• Latest

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026
Колаж од фотографија од архивата на ЦИВИЛ (Христијан Мицкоски) и партиската ФБ страница (Димитар Апасиев)

Мицкоски и Апасиев во костец со навреди и наводи за семејни бизниси, тендери и партиски донации

October 14, 2026

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и „фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити? (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home PR & PUBLIC AFFAIRS

Сите цистерни со сертификат, нема штета: Што покажуваат доказите за „Мазут“?

August 6, 2026 10:00
in PR & PUBLIC AFFAIRS, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Хемиско вештачење покажува дека мазутот кој РКМ ДОО Скопје е со соодветен квалитет и ги имал потребните сертификати согласно позитивните законски прописи. Сведок од ЕСМ вели дека секоја цистерна е примена со сертификат за квалитет, а претходно и самата ОКТА, од каде е купен најголем дел од мазутот, потврди дека мазутот бил согласно стандардите.

  • Параметрите за квалитет на мазут кои се дел од Договорот на ДПТУ РКМ ДОО Скопје со АД ЕСМ се исти како МК стандардите за квалитет на течни горива согласно Правилникот за квалитет на течни горива во РСМ. Ова може да се потврди и види од Договорите на ДПТУ РКМ ДОО Скопје со АД ЕСМ и МК стандардите за квалитет на течни горива МКС 1003:2022 заедно со Правилниците за квалитет на течни горива.

Испорачаниот мазут од ДПТУ РКМ ДОО Скопје до АД ЕСМ, купен од Инса Оил од Бугарија, Мотор Оил од Грција, Ли Оил од Северна Македонија, Тритерол од Северна Македонија, Пуцко Петрол од Северна Македонија, Санс АГ од Северна Македонија, Хифа Оил од Босна и Херцеговина и Лотур Оил од Бугарија е со бараниот квалитет и карактеристики.

ДПТУ РКМ ДОО Скопје во периодот во времетраење на трите договори со АД ЕСМ има Дозвола за работа и Лиценца за увоз на мазут во Република Северна Македонија, заклучува хемиското вештачење за составот и квалитетот на мазутот.

„Секоја цистерна беше примена со сертификат за квалитет на мазутот“, потврдува и сведок од ЕСМ.

Сведок во изјава дадена во ОЈО ГОКК вели: Нас ни беше битно да ја испочитуваме одлуката на Владата која според мене беше исправна затоа што цените во тој период на берза на набавка на ел. енергија многу скокна нас 200 евра за мегават час, така да беше исплатливо да работи ТЕЦ Неготино отколку таа енергија да ја набавуваме на пазар…“

Сведокот потврдува дека РКМ ДОО Скопје навремено ги испорачувал количините на мазут како што било побарано, а прекини на работата на ТЕЦ Неготино имало поради дефекти кои биле непланирани прекини и планирани прекини согласно планот за работа, но никогаш поради недостаток на мазут.

Претставник на ОКТА, исто така во изјава дадена во ОЈО ГОКК, вели дека самата ОКТА имала интерес да учествува на тендерот, но не биле сигурни дали можат да ги задоволат побарувањата, затоа и не учествувале.

„Имавме интерес да учествуваме на тендерот и дадеме понуда за снабдување на мазут со проценка на сите ризици кои оваа работа би ги носела со себе. Кога беше објавен првиот повик за достава на документи која содржеше и нацрт договор, наша проценка беше согласно условите кои биле дефинирани во тој договор, не е можно да гарантираме динамика која се бара и тоа со голема банкарска гаранција тоа беше прва причина и втора причина немаме никаква гаранција од купувачот дека бараните количини ќе ги прифати. Сакам да ви појаснам зошто беше ризик за нас. Бараните количини на месечно ниво одговараа на годишната потрошувачка на државата РСМ и како ние би ги обезбедиле тие количини ние би морале со нашите добавувачи да купиме цел брод во износ на целокупната наша годишна потрошувачка која би не изложила на огромен ценовен ризик.“ – изјави сведокот

Сведок од ТЕЦ Неготино пак, на прашање дали ЕСМ има некаква штета од овие договори, јасно кажува „Нема“.

Во поглед на динамиката, доказите утврдуваат дека испораките на мазутот се движеле согласно договорот и барањата на ЕСМ. Мазутот е носен во количини колку што било побарано од ЕСМ, а просекот на количина за ден е согласно договорот меѓу РКМ И АД ЕСМ.

Претставник на ЕСМ во својот исказ пред ОЈО ГОКК вели „им симнувам капа на РКМ, немаше никаков проблем со доставата“.

Бројките покажуваат дека ТЕЦ Неготино секоја година како ладна резерва ја чини државата околу 5 милиони евра со самото постоење, за плати, тековни трошоци и слично. Она што е евидентно и од официјалните извештаи на ЕСМ, ТЕЦ Неготино во 2022 и 2023 година има остварено профит од 30 милиони евра.

Предметот уште е во Вишото Јавно обвинителство, кое треба да одлучи по одлуката на ОЈО ГОКК за запирање на истрагата поради недостаток на докази, а ЕСМ практично измислува штета која не постои за да вложи жалба на одлуката на обвинителката Коларевиќ. Постои вешт наод од кој јасно се гледа дека економска штета нема, напротив и државата и граѓаните заштедиле поради домашното производство на струја, а дополнително немало никакво загадување на воздухот во периодот кој е под истрага.

 


PR & PUBLIC AFFAIRS | Во оваа рубрика се објавуваат промотивни, спонзорирани, партнерски и институционални содржини. Текстовите се јасно означени (ПР содржина) и не претставуваат редакциски став на ЦИВИЛ МЕДИА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ