• Latest

Состојбата на јавното здравство оценето како добро од граѓаните

December 21, 2017

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Состојбата на јавното здравство оценето како добро од граѓаните

December 21, 2017 16:32
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Најголем број од граѓаните или 33,8 проценти со оценката добар три ја оцениле состојбата во јавното здравство во Македонија, покажува истражувањето на перцепциите на граѓаните за јавното здравство, спроведено од М-проспект за Македонски центар за меѓународна соработка и телевизија Телма.

На прашањето „Како би ја оцениле состојбата со јавното здравство во Македонија?“ најниска оценка (еден) дале 18 проценти од испитаниците, со два 14,6 отсто, со четири 16,3 и со пет 15,8 проценти од анкетираните.

Според истражувањето над 60 проценти од граѓаните ја користеле услугата „Мој термин“ во последните 12 месеци.

Најголем број од испитаниците или 19,2 отсто рекле дека успеале термин за преглед да закажат за помалку од три дена, додека на другата крајност само 2,4 проценти рекле дека терминот го закажале „за повеќе од шест месеци“. Речиси половината од испитаниците, односно 49,1 процент закажаниот термин бил навремен, додека за 22,5 отсто бил задоцнет.

Истражувањето покажува дека покрај високите оценки за услугата „Мој термин“, вкупно 68,2 проценти од испитаниците цо целост или до некаде се согласуваат со изјавата дека не може да се закаже преглед кај специјалист доколку нема познат, односно врски во јавното здравство.

Мнозинство од граѓаните или 67,4 проценти, сепак, сметаат дека приватниот здравствен сектор нуди поквалитетни услуги и повисока професионалност, иако, според речиси 62 отсто од испитаниците, тој е недостапен поради високите цени. Големо мнозинство, односно 91 процент од испитаниците сметаат дека здравственото осигурување треба да покрива и услуги од приватното здравство.

Што се однесува до достапноста на лековите од позитивната листа, 57,7 проценти од испитаниците сметаат дека тие лекови постојано се достапни.

Најголем број од граѓаните или 38,6 отсто сметаат дека јавното здравство малку се грижи за лицата со ретки болести, додека мнозинството сметаат дека лицата со хендикеп не се третираат соодветно во јавното здравство и дека јавните здравствени установи во Македонија не се прилагодени за лица со хендикеп. Ова се однесува и на јавните здравствени услуги кои, смета мнозинството, не се прилагодени за лицата со хендикеп.

Анкетата е телефонска и била спроведена во периодот од 11 до 18 декември 2017 година врз репрезентативен примерок од 1.000 испитаници.

Истражувањето е дел од проектот „Топ тема на ваша страна“, поддржано од УСАИД.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: анкетајавно здравство
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ