• Latest

Системски пропусти што доведуваат до апсурдни ситуации

May 5, 2018

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Системски пропусти што доведуваат до апсурдни ситуации

May 5, 2018 11:11
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

 Некоординираноста на институциите, некои ситни пропусти во легислативата, неусогласеност во работното време на службите, процедурални грешки….. доведуваат до дисфункција на системот и негова парализираност. Ние можеби сме навикнати да живееме со нив, но кога станува збор за странците кои доаѓаат во Македонија, нивното соочување со нив предизвикува негативен ефект, во крајна линија создавајќи за државата слика дијаметрално спротивна од посакуваната.

Станува збор за сложена проблематика што бара мошне широка опсервација, со анализа на сите фактори што би можеле да влијаат врз тоа каков ќе биде конечниот суд за нас самите, за нашата држава. Но, за секој индентификуван проблем треба отворено да се зборува, со цел доколку е можно да се изнајде начин за негово надминување.

Првиот пример се провлекува низ системот како некој, со компјутерски речник кажано, „вирус“ што одвнатре го подјадува истиот.

Легислативата дозволува граѓаните во Република Македонија да имаат право на двојно државјанство. Тоа е се во ред, доколку истата легислатива не креира недоследност која на тие наши граѓани без нивна вина ќе им создаде непријатности.

Наш граѓанин покрај македонско има и државјанство на друга држава, во конкретниот случаја австралиско. Човекот се обидува со валиден патен документ – австралиски пасош да излезе од Република Македонија. Се е тоа попусто кога на граничниот премин полицискиот службеник му соопштува дека вооппшто не може да ја напушти земјата бидејќи, нема регистриран влез во Република Македонија со истата патна исправа.

Пасош.jpg

Станува збор за лице кое повеќе од две децении живее и работи во Австралија, а во Македонија доаѓа на неколку години и тоа фигурира како турист. Лицето било вратено од граница, независно австралискиот пасош признаен низ целиот свет.

Случката го натера да отиде во полиција, да го врати македонскиот пасош и во крајна линија да се откаже од матичното државјанство, за да се поштеди од слични непријатности во иднина. Такви случаи има многу, и со државјани на други европски и прекуокеански земји, но и со странски државјани кои покрај матичното имаат и македонско државјанство, а се со адреса и место на живеење во РМ.

Вториот пример се случува пред неколку седмици, конкретно на 21 април годинава. Случајот ќе останеше незабележан доколку по некоја случајност новинарите од локалните охридски и дописниците на националните медиуми не беа на охридскиот аеродром да ги пречекаат туристите од Турција со првиот сезонски лет од Истанбул.

На аеродромот затекнавме двајца државјани на Република Франција кои од процедурални причини не можат да ја напуштат Македонија.

Полиција контрола.jpg

Имено, поради сторен сообраќаен прекршок некаде кај Тетово им е издаден платен налог за казна во износ од 40 евра. Заради наплата на казната на брачниот пар од Франција полицијата им ги одзела патните исправи додека не ја платат изречената глоба. Се е тоа во ред доколку за нивна несреќа прекршокот го направиле  во недела. Французите, немаат каде да ја платат казната. Со автомобилот оделе низ градовите во западна Македонија, обидувајќи се попусто да најдат шалтер каде да ги уплатат парите. Завршуваат на охридскиот аеродром, каде исто така нема шалтер за наплата на платен налог. Попусто службениците од аеродромот и некои од нас новинарите се обидувавме да најдеме некакво решение кога во недела решение за таков вид проблем нема. Мора да ни е јасно дека такво нешто во Франција не може да се случи, да сакате да платите казна, а да не можете да го сторите тоа само затоа што банките и поштите не работат во неделите. Казна во државите на ЕУ полицијата може да ги наплати не лице место, а за да нема обиди за поткуп, наплатата се врши со банкарска картичка со фискален апарат. Таа опција кај нашата полиција ја нема.

Крајниот епилог, странците сакале-нејќеле, наместо истиот ден да заминат како што било планирано за Албанија, беа присилени да преноќат во Македонија и да се изложат на дополнителни трошоци…

Како последен во оваа пригода вреди да се спомене најсвежиот пример, од пред неколку дена, кога на експерт од Колумбија, инаку пријавен како учесник на Меѓународна научна конференција во Охрид, и на неговата сопруга не им е дозволен влез во РМ.

Од МВР со појаснување дека според позитивните законски прописи имале основа односно овластувања да ги вратат странците при нивното доаѓање на аеродромот во Скопје.

Јасно е дека насекаде во светот полицијата има право да одбие влез на лице во земјата доколку постои причина како во случајот немање соодветна виза за престој во РМ. Тоа е сосема оправдано, мора да се почитуваат процедурите за влез во Македонија. Но, можеби вреди да се осмисли правна процедура што би оставила можност да може да се издаде краткотрајна виза за влез во земјата, особено кога се работи за специфични случаи како наведениот.

Колку е добро да се забрани влез во земјата на високообразован академски граѓанин, кој доаѓа од држава потписничка на Шенгенскиот договор, кој имал уредно платена котизација за учеството на конференцијата, со однапред обезбедено сместување во хотел во Охрид за него и неговата сопруга. Да е случајот уште покомпликуван, неговата сопруга била во петти месец бременост. За неа имало слободно место да се врати во Цирих со истиот авион со кој допатувала во Скопје, што не било случај со нејзиниот сопруг…

И нашиот научник Виктор Груев, човекот за кој слушна целиот свет преку неговите откритија на очила за детектирање на канцерогени клетки и камерата за спектрална анализа на водата, со непријатно искуство на скопскиот аеродром.

патници аеродром

Тој изјави дека од сите места во светот каде одел да работи на истражувања, почнувајќи од САД, Австралија, преку Аргентина, Мексико, со проблем околу опремата што ја носел единствено се соочил на влез во Македонија. Едноставно, никој не му верувал дека се работи за негов изум…

Вакви примери има доста и би било неодговорно да се дозволи нивно повторување само затоа што се случуваат на некој друг. Сам се наметнува заклучокот дека ваквите институционални пропусти мора да се решаваат, секој пример на недоследност да биде сам по себе иницијатор за преземање мерки за негово остранување.

Александар Бачиќ 

Извор: МИА

Tags: дисфункционалностинституциипропустисистем
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ