• Latest

Скопје и ЕУ задоволни од квалитетот на преговарачкиот тим, процесот зема замав

November 22, 2022
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Скопје и ЕУ задоволни од квалитетот на преговарачкиот тим, процесот зема замав

November 22, 2022 15:48
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач, Бојан Маричиќ истакна дека е
задоволен од подготвеноста на македонскиот преговарачки тим. Оценката следува по
завршувањето на првиот билатерален скрининг за поглавјето 24 „Право, слобода и
безбедност“.

Маричиќ воедно додаде дека македонскиот преговарачки тим во Брисел го
објаснил нивото на усогласеност со законодавството на ЕУ и негова имплементација.
Претходно и премиерот Димитар Ковачевски рече дека е започнато ново поглавје на
европскиот пат, додавајќи дека тимот е посветен за скрининг-процесот да се заврши во
зададениот рок.

„Македонскиот тим е подготвен, има експертиза, има знаење и ќе го заврши скринингот во
планираниот рок од 14 месеци. И ние, и ЕУ, ги исполнуваме нашите ветувања. Останува
следниот чекор, уставните измени, кои ќе се најдат пред македонското Собрание и нашите 120
пратеници“, рече Ковачевски.

Сепак, покрај пофалните зборови од домашните власти за тимовите кои преговараат за
членство во Брисел, претставници на меѓународната заедница го споделуваат мислењето,
изразувајќи задоволство од квалитетот на преговарачите.

Откако започна скрининг процесот во земјава пристигна и претседателката на Европската
комисија, Урсула фон дер Лајен, која кажа дека Европската унија не е целосна без Северна
Македонија.

-Веднаш започна скринингот на правото на ЕУ. Сега земјата е цврсто на вистинскиот пат и
преговарачкиот процес зема замав. И многу добра работа се прави, рече Фон дер Лајен.

Амбасадорката на Шведска во Ларсон Јаин, чија земја е наредниот претседавач со Унијата, на
последниот состанок со премиерот Димитар Ковачевски изрази честитки за отпочнатите
преговори на Република Северна Македонија со ЕУ и посочи дека земјата има подготвени
тимови кои го водат скрининг процесот.

Неодамна, француската државна секретарка за Европа, Лоранс Бун од Скопје истакна дека
Северна Македонија напредува доста во поглед на усогласувањето со европското
законодавство, истакнувајќи ја и важноста од усвојувањето на уставните измени како следен
чекор и дел од европскиот договор.

Според неа, Франција е тука за време на преговорите и е подготвена да ѝ помогне на Северна
Македонија за да ја постигне својата цел за полноправно членство во Унијата.

Од друга страна, европратеничката и лидерка на Прогресивната алијанса на социјалистите и
демократите во ЕП, Ираче Гарсија Перез, при посетата на земјава, исто така ја потенцира
европската иднина на земјава која ги започна преговорите и скринингот.

-Сега е најдобро време заеднички да се работи. Тука сум да пратам јасна политичка порака од
нашето политичко семјество, втората најголема политичка група во Европскиот парламент со
над 150 пратеници, но и со осум комесари во Европската комисија. Тука сум да ја поддржам
оваа нова динамика во процесот на пристапните преговори, порача Перез.

На иста линија е и генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој,
Матијас Корман. Тој го поздрави почетокот на пристапните преговори на Република Северна
Македонија со Европската Унија и оцени дека пристапните преговори овозможуваат брзи и
квалитетни реформи.

Инаку, Владата ја креираше преговарачката структура на петти септември годинава, а е
поддржана и од експерти, државни службеници кои со години работат на ова поле, а се
надградува и со експерти и стручни лица надвор од институциите, но и надвор од државата
кои имаат искуство со водење преговори и пристапување на други држави во ЕУ.

-Нашата заложба и намера е да обезбедиме квалитетна и ефикасна структура која ќе може да
се носи со сите предизвици, соопштија од Владата, од каде повторија дека целта е
полноправно членство во Унијата во 2030 година.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ