• Latest

Спасовски: МВР ќе ги преземе сите мерки за безбедност на пратениците и на законодавниот дом

July 13, 2022
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
Скриншот од видео на
RTVE Noticias

Стравувајќи од обидите на САД да го отстранат, Мадуро ги повика Венецуелците да кодошат преку апликација

November 5, 2025
Експлозии го осветлуваат небото над рускиот град Орјол за време на пријавениот напад на 5 ноември 2025 година. Фото: Астра/Телеграм

Експлозии во руската област Орјол, жителите тврдат дека е извршен украински ракетен напад, гувернерот вели дека се дронови

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Најмалку 7 загинати, 11 повредени кога товарен авион на UPS се урна при полетување во Кентаки

November 5, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Зохран Мамдани победи во трката за градоначалник на Њујорк, демократите победија во главните трки, гласачите му испратија порака на Трамп

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спасовски: МВР ќе ги преземе сите мерки за безбедност на пратениците и на законодавниот дом

July 13, 2022 14:48
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

МВР ќе ги преземе сите мерки за да обезбеди безбедност на пратениците и на законодавниот дом, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на Граничниот премин Табановце каде присуствуваше на промоција на кампањата „Вози одморен“, пренесува МИА.

Министерството, рече Спасовски, ги прави потребните анализи, ги собира потребните податоци и информации, како што потенцираше, во однос на можните случувања коишто би биле во текот на одржувањето на седницата. Тој рече дека законодавниот дом е храм на демократијата и дека таму треба да се изнесат сите ставови, преку дебата на народните избраници да се носат решенија.

– Секако дека протести, јавно изразување на својот став, мислење итн., е демократска вредност, демократско право, меѓутоа тоа мора да биде и на демократски начин. Демократијата не подразбира анархично однесување, напротив демократијата подразбира однесување во рамките на законот. Апелирам до сите, пред сè до организаторите на овие собири, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ заради тоа што имаат испратено допис пред неколку дена како организатори на тие собири, секако тука се и други политички структури како Левица итн., здруженија на граѓани да направиме сè на мирен и достоинствен начин да поминуваат сите овие собири, изјави Спасовски.

Тој се заблагодари за воздржаноста и демократскиот дух на протестите последниве денови, но и порача дека МВР е подготвено да одговори на каков било безбедносен предизвик со кој ќе се соочи. Апелираше до учесниците на протестот мирно и достоинствено да го изразат својот став.

– Така што не би сакал апсолутно да правам никаква корелација којашто вие ја споменувате со 27 април. Тоа беше еден црн ден во македонската демократија, ден кога имаше обид да се изврши убиство на пратеници, да се влезе во законодавен ден итн. и тоа треба да ни биде само поука како понатаму треба да се движиме. Така што апелирам до сите на мирен и демократски начин да го изразат својот став, а демократската дебата да се води внатре во институциите на системот, односно да се води во Собранието, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој повтори дека имаат податоци, информации, за како што нагласи, како се подготвуваат одредени групации за менување стратегии, дека сите прибрани податоци се анализираат и се подготвува план за гарантирање на безбедноста и спокојство кај граѓаните.

– Не, имаме информации, имаме податоци за тоа што подготвуваат, како се подготвуваат одредени групации во рамките на сите овие организации и организатори коишто ние ги случуваме за менување на нивни стратегии итн., меѓутоа сите тие податоци, информации се анализираат и на основа на тоа се подготвува целиот тој план којшто треба да гарантира безбедност и спокојство кај граѓаните, изјави Спасовски.

Одговарајќи на новинарски прашања, министерот за внатрешни работи, рече дека на протестите за девет дена од протестите имало повредено 54 полициски службеници, од кои како што  наведе, 11 беа потешко, девет имале потешки повреди, двајца посериозни повреди и биле хоспитализирани. Спасовски апелираше до граѓаните достоинствено да се однесуваат кон државата, кон полициските службеници кои го чуваат редот, безбедноста и спокојството. Укажувајќи дека безбедноста не е нешто имагинарно, дека ја чуствуваат граѓаните за сето она што се случува во државата, прослави, настани, во сообраќајот итн., тој уште еднаш повика да не се напаѓаат службениците кои го чуваат Уставот, мирот, стабилноста на граѓаните.

– Ме прашавте за споредба да направиме во делот на „Шарената револуција“. Знаете дека 2015 година таа „Шарена револуција“ траеше некаде околу два месеци. Тогаш имавме вкупно повредени 13 полициски службеници со полесни повреди. Така што, апсолутно не е добро ниту еден повреден полициски службеник. Затоа е важно да политичките субјекти, организаторите на овие протести се однесуваат одговорно и своите политички цели да  ги остваруваат преку демократски и политички механизми коишто стојат на располагање, рече Спасовски.

Одговарајќи на новинарско прашање тој рече дека во државата има хибридни напади, меѓу нив и ширење лажни вести, пропаганда.

– Јас дадов изјава во којашто кажав и денеска потврдувам дека постојат многу хибридни напади врз Северна Македонија и посебно во моменти кога се одлучува за иднината на оваа држава. Тие хибридни напади, еден од механизмите е и ширењето на лажните вести, ширењето на пропагандата, пред сè во креирањето на јавното мислење. Така што, сакам секој еден да ги тргне рацете од Северна Македонија. Ние сме тие коишто треба да одлучуваме самостојно за нашата иднина и за нашата судбина. Така што кој било, дали се тоа руски претставници, дали се било какви претставници, тие треба да си ја гледаат својата работа. Секако дека нашите служби активно работат, соработуваат, разменуваат информации, се со цел да се зачува целосно безбедноста на нашата земја, изјави Спасовски. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ