• Latest

Според Нацрт-законот работодавачите ќе добиваат за покачување на плати од 600 до 6.000 денари

September 11, 2019
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Според Нацрт-законот работодавачите ќе добиваат за покачување на плати од 600 до 6.000 денари

September 11, 2019 09:39
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за труд и социјална политика на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) го објави нацртот на законот за субвенционирање на придонесите за покачување на платите, чија цел, е поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата во повисок износ заради подобрување на економскиот стандард на вработените и поттикнување на економскиот раст и развој на  државата.

Според нацрт законот субвенционирање на придонеси може да користи работодавач кој има статус на активен обврзник за пресметка и уплата на придонеси, односно не е во постапка на стечај или ликвидација или постапка на бришење и нема доспеани обврски по основ на бруто плата до денот на побарување на субвенцијата на придонеси, работодавач за осигуреник кој бил во задолжително социјално осигурување кај тој работодавач во сите месеци од референтниот период и за кој има зголемување на плата на начин утврден со овој закон, односно работодавач за осигуреник за кој има зголемување на плата како разлика меѓу пресметаната нето плата за месецот за кој се побарува субвенционирање на придонеси и референтната основна плата исплатена од работодавачот во референтниот период.

Субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување по основ на зголемена плата не може да остварат органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон,  институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје.

Субвенциите не може да ги користи работодавач кој за осигуреникот користи ослободување од плаќање придонеси од задолжително социјално осигурување согласно закон, за период додека го користи ослободувањето, работодавач кој за осигуреникот користи мерка за субвенција на плата преку Оперативниот план за активни програми и мерки за  вработување за периодот додека ја користи мерката и работодавач кој за осигуреникот за кој побарува субвенционирање на придонеси му е доделена финансиска поддршка за нови вработувања согласно со Закон за финансиска поддршка на инвестиции, како и приватна агенција за вработување за осигуреници кои се отстапени кај работодавачи од органите на државната и на локалната власт и други државни органи.

Согласно предложените решенија, работодавачот нема обврска да плаќа придонеси од задолжително социјално осигурување за износот за кој е одобрено субвенционирање на придонеси, највисокиот износ за кој се одобрува субвенција на придонес е зголемување на нето плата до 6.000 денари месечно по осигуреник, а најнискиот износ за кој се одобрува субвенција на придонес е зголемување на нето плата во износ од 600 денари месечно по осигуреник.

Субвенционирањето на придонесите за зголемувањето на платите согласно со одредбите на овој закон започнува да се применува со исплата на плата за октомври 2019 година.

Од Владата проценуваат дека субвенционирањето на социјалните придонеси ќе има позитивно влијание на вкупната економија, Мерките ќе придонесат за подобрување на работењето на деловните субјекти, зголемување на квалитетот во работењето, нивната продуктивност, подобрени деловни резултати во работењето, зголемување на вработеноста, зголемување на платите на вработените, на подолг рок, подобреното деловно работење ќе предизвика и поголем економски раст и развој на Република Северна Македонија.

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија, а ќе се применува од 1 ноември 2019 година до 31 октомври 2022 година.

Се очекува на ваков начин да се намали исплатата на платата на работниците на рака, кое често го практикуваат работодавачите за да избегнат плаќање придонеси.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ