• Latest

Совет на Европа: Стапката на затвореници во Европа непроменета во 2019, во Северна Македонија намалена

April 8, 2020
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Совет на Европа: Стапката на затвореници во Европа непроменета во 2019, во Северна Македонија намалена

April 8, 2020 17:36
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Стапката на затвореници на ниво на Европа на 100.000 жители лани останала речиси непроменет во однос на претходната година, додека во земјава таа се намалила за 29 отсто, покажуваат податоците од најновата студија на Советот на Европа за состојбата во европските затвори, што ја изработи Универзитетот од Лозана.

Како што јави дописникот на МИА, заклучно со 31 јануари 2019 година според податоците од 50 затворски управи од државите членки на Советот на Европа, во казнено-поправните институции имало 1.540.484 осиденици, што значи дека вкупната стапка била 106 затвореници на 100.000 жители. Во 45-те затворски управи кои доставиле податоци за 2018 и 2019 година, вкупната стапка на затвореници останува стабилна, забележувајќи мал пораст од 104 на 104,5 затвореници на 100.000 жители. Процентот на лица во притвор од вкупниот број затвореници, исто така, останал непроменет и изнесувал 22 отсто.

На листата на земји со највисока стапка на затвореници води Русија со 386 затвореници на 100 000 жители, пред Турција  со стапка 329, Грузија (270), Литванија (232), Азербејџан (218) и Чешка (203). Натаму следуваат, Молдавија (197), Полска (190), Словачка (189), Црна Гора (186), Албанија (185), Латвија (183) и Естонија (181).

Северна Македонија има стапка од 103 затвореници на 100 000 жители. 

Без државите со население под 300 000, најниски стапки на затвореници се забележани во Исланд (40), Финска (50),  Холандија (56), Шведска (60), Норвешка (61), Босна и Херцеговина (66), Словенија (67), Данска (69), Ерменија ( 76) и Германија (77).

Земјите чии затворски управи бележат најголемо зголемување на стапката на затвореници се Турција со раст од 13 отсто, пред Кипар (+ 11 отсто), Данска (+ 9 отсто), Бугарија (+ 8 отсто), Грузија(+ 7 отсто), Велика Британија (+ 7 отсто), Грција (+ 6 отсто) и Шведска (+ 6 отсто).

Драстичен пад на стапката на затвореници има во Ерменија од 36 отсто, а по неа следува Северна Македонија со пад од 29 проценти. Натаму следуваат Исланд со намалување од 14 отсто, Босна и Херцеговина (-11 отсто), Романија (-10 отсто), Молдавија (-8 отсто), Русија (-8 отсто), Азербејџан (-7 отсто), Норвешка (-7 отсто), во Латвија (-6 отсто) и Естонија (-5 отсто).

Во однос на густината на затворската популација, според информациите дадени од затворските управи и податоците од други извори, 15 земји се сочуваат со целосна пренатрупаност на затворите со повеќе од 100 затвореници на 100 затворски места. Во десет од нив пренатрупаноста е особено сериозна и тоа Турција (123 затвореници на 100 затворски места), Белгија (121), Италија (119), Франција (117), Унгарија (115), Романија (113), Малта (107), Грција ( 107), Австрија (106) и Србија (106). Сепак, се нагласува во Извештајот, и земји каде што вкупниот број затвореници е помал од вкупниот број затворски места, се соочуваат со пренатрупаност во некои затвори. Севкупно, во Европа има 89,5 затвореници на 100 места на располагање во казнените установи.

Просечната возраст на лицата кои се наоѓаат во европските затвори е 35 години. Околу 15 отсто од затворениците се на возраст од над 50 години, иако во некои земји процентот оваа старосна категорија затвореници значително поголем, како Бугарија (35 отсто), Италија (25 отсто), Португалија (21 отсто), Норвешка (20 отсто), Шпанија (20 отсто) и Словенија (19 отсто).

Најголем број затвореници на возраст од над 65 години има Турција (3.521), пред Велика Британија (2.995), Русија (2.895), Италија (2.257), Франција (1.448), Полска (1.322) и Шпанија  (1.263).

Во 37 земји што дале податоци за старосната возраст на затвореници, процентот на осуденици постари 65 години изнесува 2,4 отсто од вкупната затворска популација. Најголем процент на затворени лица постари од 65 години има во казнено-поправни установи во Северна Македонија (9,1 отсто), Хрватска (5,9 отсто), Албанија (4,6 отсто), Италија (3,7 отсто), Велика Британија (3,6 отсто), Литванија (3,4 отсто) и Словенија (3,3 отсто).

Жените сочинуваат пет отсто од вкупната популација во затворите.

Во 38 држави, кои доставиле податоци за претходните две година, процентот на странци во казнените установи се зголеми од 15,9 отсто во 2018 на 16,6 отсто во 2019 година. Процентот на странците меѓу затворениците драстично се разликува меѓу земјите, движијќи се од помалку од пет отсто во државите од Источна Европа, додека во Централна Европа и Западна Европа таа стапка се движи од два до 72 проценти.

Истражувањето покажува дека должината на затворските казни во Европа се намалила од 8,2 месеци во 2017 година на 7,7 месеци во 2018 година, што претставува пад за 5,4 отсто. Земјите со најдолго просечни затворски казни се Азербејџан (37 месеци), Португалија (32), Молдавија (26), Чешка (24), Романија (23), Шпанија (21), Естонија (16) и Италија (15). Во Северна Македонија должината на просечната затворска казна изнесува 14 месеци.

Процентот на затвореници кои издржуваат затворски казни во Европа за кривични дела поврзани со дрога лани се зголемил за 5,3 отсто во однос на 2018 година. Речиси еден од петмина затвореници во Европа отслжуваат затворски казни за дела поврзани со дрога или 18 отсто. Сепак, во некои земји, за кривични дела поврзани со дрога се осудени над една четвртина од затворениците – Летонија (47 отсто), Исланд (34 отсто), Италија (32 отсто), Албанија (32 отсто), Азербејџан (28 отсто), Русија (28 отсто), Кипар (28 отсто) и Естонија (27 отсто).

Процентот на затвореници кои издржуваат затворска казна за кражба е намален за 17,6 отсто, додека има пораст на осудениците за сексуално насилство. Од вкупниот број затвореници во Европа во 2019 година, 40 отсто биле осудени за насилство и тоа за убиства (13,4 отсто), грабежи (9,7 отсто), напад (6,9 отсто), силување (4,8 отсто) и други сексуални престапи (4,8 отсто).

На европско ниво, на еден затворски службеник има по 1,6 затвореници и по 2,6 притвореници, иако овие бројки се разликуваат од една до друга земја.

Според податоците обезбедени од 43 затворски управи, одржувањето на затворите во Европа во 2018 година чинело 26 милијарди евра.

Во контекст на пандемијата со Ковид-19, генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ ја истакна потребата надлежните органи да ја земат предвид Декларацијата за принципите на Комитетот за спречување на тортура (КПТ) во врска со третманот на лицата лишени од слобода.

– Затворските управи и сите надлежни органи треба да настојуваат да користат алтернативи за лишување од слобода, особено во ситуации на пренатрупаност и да дадат се од себе за да ги заштитат затворениците, како и вработените во затворите, изјави Пејчиновиќ Буриќ.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    251 shares
    Share 100 Tweet 63
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ