• Latest

Собранието да ја заврши работата – бара меѓународниот фактор

October 3, 2018
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО По враќањето од Москва Додик сите говори ги завршува со воскликот „да живее Русија“!

Додик: Путин навистина ја разбира позицијата на нашиот народ, Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината

May 9, 2025

Мицкоски: Среќен 9 Мај – Денот на Европа! Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

May 9, 2025
Фото/ Wikipedia commons

Вучиќ на воената парада во Москва и покрај предупредувањата од ЕУ

May 9, 2025
Фото: скриншот МИА

Почнува тридневна национална акција за чистење отпад – „Генералка викенд“

May 9, 2025
Фото: Х

Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин, убиецот е уапсен и четворица помагачи, сите турски државјани

May 9, 2025
Фото: Скриншот

Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Собранието да ја заврши работата – бара меѓународниот фактор

October 3, 2018 07:58
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот фактор по завршувањето на референдумот во Македонија на кој мнозинството граѓани кои излегоа на гласање се изјаснија за европската иднина на државата очекува македонското Собрание да ги усвои уставните измени кои произлегуваат од Договорот со Грција. 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференција во Брисел го поздрави постигнатото одобрување за Договорот од Преспа и додаде дека Македонија може да стане членка на Алијансата во 2019 година, ако го прифати Преспанскиот договор.

– Сите внимателно го следевме изјаснувањето на референдумот во Поранешната Југословенска Република Македонија. Го поздравувам постигнатото одобрување за Договорот од Преспа. Скопје треба да ги определи следните чекори, изјави Столтенберг.

И пратеничката од групата на европските социјалдемократи Тања Фајон во изјава за МИА изрази задоволство од убедливата поддршка која граѓаните на Македонија и ја дале на Спогодбата со Грција и покрај фактот што загрижува неизлезеноста.

Според Фајон, сега на ред е Собранието за усвојувањето на уставните амандмани. – Премиерот Заев ја има мојата потполна поддршка и се надевам дека Договорот ќе биде усвоен. Секое друго сценарио значи враќање чекор назад, истакна Фајон.

Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн предупреди дека доколку Договорот со Грција не се изгласа во Собранието, тогаш Македонија ја чека уште една деценија тапкање во место како што беше од 2005.

– Јас не гледам како ќе можеме да ги отвориме вратите ако не се прифати договорот. Вратите се отвораат со договорот. Без договорот, вратите не се отвораат. Не сум фаталист, но може да трае, знаете, може да трае… Затоа сметам дека ова е одговорност за судбината на земјата и зависи од гласањето во Собранието. Тоа е тоа, вели Аселборн во изјавата дадена за МИА.

Повик да се спроведе Договорот со Грција и македонското Собрание да ги усвои уставните амандмани кои произлегуваат од Договорот  вчера упатија и Германија, Италија, Франција и Канада.

Портпаролот на канцеларката Ангела Меркел, Штефан Зајберт изјави дека големата поддршка на референдумот е причина повеќе за продолжување на Договорот, иако излезноста била мала. Според Зајберт, важно е да се продолжи со поддршката на спроведување на Договорот, кој, како што рече, претставува историска можност за надминување на една пречка во односите на Македонија со НАТО и ЕУ.

Франција го поздрави фактот што големо мнозинство од излезените гласачи искажале поддршка за Спогодбата од Преспа и за приближувањето на земјата кон Атлантската алијанса и Европската унија.

– Сега Парламентот треба да се произнесе за уставните амандмани во врска со спроведувањето на Спогодбата, а врз основа на резултатот од референдумот, истакна портпаролката на Министерството за Европа и надворешни работи на Франција, Ањес фон дер Мил во изјава што ја пренесе Амбасадата на Франција во Скопје.

Италија дава целосна поддршка за евроатлантскиот пат на регионот и се надева дека Парламентот ќе ги одобри уставните промени предвидени во Договорот, е пораката што ја упати италијанското Министерство за надворешни работи.

И шефицата на австриската дипломатија Карин Кнајсел смета дека и покрај неуспехот на референдумот за името на Македонија, пред се, заради слабиот одзив на гласачите, изјаснувањето во неделата покажало „јасен сигнал за поддршка“ на решението за спорот околу името со Грција.

Со реакција вчера се јави и руското Министерство за надворешни работи во која се вели дека резултатот од референдумот во Македонија покажува дека гласачите одлучиле да бојкотираат решенија наметнати од надвор.

– Водечките политичари од НАТО и Европската Унија директно се вклучија во пропагадната кампања, не воздржувајќи се од мешање во внатрешните работи на земјата. И покрај фактот што две третини од граѓаните на Македонија не го поддржаа  Преспанскиот договор, резултатите од референдумот веднаш беа поздравени од лидерите на ЕУ и НАТО, како и од Вашингтон. Тие се решени да го вклучат Скопје во НАТО и покрај спротивниот став на македонските граѓани, наведоа од МНР на Русија. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ