• Latest
Протест на движењето Ајде! во февруари, 2015 година.

Скопски грув или Улица на радоста

December 11, 2018
Фото: Игор Додик/Х

Синот на Додик на самит со неонацисти во Будимпешта

June 1, 2025
Фото: Скриншот СР24

Маск го негира извештајот на „Њујорк Тајмс“дека користи дроги

June 1, 2025
Наводна слика од излетување на воз од шините во руската област Брјанск во текот на ноќта на 31 мај 2025 година по уривањето на мост. Најмалку седум лица загинаа, а уште 69 се повредени во инцидентот, тврдат руските власти. Фото: ASTRA/Telegram

Најмалку седум загинати, 69 повредени во излетувањето на воз од шините при уривањето на мост во Брјанската област во Русија 

June 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Најмалку 26 Палестинци убиени откако израелски тенкови отворија оган во близина на центарот за помош во Газа

June 1, 2025
Created with the assistance of ChatGPT, an AI developed by OpenAI.

(ЕКСКЛУЗИВНО) Кина – тивкиот партнер во војната на Путин

June 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени

May 31, 2025

ЕУ: Законот за странски агенти ја оддалечува Грузија од европскиот пат

May 31, 2025
Фотографија: СДСМ

СДСМ на првата од низа прес конференции за трагедијата во Кочани: Прв заштитен од Коцевски и Мицкоски за Кочани е Дејан Салтировски

May 31, 2025
Стево Пендаровски, поранешен претседател на Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски за Дојче Веле: Владата нема намера да оди кон ЕУ

May 31, 2025
Суми, Украина, 13 април 2025 (фото извор: објава од украинската амбасадорка Дир)

Наредена задолжителна евакуација на 11 погранични села во Сумскиот регион

May 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Скопски грув или Улица на радоста

December 11, 2018 11:46
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЦИВИЛ ФЕСТ
Протест на движењето Ајде! во февруари, 2015 година.

Протест на движењето Ајде! во февруари, 2015 година.

Share on FacebookShare on Twitter

Вчера помина првиот ден на ЦИВИЛ ФЕСТ.

Војо Љ. Цветановски

Секој почеток на  каков било фестивал во чијашто организација  учествувам, барем за мене е многу тежок. Секогаш сум велел дека тоа е фестивал во фестивалот. Посебно организирање сака отворањето на фестивалот. Не е прв пат да се соочуваме со ваков предизвик. Помина и тоа. Помина и денот. На крајот од се’ дојдоа и музиките кои почнаа да не’ опиваат сите кои бевме таму. Музика ни беше потребна на сите до еден. Се опуштивме по напорниот ден кој го минавме со сите перипетии во него. Говори, луѓе, екселенции, сите мои колеги таму и обичниот јас меѓу нив. Седиме и слушаме музика. Кој виснат на коњопој, кој на сепаре, некои танцуваа, односно Соња најмногу танцуваше, а некои беа и на терасата. Почна Стефан некаде околу 17:20ч. па по него Темков и Торта и за крај остана Балто. Сите четворица барем за мој вкус растурија од пултот за диџеи. Им се приклучуваше и Џабир од време на време, кој знае, можеби и некој друг им се имаше приклучено, но, за жал, јас тоа не го видов. Во секој случај беше многу убаво.

МКЦ личеше на нас.

На ЦИВИЛ.

Секогаш кога има вакви собири без разлика дали се тоа фестивали, концерти, обични излегувања… во еден дел од вечерта постои и некој суштински разговор меѓу луѓето кои се дел од таа забава, нели, не може да помине без некако забавата да поентира, односно, секој за себе некако поентира во вечерта. Тоа најчесто се случува спонатно. Така беше и вчера.

Некаде половина час пред да си одиме Џабир ги пушти Лајбах, со нивната The Whistleblowers. Не случајно ги пушти. Знам. Знам дека ги пушти бидејќи и тој силно верува во граѓанскиот активизам преточен преку најразлични форми на израз што несомнено во огромни колични го има кај Лајбах.

Нормално сите почнавме да збориме за Лајбах.

Што е Лајбах, од кога потекнува … Сите се согласивме дека Лајбах е движење.

Во кратки црти:

 Лајбах е првото име на градот Љубљана кое потекнува уште од 1144 година, што во превод значи „град покрај река“.

Основани се во 1980 година во малото гратче Трбовје, Р. Словенија, тогашна СФРЈ. Лајбах е еден од најголемите културолошки и политички феномени во времето во кое творат. Вклучувајќи го и времево денешно. Во август, 2015 година, во организација на Мортен Траавик, шведски режисер и граѓански активист Лајбах успеаа да направат концерт во Пјонг Јанг, Северна Кореа, каде што до сега ниту еден друг бенд, ни блиску до полуостровот не успеал да се доближи и да направи нешто слично, а не пак да организира било каков настан – концерт пред граѓаните на Пјонг Јанг.

На Мортен и Лајбах тоа им успеа. За тоа, капата доле дечки.

Лајбах стана движење уште од времето кога беа забрнаувани во поранешна Југославија, па мораа да се распределат во повеќе фракции за да не престанат да го наметнуваат сопствениот став. Се водеа под друго име: „Ноис Словенише Кунст и Новиот колективизам“.

Беа бенд под друго име, имаа свој театар под друго име, имаа ритуали под друго име, изложби на фотографии и слики под друго име, дизјан…

 Лајбах имаат и нивен манифест напишан во Трбовје 1982 година од кој никако не отстапуваат и до ден денес, а и нема да отстапат се’ додека истиот не се реализира во целост. А тоа нема никогаш да се случи. Нема никогаш да се случи бидејќи како што тие самите кажуваат, себеси се третираат како мали деца кои од ден во ден откриваат нови и нови предизвици. Што е норамлно за артисти.

Инаку манифестот на Лајбах е многу посериозен одошто на некои политички партии тука кај нас.  

Лајбах за мене е едно од најголемите движења кога било појавени во поновата историја.

И потоа, некако спонтано, седејќи на терасата на вториот кат во МКЦ почнавме да зборуваме за Љубљана и за животот таму. И од збор до збор дојдовме и до Метелкова улица. И се согласивме дека е една од најубавите улици кои може да ги понуди еден град во Европа, улици кои нудат ноќен живот каков што само може да посака секој град. Се разбира, тука го вклучиме и Берлин.

И се отвори многу интересна тема. Се согласивме дека ноќниот живот во Скопје е на никакво ниво, дека Скопје не е град кој има некакво обележје какво што е тоа Метелкова улица на пример во Љубљана.

Диме ме праша: „Што мислиш ти дека треба да се направи за Скопје да постане нешто слично како овие градови, а при тоа да добие некакво вакво облежје?“

Прво што ми падна на памет беше и како од пушка почнав да го говорам:

„Би било супер оваа улица, на која сме во моментов, каде што се МКЦ, МРТВ, Сити Хол… да се направи да биде улица на ваквиот израз, на ваквото движење. Ќе и’ дадеме и некое специфично име. На пример „Улица Скопски Грув“ како оној графитон што е онде спроти МКЦ, или пак „Улица на Радоста“. Сите помали објекти кои се на улицава ќе бидат во фукција на големиот објект, односно во функција на зградата која што го носи името МРТВ. Секој кат на МРТВ (нема да се смени името на зградата за да остане автентичноста во целост) да се претвори во клуб, диско, кафуле, театар, кино, културен центар, центар за дизајн, хостел … ( слободно надополни ја низата) се’ што е поврзано со ноќен, но и дневен живот во Скопје, а и живот кој младите ќе ги донесе тука. На дваесет и кусур катови колку има МРТВ да се случува живот, среќа, забава, да имаат младите простор постојано да творат, да се опуштаат да се чувстуваат слободни. Улицата „Скопски грув“ или „Улица на Радоста“ да биде слободна зона. Оваа улица ќе го покани целиот свет во Скопје, за да го видат чудото од улица, чудото од објект каде што скопјани непрестанно 24 часа се забавуваат и се чувстуваат слободни во изразот. На оваа улица, секако може да се направи и огромен музики фестивал од калибарот на Зигет, Егзит, Гластонбури, Фринџ … Ех, друже мој, ако сакаме Скопје да мрдне напред, според мене вака треба да се размилува. Прочитај ми ја и колумната „Ѕид на урбаната култура“ и во неа пишувам нешто слично на оваа тема. Излезе пред некој ден во Цивил Медиа.“

Беше интересно да се видат реакциите на сите оние кои беа на балконот после овој муабет. По кратко моравме да се собереме и да заминеме дома. Првиот ден на ЦИВИЛ ФЕСТ заврши. Денес е вториот. Јас ќе бидам таму и ќе чекам да дојдете за да разговараме на вакви, а и слични на оваа тема. Секако и да слушаме музика, да се опуштиме и да се забавувавме.

Print Friendly, PDF & Email
Share53Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Путин и Си ја гледаа парадата по повод Денот на победата во Москва. Фото: Скриншот од видео на WSJ News

    Си Џинпинг: Русија е наш вазал отсега па натаму

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Илон Маск ја напушта Белата куќа

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Меџити најави кривична за „инспектор“ Данела Арсовска: Ова е последен обид на Али Ахмети за дестабилизација преку општините

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ