Трибина „Сите заедно по патот до правдата“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на здружението „Зелена лупа“ заедно со „Комитетот за заштита на правата на жртвите на правосудниот систем“.
На настанот, како што најавуваат организаторите, ќе се дебатира за поднесените иницијативи до Советот за утврдување на факти, за можноста за поднесување на иницијативи до Судски совет на РМ, како и за можноста за користење на постоечките законски механизми за повторување на одредени постапки кои влегуваат во категоријата на политички монтирани процеси.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.