• Latest
Јаким Неделков, СОНК / фото: МИА

СОНК не отстапува, утре училиштата штрајкуваат, Неделков не прифаќа одговорност за евентуални ризици за безбедноста и здравјето на учениците

September 1, 2019

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СОНК не отстапува, утре училиштата штрајкуваат, Неделков не прифаќа одговорност за евентуални ризици за безбедноста и здравјето на учениците

September 1, 2019 13:43
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Јаким Неделков, СОНК / фото: МИА

Јаким Неделков, СОНК / фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Синдикатот за образование, наука и култура-СОНК утре ќе организира предупредувачки штрајк во сите основни и средни училишта во земјава затоа што, како што рече претседателот Јаким Неделков, до денеска со МОН не е постигнат договор. Одлуката за штрајк на првиот училиштен ден СОНК ја донесе на 23 август затоа што не се согласува покачувањето на платите на наставниците да биде 5 проценти, туку за онолку колку што е зголемена минималната плата во државата, односно до 25 проценти.

И покрај апелот на ресорниот министер Арбер Адеми утре настава да има, Неделков на прес-конференција подоцна соопшти дека е дефинитивна нивната одлука за предупредувачки штрајк утре, а настава ќе има од вторник. СОНК овој месец ќе очекува преговори со МОН за да најдат заемно прифатливо решение, а ако го нема до крајот на месецов, можно е да организира генерален штрајк.

„Нашиот синдикат утре ќе штрајкува. Нашите членови и сите други кои не се наши членови, а сакаат да се приклучат кон штрајкот, ќе бидат во штрајк. Тоа значи дека ќе одат на работа, ќе бидат во просторија одредена за штрајк, но нема да ги извршуваат воспитно-образовните обврски и нема да ги прифаќаат учениците дојдени на училиште“ – рече Неделков и побара поддршка и од родителите, а во однос на нивната збунетост дали утре да ги пратат децата на училиште, одговори дека не е надлежност на СОНК, туку на училиштата да укажуваат или апелираат дали да доаѓаат или да не. Притоа праша која е причината учениците утре да дојдат, ако не бидат прифатени од наставниците и нагласи дека СОНК нема да биде одговорен ако се случи некоја несакана последица за здравјето и безбедноста на учениците.

Неделков рече дека е зачуден и од локалните самоуправи кои за утре најавуваат приредби и свечености за првачињата како за нормално почнување на учебната година, а нивни извори, како што рече, им кажуваат дека се вршат притисоци врз наставници кои телефонски се повикуват утре да ги прифаќаат учениците.

„Вршењето притисок врз слободната волја на оној што решил да штрајкува е кривично дело и законски се казнува. До сите надлежни кои ќе се обидат да го опструираат или, условно речено, да го задушат штрајкот, апелирам да се преиспитаат и да не го прават тоа, зашто ако имаме материјални докази за таква работа, ќе поведеме кривични постапки“ – рече Неделков.

Министерот Адеми претходно на прес-конференција ги повика директорите и наставниците да се подготват за утре да почне новата учебна 2019/2020 година. Напомена дека се на иста страна со СОНК кога е во прашање материјалниот статус на наставниците и му порача на Синдикатот дека не се штрајкува кога има одлука за покачување од 5 проценти. Рече дека за 10,8 проценти е зголемена платата на вработените во основните и средните училишта од август 2018 година, со покачувањето од 5 проценти ланскиот септември и за нови пет отсто овој септември.

извор: МИА

Share114Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ