Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ги известила колегите од СЈО дека ќе се изврши „форензичко бришење “ на датотеки од сите компјутери во обвинителството.
Како што јавува А1он, Јанева не ги известила вработените за причините за оваа одлука. Од Јанева јавноста бара да се прекине постапката на „форензичко бришење“, а Јанева да се повика на одговорност.
По оставката на Јанева, јавност беше во неизвесност каде е, што прави и како е поврзана со случајот „Рекет“ во кој првоосомничен е Боки 13, сопственик на 1ТВ, кој истиот ден беше приведен. По неколку дена Јанева на прес конференција рече дека оставката ја поднесува да не биде користена за нечие алиби за европските интеграции и дека нема на никаков начин да влијае на конечниот исход на случајот „Рекет“.
Б. Ј.