• Latest

Спировска: Шарената револуција ќе ја критикува и секоја наредна власт!

June 17, 2016

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спировска: Шарената револуција ќе ја критикува и секоја наредна власт!

June 17, 2016 13:16
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Искрено, денеска не очекувам дека ќе има некоја промена. Многу е смешно што власта мисли дека може да не залаже со ситните натегања како што е притворот за Талески, како што е оставката на Ставрески. Чудно е што не се свесни дека тоа не е доволно, дека не се бориме за тоа, туку се бориме за правда а не за селективна правда, не за праќање на одредени луѓе во затвор за да се спасат два члена на Фамилијата!“, вели во разговорот за ЦИВИЛ Медиа, Симона Спировска, граѓанска активистка и шарена револуционерка

https://www.youtube.com/watch?v=bbnQNKRbF1s

ЦИВИЛ: Денес е последен ден, утре завршува рокот од ултиматумот што и го даде Шарената револуција на власта да ги исполни барањата на демонстрантите. Кои се вашите очекувања? Очекувате ли дека денеска, последниот ден, нешто ќе се случи или власта ќе остане глува за вашите барања?

Спировска: Со оглед на тоа дека денес е неработен ден, следува продолжен викенд, не очекувам ништо да случи овие денови, меѓутоа, морам да кажам дека не очекував и кога го поставивме 18-ти јуни како последен ден за исполнување на нашите барања, не очекував дека нешто значајно ќе се смени. Зошто би се сменила власта којашто 10 години е глува за барањата на народот, зошто во овие последни денови би презела нешто?

DSC_0384
Симона Спировска

ЦИВИЛ: Кои ќе бидат следните чекори?

Спировска: Нема да ви кажам сега, но, јас и Шарената револуција стоиме на тоа дека нема да се откажеме од нашите барања и дека ќе се радикализираат протестите на одреден начин за којшто нема да зборувам сега.

ЦИВИЛ: Почнаа политичките преговори, дали Шарената револуција ќе заземе место во преговорите, дали ќе прифати да учествува во преговорите за надминување на политичката криза?

Спировска: Шарената револуција уште кога го постави 18-ти јуни како последен ден за исполнување на нашите барања, едно од барањата (не од двете главни), но, од останатите барања, беше дека граѓанскиот сектор мора да биде вклучен во разрешување на политичката криза во Република Македонија. Тоа не значи дека ќе се испартизираме и утре ќе се јавиме и на избори како „Шарената партија“ или нешто такво. Не напротив, ние мислиме дека нашата задача е да бидеме тука за да ги критикуваме овие, а и сите следни власти. Да, треба да биде вклучен граѓанскиот сектор во решавање на кризата.

ЦИВИЛ: Мислите на невладините организации?

Спировска: Да, мислам на невладините организации.

ЦИВИЛ: Но, Шарената револуција не е составена само од членови на невладини организации?

Спировска: Не е составена од невладини организации, меѓутоа има претставници на невладини организации, има луѓе коишто со својата долгогодишна работа докажале и покажале дека треба да бидат дел и дека можат да придонесат за разрешување на кризата. Така што не мора да бидат само невладини организации, апсолутно дека граѓанскиот сектор треба да биде вклучен, меѓутоа и индивидуалци коишто придонеле за развојот на ова држава во различни области и, се разбира, дека и сега можат да помогнат.

DSC_0400

ЦИВИЛ: Го креваат ли својот глас уметниците? Кој е нивниот пристап, зошто никаде ги нема?

Спировска: Тука се, ги има, само што проблемот е дека ние уметниците се навикнавме низ годините да  гледаме уметници како партиски војници, а не уметници – како дел од политичката сцена во државата којашто се бори за граѓанското општество и за правата на граѓанското општество. Тука се…

ЦИВИЛ: Дали постојат притисоци на работа за дел од демонстрантите, дали вие лично имате притисоци?

Спировска: Во последниот период јас лично немам, но се разбира дека има, и како поминува времето, луѓето се помалку сакаат да зборуваат за тоа. Во моментот кога се охрабрија да излезат на улица и да се борат за сопствените права коишто последните години им се одземени, како да решија да не зборуваат за другите работи, за притисоците коишто се случуваат. Верувам дека е и полесно да се заборави, да се излезе на улица ако се преправаме дека нема притисоци. Меѓутоа, и тоа е една од алатките на оваа власт против која се бориме, и за да се избориме мора да зборуваме отворено и гласно.

13325629_980544605397342_312488200098854582_n

ЦИВИЛ: Вашата визија за следниот период, или за наредните пет години?

Спировска: Веќе во неколку наврати кажав дека задачата на граѓанското општество, односно, на Шарената револуција, не завршува со паѓањето на Груевски и на Фамилијата од власта. Напротив, ние потоа ќе имаме уште потешка работа да се избориме да го изградиме системот којшто е буквално урнат. Ние ќе треба да го изградиме одново и тоа да го одржиме и мислам дека тоа е најтешката задача што во следниот период ќе дојде. Исто така, се надевам и на подобри денови за театарот во државата, тетарот којшто ќе престане да и служи на власта, ќе се избори за себе и ќе ја критикува наместо да и служи… Ќе го обликува општеството наместо да и служи на власта.

Искрено денеска не очекувам дека ќе има некоја промена. Многу е смешно што власта мисли дека може да не залаже со ситните натегања како што е притворот за Талески, како што е оставката на Ставрески. Чудно е што не се свесни дека тоа не е доволно, дека не се бориме за тоа, туку се бориме за правда а не за селективна правда, не за праќање на одредени луѓе во затвор за да се спасат два члена на Фамилијата!

Дехран Муратов

Камера: Ермин Климента

Tags: не очекувам дека ќе има некоја променаразговор за ЦИВИЛ МедиаСимона Спировскашарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ