Во Србија утринава се регистрирани 149 случаи на заразени со вирусот Ковид-19, 31 случај повеќе од вчера и еден починат пациент. Веќе шести ден на сила е вонредна состојба, а трет ден иполициски час и забрана за излегување на постарите од 65 години, затворени се сите гранични премини за патнички, железнички и речен сообраќај, како и меѓуградскиот сообраќај, освен за патнички возила.
Синоќа од српската Влада соопштија дека од денеска во 20 часот се укинува јавниот превоз во Србија и се затвараат сите ресторани, кафулиња и трговските центри. Нова мерка е и забранат за собирање на повеќе од пет лица.
Епидемиологот Бранислав Тодоровиќ за РТС изјави дека меѓу 27-те заразени во Ниш, има доктори и медицински сестри од Клиничкиот центар Ниш.
-Во моментов имаме еден хоспитализиран колега на Клиниката за инфективни болести. Од 19-те лекари кои се наоѓаат во домашна изолација, има шест доктори и две медицински сестри…што е најава за нешто што ќе се случи, објасни тој, додвајќи дека две клиники КЦ Ниш се практично затворени додека вработените се во самоизолација.
Привремено е прекинат и авиосообраќајот, освен за хуманитерни летови, со кои Србија со специјални летови ги враќа нејзините државјани, заробени по аеродромите во Европа.