• Latest

Спасовски: Засилување на темпото на реформите за поефикасна полиција, зголемување на безбедноста на граѓаните и одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупција

December 17, 2020
Фотомонтажа од скриншотови од Тиме.мк и сајтови, и објава на Генералштабот на украинските вооружени сили на Фејсбук

Мониторинг на ЦИВИЛ: Манипулативни наслови од руската пропагандна кујна во дел од македонските медиуми

August 27, 2025

24 ЧАСА: Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола, два дена по анализата на ЦИВИЛ; Муцунски бара гаранции од ЕУ за уставните измени; НАТО бомбардери пресретнаа руски шпионски авион

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

РЕАКЦИИ: Граѓаните за кампањите на партиите и независните – на овие избори нека се мери разумот, а не лажните ветувања

August 27, 2025

Филипче: Во првиот круг од локалните избори СДСМ оди со сегашната коалиција, а во вториот и со партии од албанскиот блок

August 27, 2025
Илустрација ВИ

Хибридни закани – „тивката“ војна за гласови, што е што во изборен контекст

August 27, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за тврдењето на власта дека народот живее побогато од порано?

August 27, 2025
Илустрација: CIVIL Media / AI (OpenAI DALL·E)

Запрена постапката за преземање на Стопанска банка Битола од Алта Груп, два дена по анализата објавена на медиумската платформа на ЦИВИЛ

August 27, 2025

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спасовски: Засилување на темпото на реформите за поефикасна полиција, зголемување на безбедноста на граѓаните и одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупција

December 17, 2020 12:37
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со моето враќање повторно на чело на Министерството за внатрешни работи се обврзав да продолжам онаму каде што застанавме – во посветена изградба на силна институција, која ќе го гарантира редот, безбедноста и владеењето на законите, како и на етаблирање на полицијата како гарант за заштита на законитоста, како квалитетен сервис во интерес на сите наши граѓани, потенцира министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција на која даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена Влада.

Тој нагласи дека се постигнати значајни резултати како во борбата со пандемијата Ковид – 19, така и во борбата против криминалот, недозволената трговија со дрога, со организираните криминални групи, недозволената трговија со оружје, спречување на илегалната миграција и сузбивањето на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, но постигнати се исклучително видни резултати во областа на безбедноста на граѓаните во сообраќајот.

До крајот на годината, вети Спасовски, ќе се случи промоција на пет пловни објекти на МВР, исплата на ветената бонус плата за вработените со оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво за 2017 година, намалување на бројот на прекршоци во сообраќајот, а се планира да се одбележат завршените реконструкции на ОВР Гевгелија и ОВР Крива Паланка и да се распише оглас за прием на нови полициски службеници.

– Одговорно тврдам дека во наредниот период со уште поголема енергија ќе се посветиме на градење на европски стандарди во полицијата, согласно владините стремежи Европа да ја донесеме дома. Тука би сакал да се заблагодарам и на граѓаните за дадената доверба за заедничко спроведување на нашите приоритети, како и на вас, почитувани медиуми, за воспоставениот партнерски однос кој секојдневно го јакнеме. Затоа, со право верувам дека во наредниот период, продолжувајќи со силна мотивираност да ги градиме севкупните капацитети на оваа наша институција, можеме да претендираме на уште подобри резултати во работењето, во полза на сите граѓани на Република Северна Македонија, рече министерот Спасовки на прес-конференцијата.

Во однос на резултатите на подрачјето на сериозниот криминал, особено го потенцира сузбивањето на терористичка група – ќелија на терористичката организација ИСИС, која делувала на територијата на Република Северна Македонија, но и разбивањето на организираната група од Виница, која незаконски продавала лажни ковид тестови.

Борбата за спречување на ширење на пандемијата со коронавирусот КОВИД-19 беше приоритет, истакна Спасовски, додавајќи оти оваа криза претставувала дополнителен мотив да работат двојно повеќе и да ја водат државата кон излез од кризата, со што помалку последици. Информира дека со ревносно спроведување на протоколите за заштита од коронавирусот, за само три месеци изречени се 70 проценти повеќе санкции за разлика од претходниот период односно преземени се вкупно околу 60 илјади мерки. Како резултат на тоа, наведе Спасовски, кон крајот на трите месеци за 50 проценти се намали и бројката на санкционирани за неносење заштитини маски.

Во насока на надминување на последиците и предизвиците од коронавирусот, во изминатиот период МВР поднесе и над 250 кривични пријави за непочитување на изолација и самоизолација и изврши околу 37.000 контроли во угостителски и други објекти.

– Наспроти постигнатото во овие 100 дена Влада, во претходните седум месеци беше забележителен малиот број на контроли за носење задолжителна лична заштита (само 35.210 санкции), а да не зборувам дека до средината на мај репресивните мерки не се реализираа, иако Уредбата со законска сила беше донесена на 22.04.2020 година, изјави министерот за внатрешни работи Спасовски.

Во однос на создавање безбедни средини за граѓаните во сообраќајот, според него, во првите седум месеци бројот на сообраќајни контроли е сведен на минимум, а тоа го потврдува и статистиката 73 проценти помалку контроли и 69,4 проценти помалку преземени мерки одошто во истиот период минатата година.

– Ова беше дополнителен поттик да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, па многу брзо стартувавме со засилени акциски контроли. Како резултат на ова, минатиот месец го завршивме со намален број на сообраќајни незгоди за 21 процент, бројот на незгоди со тешки телесни повреди се намали за 47 проценти, а бројот на жртви за 36 проценти, за разлика од ноември 2019. Или, во периодот септември-ноември беа констатирани и законски санкционирани вкупно 26.530 прекршители, што е за 415,18 проценти повеќе од периодот јануари-јули 2020 (5.150 прекршители), рече Спасовски.

Министерот за внатрешни работи Спасовски говореше и за бескомпромисната борба со криминалот, при што во активности на целото подрачје на државата за сузбивање на недозволената трговија со дрога во периодот септември – ноември 2020 година, месечниот просек на откривачката функција е зголемен за 48 проценти. Запленети се над 400 килограми разновидна наркотична дрога, како и 4.544 таблети и 3,5 килограми синтетичка дрога, откриени 233 кривични дела, а мерки на кривичен прогон се преземени против 276 сторители.

Спасовски нагласи дека се сузбиени две организирани криминални групи, инволвирани во недозволена трговија со кокаин и марихуана, а во нив дејствувале 12 членови, од кои 11 македонски државјани и еден државјанин на Р.Албанија.

– Спречени се три меѓународни транспорти на дрога, при што беа запленети над 50 килограми марихуана и околу 100 килограми хашиш, за што беа приведени двајца македонски државјани, еден државјанин на Р.Албанија и еден од Р.Турција. Откриени се и три лаборатории за одгледување на растенија канабис и производство на хашиш масло, на подрачјето на Скопје во село Визбегово, во Злетово-Пробиштип и во Гевгелијa. И, како што можете да следите, продолжуваме со несмален интензитет, изјави тој.

Спасовски е дециден дека замо ефикасна и силна полиција, која работи со полн капацитет и легитимитет, испорачува резултати во активностите за справување со криминалот.

На прес-конференцијата оцени дека особено важни се резултатите постигнати во борбата против недозволената трговија со оружје, при што значајно е зголемен бројот на реализации и заплени на оружје и муниција, и во однос на истиот период од минатата година, но и во однос на периодот од јануари до јули 2020 година, кога имаше пад на откривачката функција.

– Во тој период, бројот на откриени кривични дела беше намален за 36 проценти, а намалени беа и количините на запленети парчиња оружје, во споредба со истиот период лани. Во овој домен, за изминатите 100 дена откриени се вкупно 48 кривични дела, за што кривично се пријавени 51 сторител. Притоа, запленети се 84 парчиња огнено оружје, над 4.000 парчиња муниција и над 14.000 петарди, односно за 20 проценти е зголемена заплената на оружје, 88 проценти на муниција и 816 проценти на пиротехнички средства. Посебно кај последниов сегмент, очекуваме раст и во предпразничниов период, информира министерот за внатрешни работи.

Во отчетот за сработеното Спасовски се осврна и на интензивната работа и во делот на спречување на илегалната миграција и сузбивањето на криумчарење мигранти и трговија со луѓе. Ефикасноста на овие мерки. Потенцира тој, особено е изразена кон крајот на септември, кога на неделно ниво евидентно се намалил бројот на транзитирање мигранти во Република Северна Македонија, а во текот на ноември нивниот број е двојно намален.

– Акцијата, во која е извршена проверка и е утврден идентитетот на 22.437 лица, извршен преглед на 26.780 возила и спроведени 14.891 останати активности, резултираше со вкупно откриени 10.014 мигранти. Притоа, само при влез на границата со Р.Грција, во континуитет бележиме намалување на обидите за околу 1.000 во текот на октомври и ноември. Како резултат на ова, опаѓачки тренд бележи и делувањето на криминалните групи поврзани со криумчарење на мигранти. Притоа, за само 100 дена кривично се пријавени 47 сторители за 18 кривични дела, рече Спасовски.

Од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе детектирани и сузбиени се две криминални групи составени од 18 членови, кои во период од десет месеци нелегално пренеле околу 250 мигранти со потекло од Блискиот Исток од Р. Грција на територијата на Северна Македонија. Преземени се мерки на кривичен прогон против 17 сторители за сторени четири кривични дела „организирање група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти“.

Спасовски информира дека во однос на приведување криминалци барани по меѓународна и централна потерница за само три месеци, 209 лица се лишени од слобода и спроведени во затворите за отслужување или доотслужување на затворската казна. Тој оцени дека ова е уште еден показател дека со чесна, одговорна и транспарентна работа можеме конинуирано да ја продлабочуваме веќе зголемената доверба на граѓаните во полицијата.

Спомена дека со неговото враќање на челната позиција на МВР, наишол на состојба на комплетно запрени градежни активности, стопирани проектите за обнова и реконструкција на полициските станици, без разлика дали се финансирани од ИПА програмата или со сопствени буџетски средства, одложен курс за нови полицајци и пролонгирани сите обуки…

Затоа, подвлече Спасовски, и процентот на реализација на капиталните расходи од Буџетот на МВР за тие седум месеци изнесуваше само 17.48 проценти.

– А една од моите цели што ви ја соопштив уште во првите денови по моето доаѓање – е зајакнување на партнерството меѓу граѓаните и полициските службеници, што произведува ефективни резултати за безбедноста и сигурноста на сите. Мојата заложба за севкупно подобрување на професионалните услови за работа на полициските службеници, преку продолжување на проектот за реконструкција и изградба на полициските станици, се рефлектираше во комплетно завршени градежни активности на објектите на Аеродромската база Петровец и Полициското одделение Жеровјане. Во тек е реконструкција на ОВР Кавадарци, ОВР Гевгелија, Регионален центар Југ и Полициска станица Бит Пазар, како и изградбата на Центарот за санирање од катастрофи во Прилеп и на новите современи форензички лаборатории. Впрочем, во таа насока говори и процентот на реализација на капиталните расходи, кој само во 100-дена изнесува 33,16 проценти, информираше министерот за внатрешни работи.

За создавање модерна, опремена, стручна, ефикасна, но и задоволна полиција, која ќе биде блиска до граѓаните, е продолжена и реализацијата на набавките на обувки, чизми, теренски униформи и посебна опрема за полициските службеници, а обезбедени се средства за исплата на бонус плата на вработени во МВР за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2020 година, како и средства за бонус плата за 2017 и 2018 година.

– Реформите во безбедносниот сектор, за кои добивме признание и од нашите меѓународни партнери, и понатаму продолжуваат! Дури и ќе го засилиме темпото на овие реформи за да ја оствариме стратешката цел да имаме ефикасна полиција, подготвена да застане на првите линии во одржување на јавниот ред и мир и зголемување на безбедноста и сигурноста на граѓаните, одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупција, истакна во отчетот за сработеното во изминатите 100 дена во МВР, Спасовски. /МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ