За денеска во 12,00 часот е закажана прес-конференција на Специјалното јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
На конференцијата СЈО ќе соопшти за кои случаи ќе поднесе обвиненија. Рокот од 18 месеци за поднесување на обвиненија на СЈО истекува утре.
Досега СЈО подигна три обвиненија: за незаконското уништување на документација од системите за прислушување, за насилството во Општина Центар, како и за случајот „Транспортер“, во кој градоначалникот на Битола, Владимир Талески се товари за злоупотреби со превозот на ученици во Битола.
Прес-конференцијата на СЈО ќе може да ја следите во живо на фејсбук страната на ЦИВИЛ.