• Latest
Добро утро со Орданоски

Слепата улица на македонската опозиција

March 7, 2019

Препукување на релација ДУИ – ВЛЕН кој е поголем Србин

August 20, 2025
Трамп и Путин во Алјаска. Фото: Скриншот

Кремљ ги омаловажува разговорите со Зеленски, Трамп предупредува дека Путин можеби нема да сака да склучи договор

August 20, 2025

Евидентирани 1916 во Регистарот на ДКСК за службени возила на државни органи за локалните избори

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на YouTube

Администрацијата на Трамп ќе проверува за „антиамериканизам“ во апликациите за имиграција, критичарите потегот го споредуваат со макартизам

August 20, 2025
Мигрантите депортирани од САД пристигнуваат во Хондурас. Фото: Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

САД постигнаа договори за депортација на мигранти со Хондурас и Уганда

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел бара ослободување на сите заложници во Газа, фрлајќи сомнеж врз предлогот за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото; Скриншот од видео на YouTube каналот на British Army

Околу 10 европски сојузници се подготвени да испратат војници во Украина, се забрзуваат разговорите за безбедносните гаранции

August 20, 2025

Избирачкиот список се отвора во сабота за увид и запишување и бришење податоци

August 20, 2025
Фото: Телеграм канал АСТРА

Геј порно снимено во православна црква во Русија

August 19, 2025

24 ЧАСА: ДИК без консензус за бројот на советници на локалните избори; Секое украниско дете киднапирано од Русија мора да биде вратено-децидна фон дер Лајен; Жестоки протести во Србија

August 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Слепата улица на македонската опозиција

March 7, 2019 07:20
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Ф[/dropcap]еноменот на „слепата улица“ е релативно едноставен сообраќаен проблем: за да излезете од слепата улица, мора да се вратите по патот од кој сте дошле во неа. Инаку сте осудени на бескрајно вртење во круг, замелушени од центрипеталната сила на привлечната моќ на центарот на тоа вртење.

За разлика од слепата улица, кружниот тек е слично вртење во круг, но со можност секогаш да се исклучите во некоја улица на десно, па макар и свртеле неколку крукчиња додека сфатите дека треба да фатите некој пат што центрифугално ќе ве „лансира“ вон кружниот тек.

Нашата опозиција во моментов е зафатена во инерцијата на бескрајното вртење во слепата улица – во таа Cul-de-Sac – на својата политика, безнадежно чекајќи да се појави некое вртење в десно, но да не е патот по кој дојдоа во самата слепа улица. Се вртат ли се вртат, а сега до себе во тоа бесмислено кружење си ја седнаа и претседателската кандидатка, па заедно се нишаат вртејќи ги заносните крукчиња.

Излез од таа слепа улица? По истиот пат по кој влегоа во неа. Кој е тој пат?

На две важни теми се „довезе“ опозицијата по патот по кој заглави во слепата улица на својата политика: првата е односот кон „груевизмот“, односно кон ликот и делото на нивниот почесен претседател пребеган во странство (со сите криминално-насилнички перипетии што спаѓаат во тој „пакет“ со кои треба самата да се конфронтира опозицијата); втората е односот кон неочекуваниот успех на Преспанскиот договор и следствениот евро-атлантски пробив на земјата.

Додека не се симне од рингишпилот на овие две крупни теми од македонското секојдневие и, преиспитувајќи ги своите ставови, не мрдне од кружната инерција со која „си ја брка опашката“, раководството на опозицијата ќе робува на бескрајните повторувања на тезите со кои се обидува да ревидира два процеси што нацијата веќе ги остава зад себе, бидејќи Македонија не се врти во кругот на кој самата се осуди опозицијата.

При тоа, реториката на опозицијата ескалира, сè повеќе се сведува на осиромашениот речник на квази-патриотизмот, национализмот и вокабуларот на деветнаестовековната потрага по „загубениот идентитет“, бидејќи расте очајот од дезориентацијата што не можат (или не сакаат) да го видат патот по кој треба да кинисаат вон слепата улица. Таму заглавени, и коалицискиот капацитет им се троши во „ротацискиот“ капацитет, бидејќи и македонските политички партнери, а за албанските збор да не стане, не сакаат да губат време на две, во суштина, надминати теми за дискусија.

Македонија нема време за вртење в круг. Тоа на опозицијата ќе ѝ го покажат и бројките на освоени гласови со кои ќе се соочи на овие претседателски избори. Тие ќе бидат такви што нема да го оправдаат понатамошното вртење во темите на слепата улица во која се заглавени. Потоа таа расправа ќе се претвори во барање одговорност за потрошеното време и енергија на погрешни теми, ќе се бараат оставки и отчет за неуспехот.

Што и да се случува понатаму, едно е јасно: од слепата улица се излегува само по патот по кој сте дошле во неа. Друг начин нема. А може да се најдат други луѓе што ќе го поведат патот…

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

 

Print Friendly, PDF & Email
Share310Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ