• Latest

„Слонот во собата“-панел дискусија на ЦИВИЛ за дезинформациите и пропагандата

July 21, 2022

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Слонот во собата“-панел дискусија на ЦИВИЛ за дезинформациите и пропагандата

July 21, 2022 13:08
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Цивил започна со панел дискусијата на тема „Слонот во собата“, посветена на дезинформациите и пропагандата. Акцентот на дискусијата е ставен на руското влијание во земјата. Во тој контекст, учесниците зборуваат и за неодамнешните протести против европскиот предлог за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ.

Учесници на панелот се Зоран Иванов (водител), Александар Николиќ Писарев, Љубомир Костовски, Дехран Муратов и Џабир Дерала.

Панел дискусијата е дел од проектот „Зад димната завеса“ со кој ЦИВИЛ спроведува медиумска и граѓанска акција против дезинформациите и пропагандата.

Џабир Дерала – ЦИВИЛ

Важно е тоа што секоја недела, а некогаш дури и почесто, од ова студио, мислам дека најмногу се прослави по онаа серија од сто интервјуа во рубриката „Дистрикт“, токму со Зоран Иванов, е нешто каде што ние се обидуваме да дојдеме до фактите, да ги разобличиме пропагандните активности и пораки, да ги разобличиме дезинформациите, кое се навистина со извонредно интензивно темпо присутни во медиумите, во социјалните мрежи, но и во институции како што е парламентот.

И се разбира, од говорниците на улица за време на протестите, или во други прилики, во кои се забележува дека Северна Македонија како држава, која започна води и спроведува процеси кои се дел од евроатлантските интеграции, е навистина сериозна мета на хибридите напади, а тоа се хибридни напади кои имаат цели што се слични на одредени политички структури и инсталации во земјата, кои сакаат со тие напади, одејќи по течението на тие хибридни напади, да постигнат свои политички цели. Комбинацијата од сето тоа е во една деликатна, една навистина длабока, многу внимателна на тимот и соработниците на ЦИВИЛ, да ги откријат сите нијанси, да ги откријат мотивите, да ги откријат начините на функционирање, и сето тоа во една динамична медиумска активност, да го претстават пред јавноста. Тоа е едната, онаа медиумска акција која се зафаќа зад димната завеса. Меѓутоа, ние како организација никогаш не сме биле организација која се занимава само со медиумска или тинк-тенковска работа, туку секогаш сме во комуникација со граѓан(к)ите.

Граѓанскиот дел од овој проект се состои во нашата директна комуникација со граѓанките и граѓаните, преку комуникација во општините, со инфо штандови, наши екипи одат и разговараат со граѓанките и граѓаните, поставуваат инфо штандови на кои луѓето доаѓаат да разговараат и прашуваа, некои од нив напаѓаат, критикуваат и тн. Но ние сме тука за директна комуникација со нив, се разбира, граѓан(к)ите ни се обраќаат и по различни други патишта, од телефон, до мејл, до јавни коментари на Фејсбук и Твитер, но и во пораки на Фејсбук страницата.“, посочува Дерала.

Љубомир Костовски – Глобус 

Тоа е однапред изгубена битка, на оние про -источни  сили што постојат кај нас. Целата приказна е многу стара, тие се воспоставени релации, не се од вчера, само прашањето е – темата. Темата сега се погоди, изгледаше дека можат да ја прифати и широката популација, а кај нас, за да бидеме свесни што се случува, мора да појдеме од еден непобитен статистички факт – ние сме земја на една голема функционална неписменост. И мора да се појде од тоа.

Тоа значи дека имаме многу луѓе кои се формално писмени, меѓутоа тие не можат да функционираат во овој свет, со сиот негов инструментариум, на нормален начин. Тоа значи дека не можат да ги користат електорнските средства, или не го познаваат доволно јазикот, или се едноставно поводливи, во некоја смисла не се луѓе кои можат самите да размислуваат… Тоа е една голема маса луѓе, 40 отсто во Македонија се луѓе кои се пријавуваат за работа, имаат формални квалификации, меѓутоа се функционално неписмени. Како таква е регистрирана и во заводот за вработување. И подложни се на манипулации. Кај нив се уште постои она што го велиме од порано „Радио Милева“. Повеќе функционира тој систем, отколку можноста што ние велиме, социјалните мрежи да го работат тоа.

Или, кога ги користат социјалните мрежи, ги користат по веќе поставени коридори кон нив, како маса луѓе кои треба да го примат тоа. Од 70 земји што Обединетите нации во скоро време ги испитуваа, за таа функционална неписменост, ние сме на 68 место, зад нас е Доминиканската Република и Косово. Тоа е колку се тие подредени на партиска пропаганда. Со нив е многу тешко да комуницирате, и прашање е дали тие воопшто ги примаат сите овие работи што еве денеска ние ги разговараме, ги има во одредени медиуми, и ние сме сведоци овој месец на масовна промена на сопственичката структура во оние медиуми, за кои нема да речам дека беа про-западни, меѓутоа, беа неутрални.

Одредени медиуми, портали, кои да речеме беа употребливи, за секојдневно комуницирање, кои го менуваат сопственикот, и тоа се случува интензивно, така што се расчистува тој простор и понатаму за оние кои сепак следат нешто на социјалните мрежи, да бидат подложни на пропаганда, во буквална смисла. Очигледно се вклучени средства кои едноставно прават тоа да се расчистува. Тоа го прават домашни центри, чии врски се многу јасни и очевидни, ако некој ве тера да бидете бугарски Конзул во Македонија, и ако вложите многу средства… Погледнете кои се најчести даватели на реклами во македонските медиуми, посочува Костовски.

Дехран Муратов

Луѓето сакаат сѐ да им е сервирано, не сакаат да употребат интелектуален напор, да размислуваат. Ќе дадам пример. ЦИВИЛ е познат по тоа дека ставовите наши не ги добиваме седејќи во канцеларија, ние сме меѓу граѓаните ги црпиме нашите сознанија. Еден од одговорите на она зошто луѓето уште не веруваат дека во Украина има војна, парафразирам – короната заврши затоа што почна војната со Украина. Госпоѓата што го дава одговорот вели дека од старите го знае ова, тие е кажале.

Гледаме дека одредени цечтри на моќ сѐ уште ги убедуваат граѓаните дека ние не почнуваме со ЕУ. Лекот е да не бидат партиски послушници, да излезат од таа рамка што ќе каже лидерот и слепо да му веруваме, навивачки, без да имаме критички тон.

Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија 

Во време на забрзан технолошки развој и дигитализација, достапноста до информации преку дигиталните платформи е сѐ поголема.

Традиционалните медиуми го губат своето влијание, а дигиталните платформи, блоговите и социјалните медиуми стануваат главниот извор на информирање.

Ваквата експанзија, покрај бројните придобивки, со себе го носи предизвикот на брзо ширење на дезинформации.

Наместо за ширење на брза, навремена и точна информација, дигиталните платформи многу често се злоупотребуваат за пласирање на дезинформации за остварување на влијание и насочување на јавното мислење во функција на одредени агенди. Ова станува закана по националната безбедност, поради потенцијалот за поткопување на демократските процеси.

Северна Македонија, како членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија е мета на кампањи на дезинформации што имаат за цел да поттикнуваат анти-западно расположение кај македонските граѓани, и да заговараат нејасни алтернативи на европските интеграции. Поради нивниот потенцијал да ги поткопуваат нашите стратешки определби, дезинформациите, можат да придонесат и за дестабилизирање на самата држава.

Одговорот што како општество треба да го дадеме на ваквите појави е повеќеслоен и бара ангаман од повеќе чинители – државни институции, од медиумите, од граѓанскиот сектор, како и од системот на образование. Потребно е да изградиме општествена, системска, медиумска, но, пред сѐ, лична отпорност кон дезинформациите.

Како претседател давам поддршка на секоја иницијатива што е во функција на воведување добри практики, со цел намалување на ширењето на дезинформациите, а унапредување и развој на демократијата.

Џабир Дерала

Би сакал да направам една малку морбидна паралела со правилото со кое се носи секој снајперист. Снајперистот, никогаш кога има мета, кога сака да постигна голема летална моќ, односно, неговата работа како снајперист кој сака да постигне голем број жртви, а не само еден, ако сака да онеспособи еден сектор од боиштето, тој не ја убива својата жртва.

Тој ја ранува, на тој начин што ја онеспособува да избега од местото, на пример во колено, болката е огромна и вие не можете да се движите. И тогаш, привлекува луѓе кои иако знаат дека од другата страна има снајперист, знаат да одат да се обидат да му помогнат. Тогаш тој и другиот го погодува, и третиот, и тоа е една страотна, морбидна, крволочна тактика, и некои од снајперистите, според интервјуто што го направив 2006 година, во Сараево, знае да стигне до седум-осум жртви да паднат, само заради тоа што бил доволно тактичен.

Истото се случува и со нашата земја, кога вие ќе ја нападнете Македонија по сите основи, пропагандно, со дезинформации, со подривање, со долготрајна пропагандна активност во која вие го поткопувате системот, но не само системот туку и општеството, на тој начин што кај луѓето предизвикувате постојано да се сомневаат во институциите, постојано да се сомневаат во другата заедница, постојано да се сомневаат во државата, постојано да се сомневаат во тоа што им доаѓа во тоа што им доаѓа како изјава од западот, да речеме, вам ви вели Урсула фон дер Лајен дека македонскиот јазик се почитува, дека таа доаѓа  од Брисел во македонскиот парламент, да говори, вие и тука се сомневате, мора да има нешто… Тоа се постигнува со долготрајна индоктринација, односно нарушување на довербата и на општествените баланси, процеси итн…посочува Дерала.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ