• Latest

Србија е каналот, Северна Македонија е целта на руските хибридни напади

November 22, 2025
Фото: wikimedia commons

Украина и САД почнуваат консултации во Швајцарија за завршување на руската војна против Украина

November 22, 2025
фото: скриншот

Политико: Орбан ја блокира поддршката за Украина и го поддржува контроверзниот американски мировен план

November 22, 2025
Поплави (Photo: Pixabay free)

ЦУК: Поплавени домови, земјоделски површини, одрони на патиштата – резултат на обилните дождови

November 22, 2025
Фото: Мета

Новите прописи за индустриски емисии во Северна Македонија – деловната тајна како потенцијален ризик за јавната транспарентност

November 22, 2025

250 борбени судири на фронтот во Украина во последните 24 часа

November 22, 2025

Гладоморот: Сеќавање на геноцидот и опомената за денешницата

November 22, 2025
Фотографија: Скриншот Би-би-си

Повеќе од 200 ученици киднапирани од католичко училиште во Нигерија

November 22, 2025
Џабир Дерала, говор во Собрание на РСМ, 24 ноември 2022 година (фото: ЦИВИЛ)

Кога злосторството има име, а државата молчи: Северна Македонија и Гладоморот во Украина

November 22, 2025

Одбележување на 22 ноември – Ден на албанската азбука и наследството на Битолскиот конгрес

November 22, 2025

Самитот на Г20 започна со отсуство на САД и дебата за мировниот план за Украина

November 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ

Србија е каналот, Северна Македонија е целта на руските хибридни напади

November 22, 2025 11:49
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Руското влијание на Балканот во последната деценија добива поагресивни и подискретни форми, насочени кон политичка дестабилизација, создавање недоверба во институциите и слабеење на европските интеграции. За „Фронтлајн“ своите процени ги споделуваат професорот по безбедност Владимир Пивоваров и аналитичарот Селим Ибраими од ISSD Македонија.

Професорот и експерт по безбедност, Владимир Пивоваров, во изјава за Фронтлајн вели дека руското влијание на Балканот е присутно со години и се манифестира во различни форми, и во минатото и денес. Според него, ваквите активности произлегуваат од стратешките и геополитичките интереси на Москва.

– Рускитр влијанија на Балканот се евидентни во предходниот период низ повеќе облици во минатото и сега. Целта и обидите за вакво нивно влијание е пред се од нивните стратешки и геополитички определби. Последнава деценија се позастапени се нивните хибридни закани кон земјите од Балканот преку пласирање на лажни информации во мас медиумите, политичките партии со единствена цел креирање на јавното мнение кај луѓето. Влијанието преку политички партии е најизразено во Бугарија каде што одредени пратеници во нивното собрание јавно ги артикулираат ставовите кои ги застапува Москва, истакнува Пивоваров.

Според Пивоваров, долгото чекање на Северна Македонија за напредок кон ЕУ создава простор за евро-скептицизам кај дел од граѓаните, што пак го олеснува влијанието на надворешни актери.

– Пред сè пратениците ги негираат вредностите на ЕУ и на тој начин се обидуваат да креираат јавно мнение. Во нашиот парламент немаме вакви појави но истите ги имаме во вонпарламентарните партии. Долгото чекање за влез во ЕУ на нашата држава остава простор за ЕУ скептицизам на нашите граѓани. На овој начин тие прават обиди за се поголемото незадоволство а засега нашата политика цврсто опстојува на патот кон ЕУ, анализира нашиот соговорник.

Сепак, тој нагласува дека засега домашната политика цврсто опстојува на европскиот пат и оти руските интереси во земјата немаат реални резултати.

– Ова не значи дека во иднина токму хибридните закани за креирање на јавното мнение на подолг временски период ке опстојат. Освен за нас ова е и предизвик за ЕУ. Многу земји во светот пред се во Латинска Америка каде беа применети и други видови на влијанија како што се економски и воени подлегнаа на таквите притисоци. Сега за сега нема остварување на нивните цели и интереси во нашата земја, вели Пивоваров.

Аналитичарот Селим Ибраими од ISSD Македонија вели дека руската политика во регионот не е новост, но дека домашните политички околности го зголемуваат просторот за надворешно влијание.

– Не е нешто ново оваа руска политика, особено сега кога владата во Скопје не прави ништо околу евроинтеграциите, просторот за влијание на онлајн мрежите или пошироко е поголем. Во конкретниот случај, самите внатрешни фактори придонесуваат за одржување во живот на Русија и Српскиот свет во Северна Македонија, изјави Ибраими за Фронтлајн.

Ибраими додава дека Србија веќе повеќе од една година ја интензивира оваа политика, особено преку медиумите:

„Би рекол дека повеќе од една година, Србија ја шири оваа политика заедно со онлајн медиумите во Северна Македонија. И Русија и Србија секогаш ги користат одредените моменти или блокади за да интервенираат.“

Тој нагласува дека Северна Македонија е особено податлива за вакви влијанија поради културната поврзаност со регионот:

„Северна Македонија е погодна земја, бидејќи е дел од ист систем на култура и повеќе.“

Руското влијание на Западен Балкан, според меѓународните анализи, се префрли од класични геополитички методи кон долгорочни хибридни операции. Во нив се вклучени медиумски мрежи во Србија, политички партнери во повеќе држави, религиски структури, економски врски и кампании за дезинформации.

Европскиот парламент предупредува дека Москва „не гради системи, туку ги користи туѓите пукнатини“, фокусирајќи се на поларизација, нерешени спорови и слабости во институциите. Freedom House ја класифицира Северна Македонија како „хибриден режим“, ранлив на надворешни влијанија поради политичката поларизација, недоволната независност на медиумите и високите корупциски ризици. ЦИВИЛ – Центар за слобода го објави најновиот Извештај за рано предупредување посветен на хибридната стратегија на Русија во Западен Балкан.

Србија останува најсилната регионална точка за ширење на руското влијание, со медиумски и политички механизми кои продуцираат анти-ЕУ и анти-НАТО наративи. Босна и Херцеговина, особено Република Српска, е оценета како најранлива, а Косово како простор каде дезинформациите може за неколку часа да предизвикаат криза.

Северна Македонија, Црна Гора и Албанија се изложени на различни модели на влијание: преку политички партии, идентитетски прашања, религиски структури или онлајн-простори.

Руското влијание на Западен Балкан се засилува преку хибридни операции што ги користат слабостите на државите – поларизацијата, нерешените спорови и кревките институции. Медиумските мрежи во Србија се клучен канал за ширење проруски и антизападни наративи кон целиот регион, вклучително и Северна Македонија. Според меѓународните извештаи, земјава останува ранлива поради политичката нестабилност, корупциските ризици и застојот во евроинтеграциите. Анализите предупредуваат дека следните месеци може да донесат нов бран дезинформации и политички притисоци, со што Србија дополнително ја зајакнува својата регионална улога – а индиректно и влијанието на Москва.

Дестан Јунузи/ Фронтлајн


Прочитајте повеќе: 

(ЦИВИЛ) Извештај за рано предупредување: Слабата точка на Европа — руската хибридна стратегија на Западен Балкан

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Глобус

    Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • (ВИДЕО) Полскиот амбасадор во Русија нападнат од „агресивна група“ демонстранти во Санкт Петербург

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Пробив на Балканот за Украина: Србија во НАТО & Косовскиот модел во Донбас

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево Сафари“

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ