• Latest

Советниците во клинч за новите вработувања во јавните претпријатија

February 21, 2017

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Советниците во клинч за новите вработувања во јавните претпријатија

February 21, 2017 15:03
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Последната 62-ра седница на Советот на Oпштина Битола на чиј дневен ред беше планот за нови вработувања во јавните претпријатија, предизвика жестока расправа меѓу советниците од владејачката партија и од опозицијата.

ЦИВИЛ Медиа разговараше со советничката од редовите на ВМРО-Народна партија, Габриела Илиевска, за забелешките кои беа посочени за време на вчерашната расправа.

„Со новиот Закон за вработените во јавниот сектор од 2014-та година и со промените во 2016-та, јавните претпријатија мора да поднесат план за вработување за претстојната година, или нема да можат да вработуваат, и тоа не е спорно, Проблемот е во калкулаторот за националистите кој се користи при дефинирање на работните места, а кој се базира на Пописот од 2002 година. Пример, за вработување на припадниците на влашката националност. Доколку при распределба на новите работните места се користат податоците од последниот попис, по таа логика, Влав во Битола никогаш не треба да се вработи“, објаснува Илиевска, која потсети дека „во изминатиот период, директори на јавни претпријатија се бираа од домашен притвор“.

Проблемот со етничкото квалифицирање за одделни работни места, го потенцираше и советничката од СДСМ, Наташа Петровска.

„Дали на овој начин создаваме услови, квалитетот на кандидатите да е последно мерило за вработување? Ова е проблем кој треба да се решава во законодавниот дом,  но ние како советници, можеме и имаме одговорност да покренеме дискусија. Според мене, граѓанинот е пред сé. А тоа значи, при вработување – прво квалитет, а потоа, запазување на националната припадност“, вели Петровска, според која, проблематичен е и бројот на вработувања -76, колку што немало во последните 10 години во јавните претпријатија во градот! Според неа, постои сомнеж дека причина за тоа се претстојните локални избори.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ со различен став по ова прашање.

„Јавните претпријатија го планираат идеалниот број на вработувања кои, според нив, се потребни за извршување на работата. Затоа е поголем бројот на вработени кои се дел од планот на претпријатијата, без разлика дали ќе се реализираат или не, зависно од тоа дали има финансиски средства за тие работни места. Но, доколку овој план не се достави, јавните претпријатија нема да имаат можност да објавуваат нови работи места“, објаснува советничката од ВМРО–ДПМНЕ, Елена Трајчевска.

Според планот на јавните претпријатија, во 2017-та година треба да се вработат 31 лице во ЈП „Нискоградба“, 22 – во ЈП „Комуналец“ , 8 лица во ЈП „Водовод и канализација“ и 6 во ЈП „Пазари“.

Марија Теговска

 

Tags: БитолавработувањеГабриела Илиевскајавни претпријатијанационална припадностработни местаСовет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ