• Latest

Спасовски: Активно насочување кон заедничките вредности и цели се гаранцијата за просперитетот, одржливоста и стабилноста на државите од регионот

June 14, 2021
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Спасовски: Активно насочување кон заедничките вредности и цели се гаранцијата за просперитетот, одржливоста и стабилноста на државите од регионот

June 14, 2021 13:18
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Превенирање на конфликтите, одржување на мирот и стабилноста, владеење на правото без исклучок, со почитување на меѓународното право, заштита на човековите права и слободи и мирно решавање на сите спорови и недоразбирања. Тоа се заедничките евроатлантски вредности кон кои треба да се стремат сите држави од регионот, во насока на меѓусебно приближување и надминување на сите бариери од минатото, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во обраќањето пред учесниците на Финалната планирачка конференција за реализација на првата „НАТО-ЕАДРЦЦ“ меѓународна вежба што денеска се одржува во Охрид.

Спасовски истакна дека очекувано е од сите земји во регионот посветено да се сосредоточат кон заедничките вредности и цели, оттаму што само на тој начин може да се обезбеди гаранција за просперитетот, одржливоста и стабилноста на државите.

–          Република Северна Македонија во последниов период покажа на дело дека тоа не само што е можно и посакувано, туку е единствено прифатливо решение за современите предизвици. А кога сме веќе кај справувањето со предизвиците од поново време, со кои се соочуваме како држави, меѓу кои би ги споменал: организираниот криминал, нелегалната миграција, компјутерскиот криминал и сајбер нападите, лажните вести и, секако, насилниот екстремизам и тероризам, пандемијата со Ковид-19, за нив е неопходен современ, регионален пристап и заедничка стратегија за делување, рече тој.

Во врска со претстојната „НАТО-ЕАДРЦЦ“ меѓународна вежба предвидена да се одржи во септември, Спасовски истакна дека нејзиното сценарио предвидува справување со некои од постоечките закани за државите од регионот, како што се елементарна природна непогода, организиран криминал, нелегална миграција, компјутерски криминал и сајбер напади, лажни вести, спасување и укажување на помош на граѓаните при епидемија со вирус и слично.

Вежбата, според Спасовски, претставува одлична основа за развивање на капацитети и способности за соодветно спротивставување, сузбивање на овие криминални дејствија и преземање на конкретни мерки и активности.

–          Цивилната подготвеност и одржувањето на континуитетот на функционирање на институциите при справување со кризни и сложени безбедносни состојби е од круцијално значење и основна обврска на членките на НАТО Алијансата при градењето на отпорност кон сите закани и предизвици, постигнување на интероперабилност и заштита на животот, имотот и личната сигурност на граѓаните. Бидејќи безбедносниот систем е основа на функционирање на правната држава, рече тој.

Осврнувајќи се на активностите што последните години ги спроведе Министерството за внатрешни работи, согласно својот делокруг на надлежности во безбедносната сфера, Спасовски посочи дека се во насока на целосна реформа на секторот.

–          Како интегрален дел на Системот за управување со кризи МВР е во постојана комуникација, координација и соработка со останатите субјекти кои се дел од овој систем. Притоа, уште еден чекор понапред претставува дигитализацијата на Системот за управување со кризи во Република Северна Македонија, со примена на веб базираната алатка NICS (Next Generation Incident Command System), што секако ќе придонесе за унапредување на комуникацијата и координацијата помеѓу субјектите кои се дел од Системот за управување со кризи, рече Спасовски потенцирајќи ја максималната поддршка за успешна реализација на Првата меѓународна НАТО вежба од таков вид, со уверување дека Министерството за внатрешни работи во континуитет ги презема сите мерки и активности за нејзини непречени подготовки.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ