• Latest

СОНК: Штрајкот почнува утре и ќе трае се додека не се изнајде прифатливо решение за двете страни

April 10, 2022
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар да ги смири протестите на Генерацијата Z, демонстрантите го отфрлиja назначувањето

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025

Од бугарски ‘куфери со пари’ до УСБ стик – нови лаги на ВМРО-ДПМНЕ за Заев

October 7, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет (9 октомври, ден 2, целосна програма)

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Partizán

Полска и Литванија го отфрлаат тврдењето на Меркел дека ја поткопале политиката на ЕУ кон Русија, го критикуваат нејзиното зближување со Путин

October 7, 2025
Фото: ССМ

ССМ: Нема достоинствена работа без достоинствени плати

October 7, 2025

Скопје домаќин на меѓународна конференција за одбрана на демократијата, зајакнување на отпорноста, заштита на демократските институции и изборните процеси (целосна програма)

October 7, 2025
Фото: Топ чанел

Убиство во судница во Тирана: Судија Калаја застрелан, три лица уапсени

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

СОНК: Штрајкот почнува утре и ќе трае се додека не се изнајде прифатливо решение за двете страни

Неделков нагласи дека СОНК нема да ги затвори училиштата и градинките, но нема да изведува воспитно – образовна и згрижувачка дејност и ќе биде во штрајк, а одговорноста за обезбедување минимум услови за функционирање на установите, како и за прифаќање на децата, како што кажа, ќе имаат директорите.

April 10, 2022 13:50
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Штрајкот на СОНК почнува утре, ќе се одвива во сите установи на национално ниво во дејностите детска заштита – градинки, во основните и средните училишта, како и во ученички и студентски домови и високообразовни институции кои по пат на солидарност ќе се приклучат на штрајкот. Штрајкот ќе се одвива со неизвршување на работните задачи на работното место и ќе трае се додека не се изнајде соодветно прифатливо решение за двете страни.

Како што информира претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков на денешната прес-конференција, оние што солидарно ќе се приклучат на штрајкот веќе имаат потпишано барање за пристапување кон штрајкот за што се известени и соодветните работодавачи.

-За жал, до денес немаме позитивни резултати во однос на нашите барања. Со оглед на тоа што одлуката за штрајк е донесена со огромен број на мнозинство на наши членови неминовно е штрајкот да започне во текот на утрешниот ден како што е и најавено. Штрајкот ќе се одвива со неизвршување на работните задачи на работното место, односно штрајкувачите ќе бидат сместени во простории кои заеднички ќе ги договорат со директорите на установите и нема да ги извршуваат своите воспитно – образовни и згрижувачки дејности. Апелирам до Владата што побрзо да не повика на разговори и што побрзо да најдеме взаемно прифатливо решение и да почне редовната настава. Во спротивно целата одговорност зошто учениците немаат основно загарантирано право на образование ќе падне на ресорните министерства и на Владата, рече Неделков.

Тој нагласи дека СОНК нема да ги затвори училиштата и градинките, но нема да изведува воспитно – образовна и згрижувачка дејност и ќе биде во штрајк, а одговорноста за обезбедување минимум услови за функционирање на установите, како и за прифаќање на децата, како што кажа, ќе имаат директорите.

-Никој нема право да ги присилува штрајкувачите да прифаќаат, да згрижуваат и да воспитуваат деца. Покрај тоа, времено ќе бидат одложени и евентуалните наставнички совети, родителски средби, полагање на стручни испити, домашни, регионални, градски и државни натпревари на ученици и се што е поврзано со воспитание и згрижување на деца. Немаме никаква одговорноста ако децата дојдат на училиште или во градинка врз основа на згрижување, воспитание, образование и храна. Ние ќе бидеме во посебни простории. За таа намена можат да се употребат вработени кои евентуално нема да штрајкуваат по разни основи, појасни Неделков.

Информира дека во последниот период зачестиле притисоците, најмногу врз вработените во детските градинки, кои, како што посочи, по разни основи се приморуваат  утре сите да бидат на своите работни места и да функционираат и работат како да нема штрајк.

-Одлуката на Советот на СОНК за штрајк е донесена едногласно врз основа на претходно известување на членовите на синдикалните организации и таа е извршна. Без разлика дали некој поединечно гласал за или против поддршка на штрајкот секој мора да штрајкува. Секој обид за оневозможување на штрајкот е сериозен прекршок кој е казнив по домашните закони, рече Неделков.

Правниот застапник на СОНК, адвокатката Верица Арсова појасни дека ќе бидат поднесени кривични пријави до сите што ќе го попречуваат штрајкот.

-Сакаме да им посочиме на директорите на училиштата да не си играат со штрајкувачите. Доколку некој од директорите на училиштата или надворешни лица се обидат да го спречат штрајкот против нив ќе бидат поднесени  соодветни кривични пријави до основните јавни обвинителства согласно член 156 од Кривичниот законик, согласно кој за попречување на правото на штрајк е предвидена парична казна или казна затвор до една година, рече Арсова.

За евентуалното вработување на привремени заменски работници кои ќе ги заменат оние што штрајкуваат, што е уредено со Закон донесен во 2014 година, Неделков рече дека Меѓународната организација на трудот побарала од Владата во 2017, 2018 и 2022 година да го тргнат ова законско решение и додала дека овие одредби се сериозна пречка за правото на штрајк.

-Досега не е ништо направено. Ова право го задржуваат директорите и основачите преку министерствата да вработуваат нови работници кои би ги замениле местата на штрајкувачите, порача Неделков.

Истакна дека не може да предвиди до кога ќе трае штрајкот и кога евентуално Светот на СОНК ќе донесе одлука за прекин на штрајкот или за евентуално ставање во мирување.

-Кога ќе биде тоа не зависи од нас. Ние би биле среќни уште утре да се случи и да најдеме заедничко решение. До сега немаме никаков предлог, но мора да имаме во предвид дека било каков предлог членството нема да прифати, рече Неделков и додаде дека ќе мора да ги викнат и да преговараат со нив.

Очекува, како што кажа, во текот на утрешниот ден или најдоцна до вторник да има средба со одговорните за да не прерасне штрајкот на СОНК во многу поголем и масовен штрајк во државата, бидејќи, посочи, и другите грански синдикати најавуваат порадикални мерки.

СОНК за утре најави генерален штрајк, бидејќи на средби со ресорните министерства и Владата не се договорија за исполнување на нивното барање за зголемување на платите во образовниот сектор за 18,4 проценти. Ова барање е со цел усогласување со порастот на минималната плата во државата од 15.199 на 18.000 денари што веќе стапи на сила.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ