• Latest

Сопствениците на медиуми незаинтересирани да зборуваат за работничките права

August 21, 2020

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025

Злокобниот упад од 18 секунди и долгата сенка на руската хибридна војна против Европа

October 25, 2025

САД воведоа санкции врз колумбискиот претседател Густаво Петро и членовите на неговото семејство

October 25, 2025

Најмалку еден загинат, а 10 се повредени во руски балистички ракетен напад врз Кијив

October 25, 2025

Објава на Захарова на Телеграм, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Сопствениците на медиуми незаинтересирани да зборуваат за работничките права

August 21, 2020 12:22
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во месец јуни спроведе анкета меѓу вработените во медиумите за работните услови, платите и влијанието на корона пандемијата врз нивната работа. Клучните наоди од одговорите на вработените беа дека новинарите и медиумските работници имаат плата далеку под државниот просек, а дополнително се загрижени од неизвесноста за задржување на работното место и висината на приходите поради КОВИД 19 . Во двете анкети беа вклучени 150 новинари и медумски работници.

ССНМ направи и трета анкета меѓу сопствениците на медиумите. Беа испратени анкетни прашалници на 50 сопственици, но на прашањата одговорија само 5 . Да напоменеме дека анкетниот прашалник им беше доставен на газдите два пати, но тие не сметаа дека е неопходно да одговорат на прашања за работничките права и обврски во нивните медиуми. Ова е прва анкета во која беа прашани сопствениците на медиумите за статусот на вработените и влијанието на корона вирусот врз нивните организации .

Фактот што само пет од педесет испитаници одговориле на анкетата, доведува до неможност за донесување на релевантен заклучок за тоа како сопствениците на медиумите се справуваат со влијанието на пандемијата врз нивните вработени и медиумот воопшто. Наспроти тоа се донесува заклучокот дека сопствениците на медиуми не се засегнати, ниту отворени за давање на одговори на тема која ја отсликува состојбата во новинарството и работничките права на вработените во медиуми во земјава во време на пандемијата со КОВИД-19 .

Финансиски проблеми има, но нема отпуштања од работа

Од добиените одговори едниот од испитаниците – сопственик на телевизија и двајца сопственици на електронски медиуми велат дека имаат финансиски загуби за време на пандемијата со КОВИД-19, која најмногу влијаела на пад на рекламите. Сепак, овие сопственици велат дека не ги намалиле платите на вработените, во кризните месеци, а нема ниту до крајот на годината . Во нивните медиуми нема отпуштања поради корона кризата.

Од друга страна, двајца сопственици на електронски медиуми не претрпеле финансиски загуби за време на пандемијата со КОВИД-19, последователно на тоа не ги намалиле ни платите, ниту пак имале отпуштања на вработени.

Сопствениците загрижени за безбедноста на вработените за време на пандемијата со КОВИД-19
Сопствениците на петте медиуми велат дека навремено набавиле заштитна опрема за вработените, што е спротивно на тврдењата на голем дел од вработените 22 % кои одговориле дека во медиумите кај што работат не биле набавени заштитни средства .

На прашањето „Што имате направено за да ја зголемите безбедноста на работното место?“, тројца сопственици на електронски медиуми одговориле „Работа од дома“, еден сопственик на електронски медиум одговорил „Работа во смени“, а сопственикот на телевизија одговорил „Работа во повеќе групи“.

Петте испитаници кои одговориле на анкетата се на возраст од 41 до 58 години, четворица од нив се мажи и една жена . Еден од нив е сопственик на телевизија, останатите се сопственици на електронски медиуми, сите се со завршено високо образование.

Синдикално организирање во медиумите е проблем за некои од сопствениците на медиуми

На прашањето дали во нивната редакција постои синдикална организација потврден одговор дале само двајца сопственици на интернет портали. Додека синдикално организирање нема во телевизијата и во два електронски портали, а на дополнителното прашање зошто нема, сопственикот на телевизија одговорил „не знам“, еден сопственик на електронскиот портал одговорил „премногу мала редакција“, еден испитаник не дал одговор .

На прашањето „Дали би им правеле проблеми на вработените доколку синдикално се организираат“, еден од сопствениците на електронски медиуми одговорил со „ДА“. Останатите четворица испитаници се изјасниле дека не би им правеле проблем на вработените доколку синдикално се организираат.

Клучни заклучоци од анкетите

 

Според анкетите кои беа направени меѓу 150 новинарите и медиумски работници најголемиот дел од нив зема плата од 15.000 до 20.000 денари. Дури 101 или 67% од испитаниците одговориле дека не се задоволни со платата или хонорарот, а 49 или 33% одговориле дека се задоволни .

Медиумскиот бизнис дополнително е на удар од корона-кризата, а тоа се одрази и на губењето на работно место и намалување на платите. Четворица останале без работа, а седумнаесет проценти од медиумските работници одговориле дека им била намалена платата.

Ова истражување покажа дека медиумските работници се на првата линија до опасноста од корона пандемијата, но и на директен финансиски удар. Потребата од помош е повеќе од очигледна, ако се земат предвид одговорите на испитанците. Седумдесет и три проценти одговориле дека им е потребна финансиска помош. Меѓу медиумските работници владее страв и паника, па така 48 одговориле дека им е потребна психолошка поддршка. Тука особено е значајно да се напомене дека 62% од анкетираните потврдуваат дека овој начин на живот и работа влијаат врз нивното ментално здравје.

Анализата на ССНМ е направена со поддршка на Меѓународната федерација на новинари и Union to Union програмата.

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ