• Latest

Собраниска хроника: Законот за организација и работа на органите на државната управа ќе се носи по скратена постапка

June 7, 2024
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собраниска хроника: Законот за организација и работа на органите на државната управа ќе се носи по скратена постапка

June 7, 2024 17:38
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

За  измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа, што ги предложи мандатарот Христијан Мицкоски, треба да заседаваат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците како матично работно тело и Законодавно-правната комисија, откако денеска Собранието го прифати неговиот предлог да се носат по скратена постапка. Седницата на Комисијата за политички систем е закажана за вечерва во 18 часот, објави државната новинска агенција МИА.

При утврдување на дневниот ред на втората седница на Собранието, поддршка законот да се носи по скратена постапка дадоа 74 пратеници, а против беа 24. Повлекување на предложените измени побараа пратениците од Левица и од СДСМ со образложение дека вакви системски закони не смеат да се носат по скратена постапка.

Мицкоски, кој од вчера е и мандатар за состав на новата влада, барајќи поддршка за законските измени, рече дека се потребни поради реформи во администрацијата и со цел да се решат реалните проблеми на граѓаните со ефикасни политики и одлуки кои ќе донесат подобар животен стандард, повисоки плати, пензии, подобро образование, ефикасна социјална заштита, развиена економија и земјоделие.

– За да го направиме ова ни треба добра организација на владата, рече Мицксоки.

Тој го поднесе законот во скратена постапка, врз основа на член 71 став 1 од Уставот и членовите 139, 144  и 175 од Деловникот на Собранието.

Мицкоски побара поддршка од сите пратеници во име на, како што рече, поддршката што ја добивме на изборите и во име на реформите кои што мора да ги направиме.

– Коалицијата „За твоја Македонија“ се обврза да преземе активности со цел преиспитување и рационализација на поставеноста на органите на државната управа со можност за спојување или укинување на одредени државни органи. Денес и тоа го правиме преку овој Предлог за измени на Законот, при што очекувам да бидат усвоени во најкраток можен рок согласно деловничките можности, рече Мицкоски.

Според Предлогот, на Министерството за економија ќе му биде додаден сегментот труд, а досегашното Министерството за труд и социјална политика ќе биде министерство за социјална политика, демографија и млади.

Агенцијата за млади и спорт нема да постои и ќе има посебно министерство за спорт.

Дел од надлежностите кои ги имаше досега министерството за економија во делот на рударството и енергетиката ќе бидат дел од надлежностите на ново министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, ингеренциите за туризмот ќе ги има ново министерството за култура и туризам.

Меѓу останатото, ќе се формира и министерство за дигитализација кое ќе ги наследи обврските ба досегашното министерство за информатичка технологија и администрација, а ново ќе биде и министерството за администрација.

На втората седница на новиот законодавен дом беа верификувани мандатите на пратениците Аднан Азизи и Имрлије Салиу-Фетаи од Коалицијата „Вреди“ и прифатен Извештајот на Верификациската комисија која претходно на седница утврди дека нема основ за оспорување на верификацијата на нивните мандати. Азизи е пратеник на местото на тетовскиот градоначалник Билал Касами, чиј мандат на негово барање не беше верификуван на конститутивната седница, а Салиу-Фетаи доби пратенички мандат по прегласување на неколку избирачки места на 22 минатиот месец во Шестата изборна единица.

Пратениците ја усвоија и одлуката за избор на претседатели, заменици претседатели, членови и нивни заменици на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно правната комисија. Александар Велјановски е претседател на Комисијата за политички систем, а Љупчо Пренџов на Законодавно-правната комисија.

Во процедурално обраќање на седницата, пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, праша зошто претседателот на Собранието Африм Гаши не го ставил како точка на дневен ред барањето што го достави Левица да се констатира престанок на мандатот на пратеникот Талат Џафери поради неспоивост на функцијата премиер и пратеник.

Гаши одговори дека барањето го примил на 4 јуни и веднаш го препратил до сите пратеници, но не и до собраниската Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања, бидејќи составот сè уште не и е избран.

-Во однос на содржината на барањето ви укажувам дека Собранието не може да постапи, бидејќи ова барање не е документ по кој ова Собрание може да констатира престанок на мандатот на Талат Џафери, рече Гаши.

МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ