• Latest

Спасовски на Самитот ЕУ – Западен Балкан: Подготвени сме да го отпочнеме преговарачкиот процес согласно со новата методологија 

May 6, 2020
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Спасовски на Самитот ЕУ – Западен Балкан: Подготвени сме да го отпочнеме преговарачкиот процес согласно со новата методологија 

May 6, 2020 20:30
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Северна Македонија во последните три години реши сериозно да заврти нови страници во својата историја. Излеговме од длабока политичка криза и ги возобновивме демократските институции и владеењето на правото. Испорачавме конкретни и одржливи резултати во спроведувањето на ЕУ поврзаните реформи и во добрососедските односи. Станавме 30-та членка на НАТО и под ваше водство добивме одлука за почеток на ЕУ пристапните преговори, истакна премиерот Оливер Спасовски
во обраќањето на пленарната сесија на видеоконференцијата на Самитот на ЕУ за Западен Балкан – Загреб 2020.

Премиерот Спасовски, заедно со вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров учествуваше во работата на Самитот кој оваа година се одржува во организација на Хрватска, како актуелен претседавач на Европската Унија, а поради пандемијата со КОВИД-19 организиран е онлајн.
Во обраќањето на Спасовски, кое го пренесе владината прес-служба, премиерот истакна дека сме подготвени за следните чекори и, како што рече, ќе работиме посветено со Комисијата и ЕУ Советот што поскоро да ја закажеме Првата меѓувладина конференција која ќе го означи практичниот дел од преговарачкиот процес согласно со новата методологија.
-Би сакал во оваа прилика уште еднаш да ве уверам дека Северна Македонија ќе остане посветена на фундаменталните реформи и ќе продолжи да придонесува за Европската безбедност. Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија се нашиот влог во идната заедничка Европска иднина при што ќе биде од исклучително значење да продолжиме да ги спроведуваме со добра волја подеднакво од наша страна како и од страна на засегнатите земји членки, истакна Спасовски.
Лидерите на земјите членки на Европската Унија и лидерите за земјите од Западен Балкан на Самитот дискутираа за соработката за справување со КОВИД-19, за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, како и посветеноста на земјите од Западен Балкан на европските вредности и реформи.
Во контекст на пандемијата во изминатите месеци, Спасовски во обраќањето истакна дека заразата сите заедно нè соочи со суров избор помеѓу животот и смртта на нашите граѓани и опстанокот на нашите економии. Според него, Загрепскиот самит се случува во вистинско време, кога Европа најпосле забележува намалување на ширењето на заразата и олабавување на рестриктивните мерки.
-За момент можеме да здивнеме и да ги направиме првите биланси но и да поразговараме за идните очекувања и заеднички чекори. Сакам да изразам искрена благодарност до нашите хрватски пријатели, лидерите на ЕУ институциите и лидерите на земјите членки на ЕУ за можноста да го одржиме овој самит макар и во видеоконференциска форма, што стана наша секојдневна реалност. Овој „загрепски“ самит е симболичен бидејќи точно пред 20 години, исто така, во Загреб беше одржан првиот од серијата самити на кои се отвори европската перспектива за земјите од регионот, рече претседателот на Владата.
Новиот коронавирус предизвика пустош и нè соочи со несогледливи предизвици, додаде Спасовски, но донесе и нешто позитивно – јасно покажа дека Европскиот континент има заедничка судбина. Начинот на справување со заразата, рече премиерот,  покажа дека споделуваме иста административна култура и пракси но го подвлече и високото ниво на социоекономска меѓузависност помеѓу ЕУ и економиите на ЗБ, како и помеѓу земјите во самиот регион.
Во оваа пригода Спасовски се заблагодари за, како што рече, видливо демонстрираната солидарност и помош од страна на ЕУ во форма на итна поддршка за здравствениот сектор, финансиски пакет за соочување со социоекономските последици, како и макро финансиската помош која ќе биде нивно важно надополнување.

-Високо го цениме и обезбедениот пристап без преседан до останатите ЕУ механизми и инструменти како и заедничките напори безбедно да ги вратиме нашите затекнати граѓани дома. Благодарни сме што на овој начин ЕУ ги третира нашите држави како да сме речиси дел од Унијата. Тоа ни дава чувство на сигурност дека заедно ќе се справиме со товарот на кризата. КОВИД-19 заразата несомнено ќе продолжи да ја тестира нашата одлучност и сега најважно е да ги фокусираме напорите за опоравување и надминување на економско социјалните последици кои се длабоки во сите наши земји, рече македонскиот премиер.

За најавениот Економски и Инвестициски план за Западен Балкан од страна на Европската комисија кој се планира да биде објавен наесен Спасовски истакна дека ќе биде од голема важност за поддршка на развојот на приватниот сектор, транспортното и енергетско поврзување, дигитализацијата, зелената агенда и социјалните инвестиции во регионот на Западен Балкан.

-Подготвени сме од наша страна веднаш да ја информираме Комисијата за зрелите инфраструктурни проекти со регионална димензија кои се дел од нашите стратешки планови и да се обврземе да работиме заедно со вас за нивна реализација, нагласи Спасовски.
Во обраќањето тој  издвои неколку проекти кои делумно веќе се планираат или спроведуваат: Проекти за транспортно поврзување со нашите соседи и тоа во железничкиот сообраќај со Бугарија и Албанија и автопатниот сообраќај со Косово; Енергетскиот гасен интерконектор со Грција;    Развој на дигиталната економија и на зелениот раст и Поттик на трговијата и туризмот во регионот на Западен Балкан.
Според Спасовски, КОВИД-19 заканата ги натера, како што рече,  на поблиска соработка и земјите во регионот на Западен Балкан кои воспоставија т.н. зелени коридори за непречено движење на примарните производи во регионот и следува нивно проширување и спојување со Европските коридори.
-Северна Македонија оваа година заедно со Бугарија заеднички претседава со Берлинскиот процес. Еден од нашите приоритети е продлабочување на инклузивната регионална економска интеграција и развивање заеднички регионален пазар врз основа на ЕУ законодавството и почитувајќи ги ЕУ заложбите кои ќе можат да го направат регионот поатрактивна инвестициска зона. Во таа насока, заедно со Регионалниот совет за соработка и Европската Комисија на Самитот во Софија наесен планираме да претставиме документ за натамошно развивање на регионалната економска интеграција, соопшти Спасовски.

Во име на Северна Македонија, додаде премиерот,  би сакал да потврдам дека се придружуваме кон Загрепската декларација и би сакал да ја искористам можноста да му се заблагодарам на Хрватското претседателство и на земјите членки што ја отворија вратата за редовен политички дијалог на највисоко ниво со Западен Балкан.

-На крајот би сакал да завршам со констатацијата дека сум длабоко уверен дека заеднички ќе ја надминеме оваа криза и брзо ќе ги опоравиме нашите економии бидејќи и покрај првичните тешкотии Европа покажа, ќе употребам еден типичен балкански збор, „жилавост“ во моментите кога беше најтешко и кога меѓусебното разбирање и дејствување беше најпотребно. Тоа ја прави Европската унија единствена и посебна и посакуван дом и за нашите граѓани. Како лидери на нашите земји и граѓани стоиме подготвени да ја зајакнеме нашата меѓусебна соработка за исполнување на условите за членство во ЕУ и да можеме што поскоро пред останатите во светот заеднички да се нарекуваме „Европјани“, рече премиерот Спасовски во обраќењето на Самитот на ЕУ за Западен Балкан – Загреб 2020 кое денеска се одржа преку видеоконференција.
Извор: MИА
Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ