• Latest

Собранието со консензус го донесе дополнетиот закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

January 27, 2021
Скриншот од снимка на која севернокорејските војници наводно помагаат во директен оган врз Украина, 16 октомври. Фото:Генерал штаб на Украина

Ажурирани  вести од војната во Украина: Севернокорејски војници ја гранатираат Сумската област, деокупирани 180 квадратни километри во Покровск, украински дронови погодија руска рафинерија во Саратовската област

October 16, 2025
Мирослав Јовановиќ (Фото: Д. Муратов/ЦИВИЛ)

Дали демократијата ја исцрпи својата суштина?

October 16, 2025
Политичкиот аналитичар Бесим Небиу на панел дискусијата на ЦИВИЛ: „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Небиу: Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем – тоа е трошок

October 16, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Два дена до изборниот молк – политичко насилство, напади, навреди, ветувања, засилена руска пропаганда во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025
Креирано со помош на ВИ

Извештај на ЦИВИЛ: Засилена френвенција на руските пропагандни наративи во македонските медиуми пред изборите

October 16, 2025

„Политичко насилство“ во Куманово: Кандидат на ЗНАМ нападнал членови на штабот на СДСМ!

October 16, 2025
Професор Александар Љ. Спасов, панел дискусија „Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија“(Фото: ЦИВИЛ)

Спасов: Ако сакаме интегритет на изборниот процес, време е да се надминат тесно партиските интереси

October 16, 2025
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Собранието со консензус го донесе дополнетиот закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство

January 27, 2021 15:41
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на денешната 32. седница со консензус го донесе дополнетиот Предлог на закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Исто така пратениците со 50 гласа „за“ и 23 „воздржани“ го донесоа Дополнетиот предлог на Закон за рамномерен регионален развој. За двата закони на претходните продолженија на пленарната седница заврши расправата.

Дополнетиот предлог на Закон за рамномерен регионален развој е донесен со поддршка на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која беше во салата и гласаше воздржано. Никола Мицевски, координатор на пратеничката група рече дека тие ќе гласаат воздржано со што ќе се овозможи донесување на законот, истакнувајќи дека за овој закон се прифатени три нивни амандмани со што е одобрено законското решение.

Собранието имаше кворум за работа, но владејачкото мнозинство немаше доволен број пратеници за гласање така што за дел од законските решенија и извештаите за кои заврши рассправата ќе се гласа дополнително.

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2019 година Зоран Трајчевски пред пратениците рече дека Владата од формално-правен аспект нема право да дава мислење за работата на АВМУ, и дека клучни нивни активности во 2019 година биле следењето на изборната кампања, организација на Денови на медиумска писменост, и активностите што ги имаше АВМУ поврзани со проблемите и начинот на функционирање на 1ТВ.

-Формално – правно Агенцијата дава отчет пред Собранието и Владата не е таа која дава мислење. Таа пракса се обиде да ја наруши Владата последен пат 2017 година и престана. Еве две години подоцна повторно продолжува со истата пракса. За содржината на самото мислење, кое што кажува дека е негативно во однос на почитувањето и спроведувањето на член 143 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, сакам да нагласам дека ставот и активностите, позициите на Агенцијата во однос на член 143 се јавно изнесени и Агенцијата регираше минатата година кога неколку секунди пред распуштање на претходниот состав Собранието во десетина секунди направи чудна измена на член 143. Нашиот став е идентичен со одлуката на Уставниот суд. Најмалку што очекував е дека Владата по одлуката на Уставниот суд во декември минатата година, ќе го повлече барањето бидејќи на ваков начин мислењето на Владата е спротивно на одлуката на Уставниот суд, истакна Трајчевски.

Директорот на Државниот завод за ревизија Максим Ацевски го презентираше Извештајот за 2019 годин потенцирајќи дека таа година се извршени 54 ревизии, објавени се 90 ревизорски извештаи и контактирано е со 174 субјекти, што споредено со претходниот период е зголемување.

Седницата беше прекината по разгледување на годишни извештаи на неколку државни институии. Претседателот на Собранието ја прекина 32. Седница а продолжението ќе биде дополнително закажано. Утре во 11 часот ќе се одржи редовната седница за поставување пратенички прашања./МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ