, 2025

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Повик за помош на амбуланта во близина на фронтот

October 27, 2026

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Обезбедувач на премиерот Мицкоски уапсен за оддавање на „службени полициски тајни“

„Пред само неколку месеци, шефот на неговото обезбедување претепа полициски службеници и спречи полициска акција за сузбивање на дрога - настан што и тогаш МВР се обидуваше да го прикрие. Вчера, неговиот личен избор за обезбедување, Ангел Самараков, беше фатен како оддава службени тајни на лица од Грчец. МВР цел ден се обидуваше да го скрие скандалот, но под притисок на медиумите кои ја дознаа вистината, беше принудено да излезе со информација во јавноста, велат од СДСМ.

April 1, 2025 11:13
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: Фeјсбук на Христијан Мицкоски

Фото: Фeјсбук на Христијан Мицкоски

Share on FacebookShare on Twitter

Полицијата соопшти дека е уапсен полицаецот Ангел Сарамаков, припадник на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски поради сомнежи дека оддавал службени полициски тајни. Од владата за повеќе медиуми потврдија дека се истражува случајот и дека безбедноста на премиерот не е загрозена.

Полицаецот е уапсен во близина на хотел во Велес заедно со уште едно лице и во нивниот автомобил БМВ е најден ранец со доверлив материјал, со службени полициски тајни. Не е соопштено за какви информации станува збор ниту кој ги добивал полициските службени тајни, дали „бизнисот“ на Сарамаков е поврзан со криминалните скопски групи или со полициско-безбедносни активности на 6-тата управа каде што е вработен.

МВР соопшти дека Сарамаков е осомничен за кривично дело „оддавање службена тајна“ за што е предвидена затворска казна од 3 месеци до 5 години.

Во продолжение соопштението на МВР за полицискиот крт:

„На 30.03.2025, по претходно добиени сознанија за сторено кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик, од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со ОЈО ГОКК спроведена е координирана полициска акција и реализирани се истражни дејствија за претрес на дом, возила и лица на подрачјето на СВР Велес.

При спроведувањето на полициската акција и преземените мерки и активности, на паркинг просторот пред хотел во Велес, во возило “бмв” затекнати се А.С., полициски службеник во Одделот за заштита на определени личности и објекти и Б.К., а при извршен претрес во возилото пронајден е ранец со службени материјали од МВР и од лицата се одземени мобилни телефони, по што се лишени од слобода.

Во рамки на акцијата, дополнително се извршени претреси на повеќе локации, при што се пронајдени и одземени електронски уреди, службени документи и други предмети релевантни за истрагата.

Исто така, од преземените мерки и активности во процесот на проверка, ОВККИПС констатира дека полицискиот службеник постапувал спротивно на законските и подзаконските акти на Министерството за внатрешни работи, со што истиот неовластено поседувал службени материјали, нивно откривање на трети лица надвор од министерството, а со кои дејствија го извршил кривичното дело по член 360 од КЗ.

Од страна на ОВККИПС до ОЈО ГОКК на 31.03.2025 година ќе биде поднесена кривична пријава против А. С., за кривично дело „оддавање службена тајна“ по член 360 од Кривичниот законик“, соопштија од МВР.

Од СДСМ прашуваат кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски? Обезбедувањето на Мицкоски е составено од најголемите криминалци во државата, кои тој лично ги одбрал на тие позиции. Оттука се поставува прашањето: дали и самиот е лично вклучен и ги диригира криминалните процеси во земјата?

„Пред само неколку месеци, шефот на неговото обезбедување претепа полициски службеници и спречи полициска акција за сузбивање на дрога – настан што и тогаш МВР се обидуваше да го прикрие. Вчера, неговиот личен избор за обезбедување, Ангел Самараков, беше фатен како оддава службени тајни на лица од Грчец. МВР цел ден се обидуваше да го скрие скандалот, но под притисок на медиумите кои ја дознаа вистината, беше принудено да излезе со информација во јавноста, велат од СДСМ.

Од опозициската партија иронично велат – ова ли се луѓето што ќе го „ресетираат“ системот?

СДСМ изразува сомнеж за постоење на силна координација и соработка меѓу најблиските луѓе на Мицкоски и криминалното подземје. Не е ни чудо што криминалот и уличните пресметки во државата во последните девет месеци се на историски највисоко ниво.

СДСМ прашува: дали обезбедувањето на Мицкоски самоволно делувало, или било испратено да пренесе информации, бидејќи тој лично, согласно своите надлежности, нема пристап до доверливи податоци? Кој му ги дал тие информации и кој ја диригира целата соработка со нарко-клановите од институциите?

Состојбата со безбедноста е крајно загрижувачка, а очигледно е дека криминланите структури во земјата имаат директен пристап и информации од најблиските луѓе на Мицкоски. Ова значи дека криминалот во државата ќе ја владее државата и Мицкоски и ДПМНЕ се директни соучесници во тоа, потенцираат од СДСМ.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ