• Latest
Јаким Неделков, СОНК / фото: МИА

СОНК, не ве разбирам!

September 2, 2019

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

СОНК, не ве разбирам!

Секако дека ќе ве разберев своите барања за поголеми плати да го направевте во текот на летото со собири пред ресорното министерство или владата. Вака ме разочаравте и не само мене, верувајте, многумина се разочарани. За среќа, меѓу разочараните од постапката на СОНК има и многу просветни работници кои чесно и достоинствено ќе си го одработат првиот училиштен ден.

September 2, 2019 09:31
in БЛИЦ, СЛОБОДНА ЗОНА
Јаким Неделков, СОНК / фото: МИА

Јаким Неделков, СОНК / фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВЕЛИН СТОЈАНОВСКИ

Во предвечерието на почетокот на школската година читам дека СОНК ќе штрајкува на првиот училиштен ден од оваа учебна година. Читам и не можам да поверувам дека тоа навистина ќе се случи. Почитувани просветители од СОНК, јас не можам да ве разберам, зарем вие, во чии раце и ум е образованието на нашите идни генерации, одлучивте да го уништите сонот за првиот училиштен ден на новите првачиња?

Не можам да ве разберам, затоа што додека вие, во овие доцни часови, мислите на зголемување на вашите финансии, во многу домови децата сонуваат за првиот училиштен ден. Ве молам, дали можете да ми кажете со што ви згрешија тие невини и недолжни мали деца за да им го уништите нивниот сон за кој со денови мечтаат?

Не знам дали вие се сеќавате на вашиот прв училиштен ден, но јас и после повеќе од половина век, сѐ уште добро го помнам моето прво влегување во големата училница и средбата со првиот учител и другарчињата со кои зачекоривме во полето по кое собиравме знаење. На тој пат, цели две декади поминав во школските клупи, ама првиот училиштен ден го помнам како што ги помнам и деновите кога завршував одреден степен на образование.

Јас го помнам првиот училиштен ден по средбата со вистински педагог кој на почетокот на првиот час нѐ научи да кажеме добро утро, а потоа ни рече: „од денес заедно ќе учиме да читаме, пишуваме и сметаме“. На крајот од денот, нè научи да си кажеме „довидување“.

Ќе ве молам, по што ќе го помнат првиот ден учениците кои утре ќе влезат во училница во која нема учител да им посака добредојде?

Секако дека ќе ве разберев своите барања за поголеми плати да го направевте во текот на летото со собири пред ресорното министерство или владата. Вака ме разочаравте и не само мене, верувајте, многумина се разочарани. За среќа, меѓу разочараните од постапката на СОНК има и многу просветни работници кои чесно и достоинствено ќе си го одработат првиот училиштен ден.

Наместо повикот за штрајк, колку поубаво ќе беше вие како синдикат да излезете со нови идеи и да ни кажете дека благодарение на синдикатот е направено подобрување на образовниот систем. Дека, токму вие од синдикатот предложивте, а министерството прифатило оценувањето во основно образование да се врши описно односно одреден ученик по одреден предмет наместо бројка да добие описно ги надминува стандардите или ги исполнува односно не ги исполнува стандардите од тој предмет.

Колку подобро ќе беше наместо овие нервози што ги предизвикавте кај родителите со играта „има штрајк – нема штрајк“ да им пратевте книга во која ќе стојат стандардите што очекувате дека нивното дете треба да ги исполни во текот на учебната година.

Сето тоа поделено по квартали и по предмети така да тие ќе знаат што треба нивното дете да научи во одреден период по одреден предмет. Сето тоа требаше да го подготвите и конечно да го вратиме образованието на вистински правец. Вака вие барате поголеми плати, а образованието да остане исто затоа што на вас ќе ви биде полесно ако нема стандарди и не се знае што треба да знаат учениците.

Токму од вас во синдикатот требаше да се покрене иницијатива за спроведување на таканаречениот ветинг и кај персоналот во образованието.

Наместо заклучок, би сакал со вас од СОНК да споделам едно пријатно искуство што го имав при посета на едно училиште во една западна држава, каде што образованието е рангирано многу повисоко од нашето. Во тоа училиште, наставниците не ги чекаат учениците во училница туку ги прифаќаат од автомобилите на родителите и ги водат до влезот. Еден ден, врнеше толку силно, а наставниците предводени од директорот на училиштето, ги прифаќаа децата, ги засолнуваа под нивните чадори и ги водеа до влезот.

Кај нас учителите и директорите во такви услови си седат во канцелариите, пијат кафе и се жалат на условите за работа.

За малку ќе заборавев да ви кажам, таму учениците се во училиштето од 08.30 до 16.00 часот, а кај нас и самите знаете дека имаат само по четири часа настава.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share290TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ