• Latest

„Слободниот избор е право, а не привилегија”

December 14, 2017
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Слободниот избор е право, а не привилегија”

December 14, 2017 13:55
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ и СТАР-СТАР, Здружение за поддршка на сексуалните работници, во рамки на деновите против насилство врз сексуалните работници организира низа настани, на 15-ти декември, предавање на Лора Агустин на тема – „Секс на маргините“, на 16 декември – перформанс Skopje Red Light District и во недела на 17 декември ќе има марш на „Црвениот Чадор/Red Umbrella March“.

Книгата на Лора Агустин прикажува како сексуалната индустрија функционира како несигурен пазар на труд за жените, вклучувајќи ги и недокументираните мигранти. Во оваа книга се наведува спасувачката индустрија, моралните претприемачи кои тврдат дека зборуваат за сите жени кои продаваат секс и ги претвораат во жртви на трговија со луѓе. Оваа книга експлодира неколку митови: дека продажбата на секс е сосема поинаква од која било друга работа, дека мигрантите кои продаваат секс се пасивни жртви и дека мноштвото луѓе за да ги спасат, се без личен интерес.

Skopje Red Light District претставува уметнички перформанс кој го отсликува шармот на улицата на фенерите во Амстердам. Улицата на црвените светла претставува симбол на слободниот и толерантен став кон најстарата професија на светот. Почитувањето на луѓето без оглед на нивната професија е она за кое сите треба да се бориме.  Уметничкиот перформанс ќе трае и ќе може да се погледне од 17:00 – 22:00 часот на бул. Климент Охридски, до клубот VULKAN.

Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници СТАР-СТАР од Скопје, годинава на 17-ти декември по деветти пат со слоганот „Слободниот избор е право, а не привилегија” се приклучува кон Глобалното одбележување на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници. Маршот ќе започне во 12 часот, пред спомен куќата на „Мајка Тереза“.

Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници за прв пат беше одбележан во 2003 година како спомен и почит за жртвите-сексуални работници на убиецот од Грин Ривер во Сиетл, Вашингтон кој потоа беше осуден на доживотна казна затвор. Оттогаш на овој ден секоја година се организираат протесни маршови на сексуалните работници од целиот свет кои се борат против насилство и дискриминација. Црвениот чадор е глобален симбол на сексуалната работа. Црвената боја е симбол на убавината, а чадорот е симбол на отпор против дискриминацијата и насилството.

Д.М.

Tags: маршправасексуални работници
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ