• Latest
Ерол Ризаов

Со грда кампања не бива горда Македонија

April 9, 2024
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Со грда кампања не бива горда Македонија

April 9, 2024 13:17
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Ерол Ризаов

Ерол Ризаов

Share on FacebookShare on Twitter

Ако се суди по првите денови на предизборната кампања, која одамна од гласот на разумот во светот  е наречена изборен циркус, на нашите претседателски и парламентарни избори нема ништо ново, па ни циркус, иако изразот е одомаќинет и кај нас со исто значење. Познатата предизборна шема како и сиве 30 и кусур години тече како матен Вардар.

Какви ни се партиите и лидерите , таква ни  е државата, а до осми мај  ќе дознаеме дали такви ни се и граѓаните да си изберат претседател, парламент и влада какви што заслужуваат. Најкусата описна оценка би била: здодевно, агресивно, непристојно и традиционално лажно со исти месијански главни улоги и ветувања  за спасување на Македонија што ги слушаме со децении.

Првите митинзи поминуваат со ужасно лоши говори. Не може ништо да запамтите бидејќи  се се сведува на тоа колку ние сме добри и чесни и колку многу  си ја сакаме татковината, а колку се лоши и нечесни нашите противници, кои ни ја згазија гордоста и ни го урнаа достоинството со предавствата на националните и државни интереси, на  идентитетот, на јазикот, на историското минато. Спотовите како беспилотни дронови натоварени со овие лаги за изгубениот идентитет и јазик  фрлаат запаливи бомби  на  сите страни. Иако се лажни и  без грам инвенција, или  некоја порака што ќе ве натера малку да размислите, предизвикуваат повисока температура во и онака жешките глави.

Идејата е да се докаже колку е применлива во Македонија најголемата мана на парламентарната демократија дека две будали секогаш повеќе вредат на избори отколку еден паметен. Креаторите на оваа доктрина така и ја дозираат кампањата. Тие се доволно паметни да знаат на кого му се обраќаат.

Седумтемина величествени како марионети

Тргнувајќи од таа стратегија „режисерите“ и од своите кандидати за претседатели на државата прават марионети кои не треба да зборуваат што мислат, туку што смислиле штабовите во партијата што ги предлага и да го научат текстот од сценариото  што го срочиле скапите експерти за избори  кои знаат што сака да чуе мнозинството граѓани, најмногу според етничката припадност. Ете тоа треба да се рецитира како првачињата стихотворбата за да се создаде од нашите овоземни кандидати личности со надчовечки лик  со  задача дадена од Бога да ја спасуваат државата.

Шетаат седумината величествени по градовите и пазарите, лошо глумат во зададени улоги кои не им пристојат, како божем секој ден   купуваат зеленчук  и овошје, пијат кафе,  се поздравуваат и гушкаат со  стотици луѓе, зборуваат како  во училишна драмска секција, играат улога на очајни и тажни страдалници, со заматен поглед небаре солзи течат од жал за положбата во која се наоѓа Македонија во која ја  доведоа домашните предавници, лошите комшии и белосветските хоштаплери за да во следниот миг како птицата феникс летнат од пепелта и силно  да воскликнат  дека ќе не спасат од сите зла што не снајдоа. Мелодрама, стопати  полоша од најгледаните сапуници на македонските телевизии. Ете со таква стратегијата дека  ќе ни ја вратат гордоста и достоинството штом седнат на претседателската и на  премиерската  фотеља.

Голема е разликата иако е во прашање една буква

Со грда кампања не бива горда Македонија. Голема е разликата иако недостасува меѓу грда и горда само за една буква.  Нема многу да ви помогне ни  даљинското да се префрлите на друг тв  канал, таму ве очекува истото. Ни со исклучениот компјутер и мобилен нема да го одбегнете вресокот што на сите страни ечи како ехо  за спасување на Македонија. Возете внимателно по сообраќајниците и не се загледувајте многу во билбордите оти баш на тие точки е зголемен бројот на сообраќајки. За тоа не се виновни  кандидатите  со укочените насмевки како отисок во гипс, туку вие.

„Што ми требаше да гледам во сликата која ја враќа гордоста на Македонија баш пред училишето што го носи името на првиот претседател „Киро Глигоров“, ми се жали пријателот. Го удрив возилото пред себе. Човекот му свикал каде гледаш бе кретен еден. „Што да му кажам, ако му ја кажам вистината дека зјапав во „горда Македонија“ само ќе потврдев дека сум кретен.“ Мора да имало многу силен притисок да се купи место до „Киро Глигоров“.

Еден друг билборд, пак на асоцијативна локација,  кај Золошката градина во Скопје,  со ликот на д-р Арбен Таравари пламнал на полноќ. Дежурните партиски и медиумски  истражители кои  ги скенираат овие драматични ситуации веднаш ја откриваат вистината. Побрзи се од камерите и од истрагата на надлежните институции во кои ионака никој не верува. Веќе е соопштено дека билбордот со ликот на Тарвари го запалиле од противничката политичка партија која е позната со своите насилства и закани.

Се разбира, алузијата е на ДУИ. Меѓутоа, не е за потценување и сомнежот  дали и некој друг има голем интерес за еден ваков пожар. Движењето „Вреди“ кое го  предложи и поддржува Арбен Таравари еден ден пред палењето на билбордот склучија договор со ДУИ дека нема да прават коалиција со партии кои нема да ги донесат уставните промени и ќе продолжат да ги попречуваат  преговорите со ЕУ. Погодете од три пати на кого му пречи најмногу овој заеднички став на ДУИ, СДСМ и ВРЕДИ.

И уште нешто што многу  јасно се забележува од стартот на предизборната кампања, а тоа е  ударната доза на многу пари почнувајќи од  митинзите, снимените спотови и бројноста на објави на телевизиите, на  социјалните мрежи, порталите, во весниците, трошоци за снимателите, за скапите агенции кои ја подготвуваат кампањата, за транспортот, за озвучувањето, за музиката и за пејачите, за нови знамиња за сендвичите, за дневниците и уште еден куп предвидени и непредвидени трошоци.

Од каде волку милиони евра на партиите. Се разбира еден дел од нашите пари одат на партиските сметки  преку буџетот, демек сосема  легално и озаконето. Друг дел стасува илегално и незаконски од партиските компании, или фирми блиски на партиите. Велат дека рекетот на компаниите е јавна тајна,  а има и сериозни сомнежи дека пари стигнуваат и од надвор преку разни канали. Во еден период се тврдеше дека парите се од членови   и симпатизери кои  плаќаат чланарини и донации од голема љубов кон партиите. Таа лага  заврши со скандал бидејќи пари стасувале на партиска сметка  и од личности кои не плаќале ни донации, ни членарина, а нивните имиња биле злоупотребени за прикривање  на криминалот и корупцијата. Сето  тоа се заташка, па партиите кои наводно немаат сомнителни приходи наеднаш во предизборните активности делат пари на сите страни  како пијани милијардери.

Опасен новинар што тепа специјалци

Уште една карактеристика го одбележа стартот на предизборната кампања. Тоа е случајот на новинарот Фуркан Салиу за кој разбравме дека го открил планот на ВМРО ДПМНЕ за креирање на лажни вести, лажни анкети и злоупотреби на податоци од државните институции за потреби во предизборната кампања. За пред два дена повторно да се огласи Салиу со откривање на случаи со рекет на компании од страна на ВМРО ДПМНЕ.

И додека траеше расправата  дали се тоа лажни, или  точни вести за кои авторот тврди дека поседува цврсти докази, се испружи  долгата рака на ВМРО ДПМНЕ која не врати во „ерата на груевизмот“ да потврди дека е многу опасно да се чепка во конспиративноста на   револуционерната организација. На фудбалски натпревар новинарот Фуркан Салиу е упасен од специјалци на полицијата и приведен во полициска станица во Автокоманда каде е сослушуван. Дообјаснувањата на случајот не се од надлежните  институции, туку министерот за внатрешни работи  од ВМРО ДПМНЕ во привременета влада  си зема за право да и разјаснува на јавноста како на предизборен митинг дека апсењето на Салиу нема врска со неговите текстови, туку дека новинарот ги нападнал специјалците на фудбалскиот натпревар. Опасен некој новинар што тепа неколку специјалци.

Инаку ВМРО ДПМНЕ во домашната и во пошироката јавност  е позната по својата демократичност кон медиумите и новинарите. За 11 години владеење направија таков лом во новинарството што ќе му треба уште неколку децении слобода да оздрави. Ги уништија и „Нова Македонија“ и телевизија А1. Неколку неделници и сите водечки дневни весници од „Медиа Принт Македонија“ – „Дневник“, „Утрински“ , „Вест“ и порталите, Печатницата и Дистрибуцијата. Осудија новинари и сопственици на преку 120 години затвор. Ги следеја секој нивни чекор и ги држеа под надзор прислушкувајќи повеќе новинари. Корумпираа новинари и редакции да ги сатанизираат своите колеги и да ги прогласуваат за странски платеници и предавници, да ги величаат властите и особено вождот.

Го доведоа македонското новинарство на ниво на африканските диктатури. На светските ранг листи не искачија на 134 место за сега да стасаме на 38 место што е сосема близу до демократските општества, но е уште подалеку од недостижното 28 место што во еден период стаса Македонија. Скандалот со Фуркан Салиу е добра опомена каков терор ќе се случува во Македонија доколку повторно ВМРО ДПМНЕ дојде на власт.

Ете ова е мојот извештај од првите денови на предизборната кампања. Ако денот се познава по утрото, вреди да се размисли накаде ќе ја усмериме државата.

Последна вест од врвот на ВМРО ДПМНЕ. Таму уште неодржани изборите и неседнати на престолот  почнала голема кавга за распределба на функциите. Некои од нив не знаеле како се правени анкетите, па станале нестрпливи пред време.

Преземено: Дојче Веле

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ