• Latest

Со дигитализацијата на судството постапките ќе бидат побрзи и поевтини, а одложувањата значително намалени

April 26, 2021
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
Избори во Молдавија, 2021 година (фото извор: OSCE Parliamentary Assembly from Copenhagen, Denmark, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons)

Молдавската проруска партија не ги признава резултатите од изборите и се заканува со протести

October 8, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Ќе се гласа само еднаш, гласањето е тајно, со важечка лична карта или пасош и биометриска идентификација

October 8, 2025

Меџити: Владата го раскина договорот за концесија за експлоатација на варовник во Скопско Страчинци

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски до СДСМ: Папагалски повторувања и очај маскиран во политика – нема да поднесам оставка

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на DER STANDARD

Баварија ќе ѝ дозволи на полицијата да соборува неидентификувани дронови по инцидентот во Минхен

October 8, 2025

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци Панчо Минов, носител на независна листа за Локалните избори 2025

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Со дигитализацијата на судството постапките ќе бидат побрзи и поевтини, а одложувањата значително намалени

April 26, 2021 14:35
in ВЕСТИ, ПРАВДА, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Со целосно дигитализирање на повеќе од 100 судници низ 34 судови во земјата, како и судниците во рамки на Академијата за судии и јавни обвинители и затворот „Идризово“, Владата најавува квантен технолошки скок што ќе се направи за релативно кратко време во рамки на планираните активности за дигитализација на судството. Владата,  воедно  презема обврска да обезбеди средства за одржување на опремата која ќе биде инсталирана во судовите, но и јакнење на човечките ресурси потребни за работа.

Премиерот Зоран Заев на денешната  прес-конференција посочи дека со дигитализацијата на судството ќе се постигне поголема ефикасност и транспарентност на правосудните органи, олеснет пристап до правосудните постапки за сите и намалени трошоци.

– Планот за дигитализација содржи активности во повеќе фази. Ќе бидат опремени повеќе од 100 судници низ 34 судови во земјата, како и судниците во рамки на Академијата за судии и јавни обвинители и затворот „Идризово“, нагласи Заев.

Дигитализација во правосудството, посочи Заев, дополнително ќе помогне во унапредување на независноста на судството и непристрасноста, со сведување на минимум на човечкиот процес.

Како што истакна министерот за правда Бојан Маричиќ токму ковид пандемијата била  дополнителен катализатор што на површина ја исфрлила потребата од  дигитализацијата  со која, како што додаде, ќе се заштити здравјето на граѓаните, а постапките ќе течат непречено.

-Дигитализацијата меѓу другото ќе значи и воведување на онлајн судења, а тоа навистина многу ќе ги забрза постапките, кои ќе бидат и поевтини, а можностите за одложување ќе бидат значително намалени, рече Маричиќ.

Со дигитализацијата и промените на одредбите на Законот за прекршоци, како што појасни министерот за правда, ако еден жител на Скопје направи сообраќаен прекршок во Охрид и поради тоа ќе треба да оди на суд за прекршоци, нема потреба веќе да патува до Охрид. Се ќе биде завршено брзо и едноставно со помош на информатичките средства.

Маричиќ нагласи дека она што ќе следи во годините пред нас се потврдува со она што од страна на Европската комисија беше најавено на почетокот од март 2021 година,  а тоа е означување на стартот на Декадата на дигитализација на Унијата, визија и цели што треба да се постигнат за дигитална транзиција на ЕУ до 2030 година.

-Контурите на дигитализацијата на правосудството кај нас веќе ги имаме. Тие континуирано се развиваа во последните години главно преку воведување на систем за управување со предметите за судовите, систем за сметководство и буџетирање, опрема за некои од судовите со хардвер и софтвер за аудио снимање, систем за аудио-видео снимање, истакна министерот за правда.

Сепак, како што посочи Маричиќ, модернизацијата е неопходна од причина што хардверската опрема е застарена и неисправна, има недостаток на работни станици, а истите не ги поддржуваат софтверските решенија што се користат во судовите, што предизвикува неефикасно функционирање на истите.  – Состојбата на серверите во судовите е со слаб капацитет, односно нема сервери за складирање на податоци, ниту за базата на податоци, а дополнително имаме и ново законодавство кое поставува нови очекувања од постоечкиот електронски систем, додаде тој.

Според министерот за правда, со развојот и надградбата на информатичката технологија во правосудството, едно од главните работи коишто треба да ги вклучи новата архитектура е токму интероперабилноста.  Во контекст на тоа додаде дека е предвидена  надградба на постоечкиот АКМИС систем, кој ќе биде компатибилен со новата технологија и ќе одговори на барањата на новото законодавство.

Претседателот на Основниот суд Кавадарци, Лазар Нанев на прес-конференцијата рече дека Судскиот буџетски совет за 2021 година обезбеди 90 милиони денари, а за 2022 дополнително се зголемува овој износ, со кој ќе се овозможи целосно рехабилитирање на системска инфраструктура, со што ке се зајакнат системите за складирање на податоци во сите судови поради нивниот слаб капацитет.

-Со спроведувањето на дигитализацијата во согласност со европските и меѓународните стандарди се олеснува работата, се зголемува пристапот до правдата, економичноста и ефикасноста, навременоста и лесното користење на правосудните услуги за сите корисници. Се подобрува квалитетот на податоците, заштитата и безбедноста на системот, како и соработката со другите правосудни системи, државни органи и институции со институциите на Европската Унија, нејзините земји членки и меѓународните организации, рече Нанев.

Тој, исто така нагласи дека според анализите, со дигитализацијата за 60 проценти се зголемува ажурноста на судењата.

Со спроведувањето на дигитализацијата, Нанев истакна  дека ќе се заштедат вкупно 15 милиони евра годишно, и тоа 40 милиони денари на поштенски услуги, 9.5 милиони на хартија и шест милиони на тонери.

Процесот на дигитализација на македонските судови директно, финансиски, технички и стручно ќе го помогаат  ОБСЕ, Соединетите Американски Држави, Европската комисија и норвешката Влада.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ