• Latest
From left to right, Kreshnik Bekteshi, Valdis Dombrovskis

Средба Бектеши – Домбровскис: Потребна е реформа кон отворена трговија за да се вратат растот и вработеноста по Ковид-19

May 4, 2021

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025

„Децата молчат, ние мора да зборуваме“: Почнува кампања „1 од 5“ за спречување сексуално насилство врз деца

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН го прифати американскиот план за мир во Газа

November 18, 2025

Загрепскиот небодер ‘Вјесник’ во пламен: Огнот беснее по катовите, штетата огромна, нема човечки жртви

November 18, 2025

Студентите од Србија под кибер-офанзива: „Некој сака да го замолчи нашиот глас“

November 18, 2025
Фото: Скриншот од Фејсбук страната на германската амбасада во Приштина

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул денеска во Скопје

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Средба Бектеши – Домбровскис: Потребна е реформа кон отворена трговија за да се вратат растот и вработеноста по Ковид-19

May 4, 2021 16:50
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, КОВИД-19
From left to right, Kreshnik Bekteshi, Valdis Dombrovskis

From left to right, Kreshnik Bekteshi, Valdis Dombrovskis

Share on FacebookShare on Twitter

Трговијата во целост треба да се движи во чекор со развојот на настаните во глобалната економија, а неопходна е и реформа кон отворена трговија за да се врати растот и вработеноста во пост Ковид-19 периодот, порачаа министерот за економија Крешник Бектеши и извршниот потпретседател на Европската комисија и еврокомесар за трговија, Владис Домбровскис по денешната средба во Брисел.

– Северна Македонија е силен поддржувач на мултилатералниот трговски систем заснован на правилата во Светската трговска организација (СТО), кој дава поголема сигурност во трговските односи, особено за малите земји, и придонесува за промовирање на отворена трговија, глобален економски раст и создавање нови работни места, изјави министерот Бектеши.

Министерот Бектеши и еврокомесарот Домбровскис, информираат од Министерството за економија, се согласија дека се потребни реформи во СТО  за да се воспостават нови правила, што ќе ја модернизираат оваа организација и ќе се усогласат со економската и трговската реалност од 21 век.

Реформите треба да се во насока на трговска одржливост почитувајќи ги целите на Агендата на ОН за одржлив развој 2030, интегрирање на бизнис сектор во тие цели и тековните предизвици поврзани со Ковид-19 во меѓународната трговија, со крајна цел зголемување на вработеноста и раст на економиите.

Циркуларна економија, позеленување на земјата и намалување на загадување со пластика, одржување синџири на вредности, олеснување на инвестициите преку создавање на ефикасен систем на транспарентност и намалена бирократија, односно бирократско преклопување или застарени процедури кои се клучни скапи пречки за инвестирање, се дел од тие реформи, за што во рамките на СТО се развиени бројни иницијативи.

Земјава е коспонзор на шест приоритетни иницијативи и тоа: за е-трговија, домашната регулатива за услуги, олеснување на инвестициите за развој, формирање на неформална работна група за микро, мали и средни претпријатија, трговија и животна средина/клима, како и либерализација на зелените добра и услуги при СТО.

Министерот Бектеши истакна дека очекува суштински напредок да се постигне на 12. Министерска конференција на СТО. што се планира да се одржи од 30 ноември до 3 декември 2021 година, за што сите земји членки на СТО треба во овој период, односно до одржување на конференцијата, активно да работат на подготовка на соодветни спогодби, односно програми по иницијативите.

Овие иницијативи се наменети за поддршка на малите и средни претпријатија, кои треба да придонесат за подобро учеството во глобалната трговија.

Дури 95 отсто од компаниите во светот се мали и средни претпријатија, во кои се вработени 60 отсто од вкупно вработените на планетава.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ