• Latest

СОНК во првомајскиот проглас бара почитување на социјалниот дијалог и неотпуштање на работници

April 30, 2020
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

СОНК во првомајскиот проглас бара почитување на социјалниот дијалог и неотпуштање на работници

April 30, 2020 15:29
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) нема да се приклучи кон прославувањето на Меѓународниот ден на трудот, бидејќи, како што велат, состојбата на работниците во земјава не е за славење.

– Оваа година 1-ви мај во Македонија се одбележува во посебни услови, кога во светот и кај нас се прогласени вонредни услови од пандемија на вирусот COVID-19. Во вакви вонредни услови на живеење и работа, имаме и вонредни мерки предложени и усвоени од Владата, кои одат во правец на намалување на правата на работниците по однос на нивниот  социо-економски статус, како и правото на нормално живеење, работење, функционирање, се вели во првомајскиот проглас на СОНК.

Од Синдикатот посочуваат дека во повеќе наврати барале од Владата да ги преиспита своите одлуки и да ги повлече уредбите кои се однесуваат на намалување на платите на вработените во јавниот сектор и укинувањето на додатоците на плата.

– СОНК стои на својот став дека, дури и во вакви околности, односно и во вонредна состојба на државата, мора да се почитува правото на социјален дијалог и партнерство, особено кога се работи за вакви осетливи прашања, што се однесуваат на социјалната сигурност на работниците. Исто така, не смееме да го премолчиме фактот што веќе една година Комисијата за утврдување на репрезентативност избегнува да се состане и да утврди,согласно фактичката состојба, репрезентативност на национално ниво на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, истакнува синдикатот.

Од Владата бараат да се подигне социјалниот дијалог на највисоко ниво, да се обезбедат мерки со кои ќе се сведе на минимум отпуштањето на работниците и да ги разгледа предложените антикризни мерки од Конфедерацијата на слободни синдикати и Македонското здружение за заштита при работа. Се бара и да нема кратење на платите и додатоците на плата и да се искористат сите расположливи ресурси за да се најдат најсоодветни решенија за надминување на економската криза.

– СОНК е свесен за моменталната ситуација на државата, особено од аспект на нефункционирање на голем дел од приватниот сектор, што предизвикува отпуштање на работници од една страна, како и немање на капацитет за полнење на буџетот, од друга страна. Исто така, свесни сме дека оваа здравствена криза се преточува во светска економска криза, која несомнено нема да ја заобиколи и нашата држава. Од тие причини, уште еднаш укажуваме на сериозноста на овој проблем и потребата за консензус меѓу политичките субјекти во државата, во однос на изноѓање најдобри економски мерки и решенија, за што е можно побезболно да се надмине кризата. Секако и ние како синдикати се ставаме на располагање, со сиот наш капацитет, заедно здружени и единствени да помогнеме во ваквата ситуација, се вели во првомајскиот проглас на СОНК.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ