• Latest

Социјалните мрежи поволна почва за ширење дезинформации и лажни вести

July 17, 2021

24 ЧАСА: За платено политичко рекламирање пријавени 333 медиуми; Се активира механизмот за претставки за изборни активности онлајн; Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски; Ескалација на протестите во Србија

August 14, 2025

Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година

August 14, 2025

MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

August 14, 2025

Повеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници пријавени за платено политичко рекламирање за локалните избори

August 14, 2025
Фото: Володимир Зеленски / Х

Украина врати дома 84 Украинци од руско заробеништво во најновата размена на затвореници – некои заробени од 2014 година

August 14, 2025
Фото: Карл Билд/Х

Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

August 14, 2025

Пуштена во употреба клучката Подмоље, што го спојува Охрид и Струга, Македонија и Албанија

August 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Во функција механизмот за жалби поврзани со изборните активности во онлајн просторот

August 14, 2025
Фотоколаж од снимки од Фејсбук

БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

August 14, 2025
Илустрација: ВИ

Говор на омраза – потенцијал за тензии, поларизација и насилство, што е што во изборен контекст

August 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Социјалните мрежи поволна почва за ширење дезинформации и лажни вести

July 17, 2021 08:19
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Илјадници информации со само едно пребарување, дел од нив дезинформации, дел лажни вести, сите на штета на консументите. Дигитална ера, виртуелен свет, безброј можности на интернет-мрежата, која го олеснува секојдневниот живот правејќи со еден клик да се заврши многу работа. Истовремено, хаос од информации, кои преку, исто така, еден клик на примамливиот, најчесто сензационалистички наслов, водат до море од дезинформации и лажни вести, кои покрај недостиг од медиумска писменост, влијаат погубно врз консументите, јавното мислење и довербата во институциите.

Социјалните мрежи се новиот начин на комуникација, интеракција, дејствување. Дел од секојдневието на повеќе од три милијарди луѓе, кои, според последните истражувања од 2020 година, активно користат социјални мрежи.

На интернет денес постојат стотици социјални мрежи што поддржуваат широк опсег интереси и практики. На социјалните мрежи луѓето можат да зборуваат за своите чувства, идеи и креации. Преку нив тие ги добиваат основните информации за живот, ги реализираат обврските преку сè повеќе достапните онлајн услуги и ги исполнуваат своите животни потреби. Низ сето тоа, тие се сретнуваат со безброј информации, кои многу често знаат да бидат невистинити. Како такви, тие најчесто имаат цел да нарушат углед или да остварат профит.

Емилија Петреска Камењарова од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни уметности вели дека постојат повеќе тези за тоа зошто на социјалните мрежи најмногу се шират неточни информации, дезинформации или злонамерни информации.

Кога станува збор за поединци, нивните мотиви можат да бидат најразлични. Може тоа да бидат т.н. тролови, кои намерно објавуваат пораки со кои предизвикуваат недоразбирања, вознемиреност или лутина кај другите луѓе. Или, пак, може да се луѓе што невистинитите информации ги шират ненамерно, вели таа.

Ако, пак, станува збор за ширење вакви информации од центри на моќ, на пример политички или комерцијални субјекти, како што вели, целта им е да остварат влијание, при што вака поевтино и побргу стигнуваат до поголема таргетирана публика, односно луѓе што алгоритмите, врз основа на некои нивни карактеристики или ставови, за кои програмата „научува“ од нивното претходно однесување на интернет, ги сместуваат во групи.

Бојан Кордалов, комуниколог специјалист за односи со јавност и нови медиуми, вели дека главната причина поради која социјалните медиуми најдиректно се поврзуваат со лажните вести е брзината со која денес може да патува информацијата преку различните интернет-платформи.

Важно е да се потенцира дека лажните вести ги шират луѓе, односно субјекти што имаат свое име и презиме или идентитет, а не самите социјални медиуми. Бидејќи социјалните медиуми „per se“ се само обичен канал или простор што овозможува онлајн комуникација. Како ќе се исполни тој простор, како ќе се искористи овој канал и кои пораки ќе се пласираат, зависи од секој од нас, вели Кордалов.

Тој посочува дека е важно да констатираме дека одредени луѓе шират или учествуваат во распространување лажни вести, а не дека тоа го прават социјалните медиуми, бидејќи, според него, ако ја констатираме фактичката состојба, тогаш ќе можеме и да ги менуваме работите на подобро и да бидеме чекор понапред во борбата со лажните вести кои ги поткопуваат јавните институции (платени од секој од нас), како и демократските процеси, кои се од интерес на секој од нас.

Превенцијата возможна, медиумската писменост неопходна

Покрај влијанието и распространетоста на социјалните мрежи, се менува и регулативата и нивното уредување. Постојано се ревидираат политиките на користење на социјалните мрежи и се поставуваат нови рестрикции кон креаторите на дезинформациите и на лажните вести. Регулативата зема сè поголем замав, особено во делот на заштитата на личните податоци на интернет.

Камењарова и Кордалов се согласни дека превенцијата на дезинформациите и на лажните вести е можна, меѓутоа, медиумската писменост, според нив, е неопходен дел од неа.

На долг рок, Кордалов ги издвојува образовниот систем и медиумската слобода.

– Тоа значи дека треба да создадеме образование приспособено на потребите и навиките на учениците и студентите, кое ќе се базира на технолошкиот напредок, но и на правото на избор за начинот на кој секој ученик најдобро учи и ги развива своите критички и креативни вештини во размислувањето и расудувањето, вели тој.

Според него, слободата на медиумите, но и генерално корпусот на човекови права и слободи мора секојдневно да се унапредува, бидејќи само слободни граѓани можат да градат слободна мисла, личен став и интегритет, а развивањето на овие карактеристики е исто така клучно за долгорочна и целосна победа против лажните вести и теориите на заговор.

Камењарова вели дека превенцијата има повеќе сегменти, а во Агенцијата сметаат дека исклучително важно е да се работи на градење и континуирано подигнување на нивото на медиумска писменост кај граѓаните од сите генерации. Тоа, според нив, ќе се постигне со различни активности насочени кон развивање четири компетенции, кои ги имаат дефинирано во Политиката за медиумска писменост на АВМУ.

Тука ги вбројуваат критичката свесност за комерцијалниот или за политичкиот интерес што стои зад содржините на кои сме изложени, која се јакне така што ги развиваме својот интегритет, етика, емпатија и праведност, кои потоа ги користиме кога ги проценуваме медиумските содржини. Свесноста за улогата на емоциите во комуницирањето, особено во онлајн комуникацијата. Дигитална добросостојба – односно оспособеноста на луѓето да ги користат и да владеат со новите технологии безбедно и сигурно, и полноправно граѓанство – односно граѓани што активно учествуваат во демократското општество, што во услови кога интернетот го направи светот подостижен од кога било, се однесува не само на активност во сопствената држава, туку и меѓународно.

Расте свесноста за злоупотребата на слободата на изразување на интернет, растат и мерките

Како што расте свесноста за злоупотребата на слободата на изразување на интернет преку ширење неточни информации, дезинформации или злонамерни информации, така, на европско ниво, се предвидуваат сѐ повеќе мерки. Веќе неколку години постои Кодексот против дезинформации (Code of Practice on Disinformation), кој е потпишан меѓу Европската комисија и Фејсбук, Гугл, Твитер, Мозила, Мајкрософт, ТикТок, претставници на рекламната индустрија. Преку Кодексот, тие преземаат низа обврски, меѓу кои и да обезбедат транспарентност на политичкото рекламирање, затворање на лажните профили, демонетизација на ширачите на „лажни вести“, а за мерките што ги преземаат, поднесуваат извештаи до Европската комисија.

На меѓународно ниво постои и Мрежа за проверка на факти, која се заснова на утврдена методологија од Фејсбук и во која професионални организации од повеќе од 75 земји од целиот свет вршат идентификување на потенцијалните лажни вести, преглед на фактите содржани во идентификуваните лажни вести, а за тоа го известуваат Фејсбук, кој понатаму одлучува како ќе дејствува во врска со видливоста на тие содржини на мрежата.

Камењарова споделува и дека социјалните мрежи веќе се влезени во европската Директива за аудиовизуелни медиумски услуги, во оние случаи кога преку нив се споделуваат видеа. Република Северна Македонија има обврска да го усогласи своето законодавство со она на ЕУ – и тоа е процес што нѐ очекува.

– Во ЕУ, во тек е колегислативниот процес за усвојување на регулативата за онлајн содржините и дигиталната економија, односно Актот за дигитални услуги (Digital Services Act) и Актот за дигитални пазари (Digital Markets Act), чија цел е да ги унапредат правилата за дигиталните услуги во ЕУ, споделува таа.

Во делот на саморегулацијата, во поглед на онлајн медиумите, таа истакнува дека е важно да се поддржи Регистарот на Советот за етика на медиумите на Македонија и на Здружението на новинари на Македонија, и тоа особено од компаниите и од огласувачите.

Кордалов, исто така, смeта дека преземањето на меѓународните акти и целосна меѓународна соработка на нашите институции со европските и со светските, се најдобрата практика што можеме да ја преземеме и да ја примениме во овој домен и, според него, дури и со постојната регулатива можеме да имаме ефикасна борба во овој домен, само доколку правилно ја комуницираме темата и доколку овозможиме јавни услуги од кои секој граѓанин ќе биде задоволен.

– Залудно е и најдоброто законодавство доколку продолжат процесите на партизација на институциите и недавање шанса на професионалците и на луѓето со интегритет во нив. А, верувајте, многу ги има. Но, во систем на брутална бирократизација, тие луѓе никогаш нема да испливаат на површина. Ако се воведе систем на јавност преку дигитална транспарентност и отчетност, состојбата веднаш ќе се промени. Односно, самиот систем на површина ќе ги стави вредните и способните, а ќе ги отфрли оние што ги кочат граѓаните во остварување на своите права, но и оневозможуваат со децении цели генерации луѓе да живеат достоинствен живот, Кордалов.

Воочливо е дека „новинарската патка“, која значи лажна вест, забранета и осудувана појава, е сè поредовна во секојдневието на луѓето. Дополнително, интернетот и социјалните мрежи ѝ овозможуваат сè повеќе простор за нејзино пливање. Колку такви „новинарски патки“ ќе оставиме безгрижно да пливаат во морето информации, зависи од усогласувањето на законодавството, неговата примена и, најмногу од сè, од медиумската писменост на секој од нас. / МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • БГНЕС: Иницијативата на Поповска во служба на агендата на Мицкоски за оддалечување на Македонија од членството во ЕУ

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ