• Latest
Фото; ДЗСР

ДЗС со поддршка од Шведска ќе работи на зголемување на употребата и достапноста на официјалните статистички податоци

October 19, 2021

Белгија: Заемот од ЕУ за репарација за Украина „никогаш нема да се реализира“

September 27, 2025

Неидентификувани дронови надлетувале над најголемата воена база во Данска

September 27, 2025

Планот на Трамп за Појасот Газа содржи 21 точка

September 27, 2025
Фото: yenisafak.com/

Палестинската самоуправа ќе добие помош од 170 милиони долари

September 27, 2025
Фотографија: ВИ

Од автобуси и депонии до „црвени линии“: Зошто локалните избори се претвораат во геополитички театар?

September 27, 2025

Надградбата на граничниот премин Евзони ќе ги намали гужвите, но воведувањето на ЕЕС системот може да го отежне функционирањето

September 27, 2025
Фото: НАТО

НАТО: Руското нарушување на воздушниот простор е опасна ескалација

September 27, 2025
Фотографија: Unsplash

Обединети нации: Нови санкции за Иран поради неуспешните преговори за нуклеарната програма

September 27, 2025

ЦИВИЛ е дел од настан за демократија и човекови права во Рим

September 27, 2025

Кијив Индепендент: Русија ѝ помага на Кина да се подготви за војна со Тајван

September 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ПОПИС

ДЗС со поддршка од Шведска ќе работи на зголемување на употребата и достапноста на официјалните статистички податоци

October 19, 2021 12:33
in ВЕСТИ, ПОПИС
Фото; ДЗСР

Фото; ДЗСР

Share on FacebookShare on Twitter

Подобрување на ефикасноста на процесот, опсегот и квалитетот на статистичкото производство, како и на комуникацијата и координирањето на националниот статистички систем и управувањето со човекови ресурси, е целта на проектот „Зголемување на употребата и достапноста на официјалните статистички податоци во Република Северна Македонија“ на кој Државниот завод за статистика работи со Шведскиот завод за статистика.

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, на означувањето на официјалниот старт на проектот, ја истакна важноста од употребата на официјалните статистички податоци, особено во насока на носење на одлуки базирани на точни и релевантни податоци.

– Овогодинешното мото на Европскиот ден на статистиката е „статистиката – вакцина за заштита на демократијата и справување со вирусот на дезинформации“ и веруваме дека денешниот настан ќе придонесе за зголемување на официјалната статистика во носењето одлуки базирани на факти, наместо на дезинформации, изјави Симовски.

Проектот, посочи Симовски, е од октомври 2020 година, но бил одложен поради Ковид-19 пандемијата и потоа за потребата од спроведување на пописот.

– Проектот се однесува на зголемување и натамошно развивање на институционалниот капацитет и знаење на Државниот завод за статистика. Тој не се фокусира само на статистичко производство, туку е поделен во четири компоненти – подобрување на ефикасноста на процесот, подобрување на опсегот и квалитетот на статистичкото производство, подобрена комуникацијата и координирањето на националниот статистички систем и подобрена ефикасност на управувањето со човекови ресурси, изјави Симовски.

Очекуваме многу, посочи Симовски, но и подготвени сме да дадеме многу, бидејќи само со заедничко соочување со предизвиците може да очекуваме заедничко постигнување на резултатите.

Директорот на Шведскиот завод за статистика Јоаким Стимн, посочи дека шведската статистика има над 40-годишна соработка со земји од светот и веќе 20 години во регионот на Западен Балкан.

– Нашето партнерство е во насока ние да работиме рамо до рамо со вас на институционално ниво, а не само во насока на решавање на вашите проблеми, туку и ние ќе учиме од вас, изјави Стимн.

Официјалната статистика, посочи тој, има централна улога во демократските општества, бидејќи е основа за добро информирани граѓани кои бараат одговорност од властите, но и за соодветен развој, економија, истражувања и иновации и во јавниот и приватниот сектор.

– Заедно можеме да направиме многу за граѓаните и јас сум убеден дека проектот ќе придонесе за подобрување на општествениот, економскиот и еколошкиот развој на Северна Македонија и ќе има улога како интегрална компонента во процесот на евроинтеграции, изјави Стимн.

Амбасадорката на Шведска во земјава, Кристин Форсгрен Бенгтсон, рече дека овој проект има за цел да помогне во постигнување на целите за членство на ЕУ и успешно затворање на Поглавјето 18 – Статистика од преговорите со ЕУ.

– Пристапот до релевантни статистички податоци е особено важен за владите и институциите да носат соодветни и навремени одлуки, изјави Форсгрен Бенгтсон.

Шведска, посочи Форсгрен Бенгтсон, од пред две недели има нова реформирана стратегија за Западен Балкан 2021-2027 за јакнење на демократијата, владеење на правото, цивилниот сектор и зелената агенда, што ја покажува посветеност на приближување на регионалниот кон ЕУ.

Гувернерката на Народната банка на РСМ, Анита Ангеловска Бежоска, на отворањето рече дека статистичарите во изминатите години беа предизвикани не само од пандемијата, туку и зголемената дигитализација.

– Статистиката игра клучна улога во зачувувањето на вредноста на податоците. Во новата ера, кога имаме отворен пристап до повеќе извори на информации, не е доволно официјалните статистички податоци да се дисеминираат поефективно, туку е потребно пошироката јавност да ги прифати, разбере и да има доверба во нив, изјави Ангеловска Бежоска.

Висококвалитетната и сигурна статистика, посочи Ангеловска Бежоска, е главното оружје против дезинформациите и лажните вести.

– Како ние како произведувачи на статистички податоци можеме да придонесеме во овој поглед. Се чини дека соодветното пренесување на нашите податоци во јавноста може да помогне да се истакнат статистичките податоци со низок квалитет. Треба да размислиме како да ги приближиме до јавноста статистичките производи од нашата работа. Точно е дека ние како централни банки на јавноста и доставуваме огромно портфолио на статистички податоци со многу димензии, мета податоци и јавни објаснувања, меѓутоа податоците или објаснувањата може да немаат ефект доколку не стигнуваат до јавноста и не влијаат врз нивните одлуки, изјави Ангеловска Бежоска.

Според некои проценки до 2025, посочи Ангеловска Бежоска, глобално ќе се создаваат 463 ексабајти податоци секој ден.

– Ова значи генерирање огромен број податоци, што може да ги замати официјалните статистички податоци со што на луѓето ќе им се отежне процесот на нивно читање и разбирање. НБРМ во таа насока ја препознава важноста на комуникацијата и се вклучува во многубројни активности во таа област, изјави Ангеловска Бежоска.

Во рамки на промоцијата на проектот предвидено е и панел-дискусија на која ќе земат учество двајцата директори Симовски и Стимн, како и Бојан Кардалов, комуниколог, Билјана Дуковска од Платформата за справување со сиромаштијата и Џабир Дерала од Цивил Медија.

Проектот е финансиран од шведската Меѓународна агенција за развој и соработка (СИДА).

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКО ПИСМО: „Мајдан“ како закана – кремљовско предупредување до Белград и Брисел

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Албанија може да ги затвори преговорите за ЕУ до крајот на 2027; Тачи не носел одлуки во ОВК

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Војвотката од Јорк, Сара Фергусон отстранета од три добротворни организации поради е-пошта во која го нарекува Епштајн нејзин „врховен пријател“

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Две години од нападот во Бањска, терористите сè уште на слобода; Разрешен градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај; Рама ги повика странците да инвестираат во Албанија пред зачленувањето во ЕУ

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Скопје – „Метропола“ на сметот!

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ