• Latest

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против 45 лица за случајот Бањска

September 11, 2024

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение против 45 лица за случајот Бањска

September 11, 2024 14:44
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинителен акт за терористичкиот напад во септември минатата година во Бањска во Звечан, јави дописникот на МИА од Приштина.

Главниот обвинител на Специјалното обвинителство Блерим Исуфај рече дека обвинението е поднесено против 45 лица.
Обвинението доаѓа речиси една година по нападот.

Премиерот Албин Курти во континуитет го критикуваше Специјалното обвинителство дека не подигнало обвинение. Критики упати и министерката за правда Албулена Хаџиу.

Терористичката група предводена од поранешниот потпретседател на најголемата партија на косовските Срби, Српска листа, Милан Радојичиќ, на 24 септември 2023 година ја нападна косовската полиција, при што го уби полицаецот Африм Буњаку.

Косовската полиција во јуни годинава соопшти дека се идентификувани 48 терористи, поднесени се кривични пријави против 45 лица, локални потерници за 41 осомничен и 39 меѓународни потерници. Поднесена е кривична пријава поради сомнение дека се сторени следниве кривични дела: тешко убиство, напад врз уставниот поредок на Република Косово, тешки кривични дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово, здружување за противуставна дејност, извршување терористички акт, подготвување терористички акти или кривични дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово, перење пари и финансирање тероризам.

Tags: БањскаКосовообвинение
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ