• Latest

Собраниската расправа за Националната стратегија за спречување на корупцијата продолжува утре

April 13, 2021

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025

24 ЧАСА: Лидерски самит ЕУ-Западен Балкан во Скопје; Трамп му порача на Маск да ја затвори продавницата и да се врати дома во Јужна Африка; национализмот ја надвладеа борбата против корупцијата во Србија; растат тензиите меѓу Баку и Москва 

July 1, 2025

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

July 1, 2025

СДСМ алармира – нема лекови на Онкологија, Клековски смирува: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

July 1, 2025

Од Голема блокада до Голема Србија

July 1, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

РЕАКЦИИ: Поддршка за студентите во блокада – време е Вучиќ да падне

July 1, 2025
Фотомонтажа; Скриншот од Влада на РСМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на владата во текот на првата година?

July 1, 2025

За Кос членството во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, Мицкоски очекува секаков инженеринг во ЕП

July 1, 2025
Фото: Скринчот од вифро на каналот Астра на Х

Украински дронови „со хируршка прецизност“ нападнаа руска фабрика на 1.300 км оддалеченост, на Крим уништени скапи руски системи за воздушна одбрана 

July 1, 2025

Самит на ЕУ и Западен Балкан: Седумдесет и пет отсто од договорените реформи со земјите од региoнот се или имплементирани или се во тек

July 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собраниската расправа за Националната стратегија за спречување на корупцијата продолжува утре

April 13, 2021 19:22
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската расправа по Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интерес 2021-2025 ќе продолжи утре. Попладнево, седницата беше прекината, а потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, најави дека ќе продолжи утре како што е договорено на координацијата со претставниците на пратеничките групи.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во текот на денешната расправа рекоа дека ќе го поддржат носењето на Стратегијата, бидејќи таа е важна за државата и од нејзините резултати ќе зависи и напредокот во евроинтеграциите, но изразија сомнеж во капацитетот на власта за нејзино спроведување.

За пратениците од власта, ова е вистинска стратегија во вистинско време, а нејзината имплементација зависи од сите.

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска, пред пратениците, посочи дека петгодишната Национална стратегија што ја изработи ДКСК е прв документ од областа на борбата против корупцијата што се усвојува на највисоко ниво, и во него се детектирани 12 секторски приоритетни проблеми меѓу кои правосудството, медиумите, вработувањето во јавниот сектор, процесот на јавни набавки, спроведувањето на надлежностите во јавниот сектор…

-Успешната антикорупциска политика е дел и од процесот на евроинтеграции, а стратегијата е темел за унапредување на законската рамка и преземање на реформски активности. ДКСК примени широк, инклузивен и транспарентен процес во подготовката и изработката на стратегијата со учество на претставници на државни органи, институции, здруженија, фондации, приватен сектор, медиуми, но и претставници од Делегацијата на Европската Унија, ОБСЕ, РАИ и ИРИ, рече Ивановска.

Стратегијата, потенцира Ивановска, е заснована на реални процеси и цели кои треба да резултираат со континуирано намалување на корупцијата, а нејзината имплементација, како што рече, ќе испрати силна порака до македонското општество дека борбата против корупцијата конечно се остварува.

Пратеникот Марко Костовски од СДСМ, порача дека ова е вистински закон во вистинско време и дека имплементацијата на Стратегијата зависи од сите подеднакво.

Според пратеничката Соња Михаиловска од СДСМ, за првпат има оценки дека Антикорупциската комисија не е под закрила на власта.

– Сега е време за ред, правда и дисциплина. Сега е време надлежните институции, судовите, обвинителствата да испорачаат правда за сите отворени предмети, особено за оние кои се однесуваат на висока корупција. Борбата против корупцијата мора да продолжи со засилено темпо на сите нивоа во државата, без разлика на партиската припадност. Нема недопирливи, секој ќе одговара за своите дела, изјави Михаиловска.

Според пратеничката Марија Петрушевска од ВМРО-ДПМНЕ, усвојувањето на Стратегијата е важно за сите, бидејќи таа е во согласност со претпристапните преговори и во зависност од резултатите кои ќе се испорачаат во тој дел, ќе зависи и напредокот на земјата на евроинтеграцискиот пат.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Сервилност или велемајсторски дипломатски потег – дали Руте последен се смее

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за настапот на претседателката на Самитот на НАТО?

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ