• Latest

Собранието повторно го изгласа Законот за ратификација на договорот со Грција

July 5, 2018

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Собранието повторно го изгласа Законот за ратификација на договорот со Грција

July 5, 2018 12:24
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Македонија денеска со 69 гласови „за“ и еден воздржан повторно го изгласа Законот за ратификација на Договорот со Грција за спорот за името, откако на 20 јуни истиот беше усвоен, но претседателот на државата Ѓорѓе Иванов го врати без да го потпише.

Опозицијата, за која договорот е капитулантски чин, исто како и минатиот пат, не беше присутна на повторното гласање.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров во обраќањето пред пратениците, се осврна на укажувањата од претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише Законот.

Рече дека посебноста на македонскиот идентитет и јазик согласно Спогодбата не се загрозени.

– Конечната спогодба не само што не го загрозува македонскиот идентитет туку и го реафирмира и го зацрвстува како никогаш досега. Во пракса договорот ќе донесе етаблирање на идентитетот и ќе ја надмине вечната борба за јазикот, идентитетот, ќе влеземе во ЕУ, ќе се печатат документи на македонски јазик со македонски превод, рече Димитров.

Тој рече дека по ова гласање, согласно законите, претседателот е должен да го потпише указот.

Димитров, во забелешките од Иванов дека меѓународни договори потпишува само претседателот на државата, рече дека меѓународни договори во име на Република Македонија може да склучи и Владата на РМ.

Како ислустрација посочи дека според евиденцијата на МНР, од независноста до денес, Собранието ратификувало 897 меѓународни договори, а од нив само пет склучил претседател на РМ. Повика правилно и вистински да се толкува членот 3 за меѓународни договори, кој може да склучува меѓународни договори во името на РМ.

За него е неточна забелешката од претседателот на државата, дека спогодбата шири страв и оти ја доведува Македонија во состојба на потчинетост кон Грција.

Тоа, како што кажа, е целосно правно неиздржано, бидејќи РМ презела обврска да членува во ОН и да ја потпише Времената спогодба од 1995. Додаде дека Спогодбата со Грција отвора врати на земјава за членство кон ЕУ и НАТО и тоа само ја потврдува „нашата независност и нашата држава“.

– Со преговорите досега Македонија беше во услови на зависност. Спогодбата де факто не извлекува од таа зависност и не носи во услови на независност. Време е да се најдеме на интересите на татковината и сите заедно мора да бидеме сплотени за татковинските интереси, заклучи Димитров.

Пратеникот од Коалицијата предводена од СДСМ Ферид Мухиќ, рече дека денеска нема да гласа против, туку воздржано.

Според него, самиот услов за промена на името и на Уставот е флагрантно кршење на Повелбата на ОН и на меѓународното право, и оти станува збор за преседан, каде што никој досега не барал од една суверена држава промена на име и Устав.

– Ова кршење на повелбата мора да се нотира, гласот на овој народ мора да се слушне и светот мора да знае на што се принудени народот и државата со оваа спогодба, рече Мухиќ.

Според него, со спогодбата „се создава погрешен впечаток дека сме украле нешто туѓо, дека сме фатени во таа кражба и оти со каење го враќаме на вистинскиот сопсветник и тој е подготвен да ни прости“.

Мухиќ ја цитираше германската канцеларка Ангела Меркел, според која, „националното достоинство не може да биде предмет на никаков компромис“.

Законот за ратификација на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните во трето читање беше единствена точка на дневениот ред на 54. собраниска седница.

Собранието го ратификуваше Договорот за решението за спорот за името на 20 јуни со 69 гласа „за“ и без против и воздржани. Истиот ден тој беше потпишан од страна на Џафери и испратен до Кабинетот на Иванов, кој како што најави го врати законот во предвидениот рок без да го потпише Указот.

Минатата недела во Собранието на РМ беше доставена одлуката на претседателот на државата со која тој информира дека нема да го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Kонечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на ОН, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните.

Претседателот на Собранието Џафери најави дека по прегласувањето ќе го испрати законот во Службен весник на РМ со еден потпис, а исто така ќе постапи и за Законот за употреба на јазиците, чиј указ Иванов не го потпиша

Договорот за решавање на спорот за името помеѓу Македонија и Грција го потпишаа шефовите на дипломатиите на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас на 17 јуни во Псарадес, на грчката страна на Преспанското Eзеро. На потпишувањето присуствуваа и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, медијаторот на ОН во спорот со името Метју Нимиц, потсекретарката за политички прашања на Светската органзиација Розмари Ди Карло, високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на ЕУ Јоханес Хан.

Според договорот, официјално име на државата ќе биде Република Северна Македонија или Северна Македонија (скратено име).

Со договорот се признава – македонски јазик, дел од група јужнословенски јазици. За државјанство е предвидено: Македонско/граѓанин на Република Северна Македонија – во сите патни документи.

Имплементацијата на договорот ќе се случува етапно. Ќе стапи во сила откако двете страни ќе го прифатат согласно внатрешни процедури, но доколку која било од страните не го прифати договорот согласно внатрешните процедури тоа ќе значи дека договорот не важи.

Конечниот збор за договорот ќе го имаат македонските граѓани на референдум, најавен за наесен. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Грцијаизгласаратификација на Договорот за иметоСобрание
Share51Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ