Пратениците во Собранието утринава го изгласаа Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик и Предлог-законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени.
Во измените на законот влезе и промената на гласачките места во 5 и 6 изборна единица, по барање на ДУИ, со што Дебар и Маврово-Ростуше од 6 влегуваат во 5 избора единица.