Собранието денеска ќе ја продолжи 46. седница, која вчера беше прекината, откако пратениците го усвоија Законот за енергетика.
Предлог на закон за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка е на дневен ред на денешната седница.
На дневен ред се и дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за електронско управување, дополнет предлог на закон за изменување на Законот за заштита на природата и дополнет предлог на закон за изменување на Законот за животната средина, сите во второ читање.
Пратениците ќе расправаат и за годишните извештаите за работата во 2017 година на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите, на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, на Агенцијата за администрација, на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. (МИА)