• Latest

Со измените во Законот за служба во АРМ, воените лица нема да смеат да застапуваат политичка партија

February 5, 2021

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Со измените во Законот за служба во АРМ, воените лица нема да смеат да застапуваат политичка партија

February 5, 2021 09:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Воените лица и цивилите во служба на АРМ нема да смеат да раководат, застапуваат и претставуваат политичка партија и да бидат членови на органи на партија, а со членство во партија нема да смеат да ја доведат во прашање професионалноста, непристрасноста и законитоста во вршењето на работите во Армијата или Министерството за одбрана. Ова се дел од измените на Законот за служба во АРМ, кои Владата ќе му ги предложи на Собранието. Измената доаѓа по иницијатива на Советот за безбедност и претседателот Стево Пендаровски, откако висок офицер на АРМ стана член на високо партиско тело и во неколку наврати јавно настапи од позициите на својата партија.

„Армијата отсекогаш била институција со најголем углед во државата, токму поради тоа што секогаш била оставана на страна од политиката. До сега сите партии ја оставале Армијата настрана. Мислевме дека, како и досега, секој ќе води сметка за своето поведение, но, ете, веќе не е така. За жал, сега за прв пат политичка партија ја злоупотребува Армијата. Со измените, секој ќе треба да направи избор: или Армијата, или политиката. Дали же биде политичар или воено лице. Двете заедно не одат“, рече министерката Радмила Шекеринска јанковска на денешниот брифинг.

Законските измени нема да задираат во уставно загарантираното право на членување во политичка партија. Воените лице ќе можат да бидат и основачи на партија, но не и партиски функционери или членови на органи.

Слично законско ограничување веќе има во Законот за внатрешни работи, воведено во 2009 година, а пресликано и во Законот за внатрешни рбаоти од 2014 година, но таму се забранува и основање на партија.

Покрај оваа измена, во Законот за слуќба се регулира и можноста за стипендирање на студенти од критични специјалности за потребите на Армијата, кои ќе добиваат стипендија од 30 до 80 отсто од просечната плата, во зависност од студиската година. Износот секоја година се зголемува за 10 отсто, а стипендистот е должен во одбраната да одработи две години за секоја стипендирана. Мерката се воведува за одбраната да се пополни со дефицитарни кадри, како информатичарти, лекари, но и градежни инженери. Стипендистите со просек над 8 секоја година ќе добиваат и бонус од 50 отсто, а тие со над 9, 100 отсто од стипендијата.

Со пакетот измени на Законот за служба се воведува и отпремнината за професионалните војници, која веќе беше најавена, а во последната година од служба пред старосното ограничување од 45 години возраст војниците нема да имаат дополнителни проверки и оценувања.

Измените предвидуваат и можност за предвремено унапредување на воените лица распоредени во Министерството и Генералштабот и се олеснува пензионирањето на воените лица кои немаат исполнето еден од двата сегашни услови- години на старост и години на стаж.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ