• Latest

Собранието расправа за Националната стратегија за спречување на корупцијата

April 13, 2021
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието расправа за Националната стратегија за спречување на корупцијата

April 13, 2021 15:28
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието, во рамките од денешниот дел од работата по дневниот ред на 32-та седница, ја започна расправата за Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025. Расправата ќе продолжи по редовната едночасовна пауза.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска посочи дека корупцијата ја поткопува довербата во институциите на системот и ефикасното користење на јавните ресурси и претставува закана за демократијата и остварувањето на човековите права, а нејзините негативни ефекти се огромни.

Петгодишната Национална стратегија што ја изработи ДКСК, како што рече во обраќањето пред пратениците, е прв документ од областа на борбата против корупцијата што се усвојува на највисоко ниво, односно во Собранието и во него се детектирани 12 секторски приоритетни проблеми меѓу кои правосудството, медиумите, вработувањето во јавниот сектор, процесот на јавни набавки, спроведувањето на надлежностите во јавниот сектор…

„Усвојувањето на стратегијата од страна на Собранието ја потврдува сериозноста на проблемот со корупцијата и потребата од вклучување на сите засегнати страни. Успешната антикорупциска политика е дел и од процесот на евроинтеграции, а стратегијата е темел за унапредување на законската рамка и преземање на реформски активности. ДКСК примени широк, инклузивен и транспарентен процес во подготовката и изработката на стратегијата со учество на претставници на државни органи, институции, здруженија, фондации, приватен сектор, медиуми, но и претставници од Делегацијата на Европската Унија, ОБСЕ, РАИ и ИРИ“, рече Ивановска и додаде за подготовката, што е направена со средства од УСАИД, ДКСК одвоила околу пет месеци.

Стратегијата, потенцира, е заснована на реални процеси и цели кои треба да резултираат со континуирано намалување на корупцијата, а нејзината имплементација, како што рече, ќе испрати силна порака до македонското општество дека борбата против корупцијата конечно се остварува.

„Затоа овој документ треба да биде високо на агендата на институциите вклучени во неговата имплементација. Во стратегијата се дијагностицирани и селектирани приоритетните проблеми кои генерираат висок ризик од корупција и се идентификувани мерки за нивно надминување“, појасни Ивановска.

Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ во својот говор посочи дека стратегијата е солиден и сеопфатен документ, но, како што рече, ќе создаде само визија доколку не се пристапи кон санкционирање. Контролни и надлежни механизми за спречување на корупцијата во државата има, додаде, но воопшто не се применуваат.

„Шокантно е што во 2021 година немаме единствен регистар на јавните претпријатија. Нашата реалност е пропаднати јавни претпријатија и збогатени членови на управни и надзорни одбори. Државата го окупира и медиумскиот простор, а наместо јакнење на човечките и материјалните ресурси во надлежните тела се шири бројот на советнички места чиј интегритет се крие и не се објавува“, рече Силјановска.

Нејзиниот сопартиец Владо Мисајловски порача дека е најважна имплементацијата на стратегијата и истакна дека доколку власта сака тоа да биде успешно треба да се откаже од се што било лошо во изминатиот период.

„Нема тендер што не е наместен. Не треба само да се носат стратегии и планови затоа што се законска обврска, туку тие треба и да се спроведуваат“, рече Мисајловски и додаде дека за овие четири години речиси и да нема отворен предмет за, како што истакна, партиските вработувања кои ги спроведува СДСМ.

Павле Трајанов од ДС во реплика побара да се формира Агенција за борба против тешката корупција и во изборот на нејзиниот директор власта да нема никако влијание и таа да ги покрива сите јавни набавки над 5.000 евра.

„Власта по дифолт сама себе не се казнува и затоа треба да има независно тело што ќе ја контролира“, рече Трајанов.

Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ, пак, посочи дека за разлика од 2016 и 2017 година, сега земјава има пад за 21 место на индексот на корупција на Транспаренси интернешнл и е рангирана на 111-то место. Тоа е така зашто, како што посочи, нема ден да нема корупциски скандал и за нив нема никакво правно решение. Затоа, додаде, треба да има зголемување на надлежностите на ДКСК, а не комисијата да не биде надлежна за 90 отсто од корупцијата.

„Надлежноста за борбата против корупцијата и во стратегијата ја зема ДКСК, но не и вицепремиерот Љупчо Николовски кој одлучува, но не е надлежен и не е спомнат во стратегијата“, рече Стојановски.

Игор Здравковски од истата партија во својот говор рече дека ја поддржува стратегијата, но смета дека е недоречена во завршниот дел и, како што рече, во државата многу често се донесуваат слични документи кои доаѓаат до некаде и ги детектираат проблемите и немаат завршен удар за нивно елиминирање.

„Во стратегијата нема конкретни мерки што би се презеле зошто вие имате ограничена надлежност. Затоа како законодавци треба да изгласаме измени и да ви овозможиме да изрекувате драконски казни“, и порача Здравковски на претседателката на ДКСК.

Пред да ја даде редовната поладневна пауза претседателот на Собранието Талат Џафери на пратениците им порача дека денеска не случајно во 12:45 часот побарал пребројување на присутните пратеници во салата.

„Не случајно побарав да се пребројат пратениците. Во 12:45 пребројавме 49 пратеници во сала за седница свикана во 12:00. Во 14:15 го повлеков списокот за проверка на потписи. Се потпишале 101 пратеник, а во моментов заедно со оние што излегоа во меѓувреме бевме 56 пратеници. Да знаете јавно дека ве бројам и списоците ќе се објават. Членот 29 од Dеловникот не обврзува за присуство, учество и одлучување, а ние осум месеци се расправаме дали имаме или немаме кворум и дека кворумот и припаѓа само на едната страна и не е обврска на другата страна. Објавувате некои договори за деблокада на Собранието, а потоа дополнително објавувате ова ќе повлечеме, ова нема да повлечеме. Или сме деблокирани или не сме деблокирани сакам јавно да ви кажам како претседател зашто цело време слушам дека топката е кај претседателот на Собранието“, рече Џафери.

Потоа објави пауза по која, како што рече, ќе претседава потпретседателот на Собранието, а прв говорник ќе биде пратеникот Панчо Минов.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ