• Latest
Премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Стефан Јанев

Средба Јанев-Заев во Софија: Политичарите се одговорни пред емотивните реакции на своите граѓани

June 17, 2021

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Средба Јанев-Заев во Софија: Политичарите се одговорни пред емотивните реакции на своите граѓани

June 17, 2021 17:43
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Стефан Јанев

Премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Стефан Јанев

Share on FacebookShare on Twitter

АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ ПИСАРЕВ, од Софија, специјално за ЦИВИЛ МЕДИА

Премиерите на Република Северна Македонија и Бугарија денес во Софија изјавија дека заедничката цел е да се создаде добра атмосфера за дијалог и пријателство и да се најдат прифатливи решенија за двете страни. По средбата двајцата премиери најавија дека заеднички ќе го гледаат фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Украина, Јанев рече дека ќе навива за нас, се надеваме не само на натпревари.

Небото над Софија е денеска облачно, има и поројни дождови со грмотевици, но над политичките разговори за отпочнување на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ, кои во моментов ги блокира Бугарија се отвораат светли точки.

Македонскиот премиер Зоран Заев и владината делегација која е во официјална посета на Софија и бугарскиот премиер, Стефан Јанев се обидоа денес да внесат нота на оптимизам во преговорите кои очигледно ќе бидат продолжени и во наредниот период. Присуство на повеќе од педесетина новинари од разни медиуми од Бугарија и од република Северна Македонија најдобро илустрираат колку е голем интересот во двете држави за надминување на разликите кои го кочат процесот и почетокот на преговорите на нашата земја со ЕУ.

Позициите се такви што на Бугарија не ѝ се брза да го реши спорот и ако се исклучи лошиот имиџ кој поради ова го добива меѓу членките на ЕУ, таа не губи ништо. Ние сме во позиција што побргу да најдеме заеднички јазик и да ја одоброволиме Бугарија да попушти, дали и кога тоа ќе се случи ќе видиме, денешната средба влева оптимизам.

„Во моментов имаме отворен прозорец за можностите да ги решиме отворените прашања кои произлегуваат од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија“ нагласи на денешната заедничка конференција за новинарите бугарскиот премер Стефан Јанев после средбата со неговиот македонски колега Зоран Заев во Софија.

Тој нагласи дека заедничката цел е да се создаде добра атмосфера за дијалог и пријателство и да се најдат прифатливи решенија за двете страни, изразувајќи задоволство што, како што рече, премерот на соседната земја Република Северна Македонија дошол со конкретни предлози за кои ќе се разговара на ниво на експертските тимови. Тој очекува експертите да пронајдат вистински решенија и да ги понудат на политичарите од кои се очекува да донесат политички одлуки.

„Европската перспектива на Северна Македонија и Западниот Балкан во целост е во интерес и на Бугарија, регионот и Европската Унија, но сето тоа треба да биде во рамките на правилата и дијалогот“, порача Јанев.

Средба Заев – Радев, 17 јуни 2021

Зоран Заев во неколку наврати потенцираше дека проблем со Бугарија е билатерален и треба да се решава билатерално.

„Тоа е наша обврска, голем исчекор е што седиме денес заедно и разговараме во пријателска атмосфера како да најдеме решение кое ќе биде во интерес на двете земји и двата народа. Бугарија е членка на ЕУ и нас во овој момент нè интересира како овој билатерален спор да го решиме и да направиме исчекор на патот кон ЕУ. Свесни сме дека по 5, 7, 10 години ќе станеме членка на ЕУ, но друга алтернатива за нас нема. Најважно е што веруваме во европските вредности и сакаме да ја европеизираме земјата. Апелирам до двата народи да му дадат шанса на добрососедството и братска поддршка да дадат за иднината на двете земји и народи. Тоа им го должиме и на сегашните и на идните генерации“, порача македонскиот премиер. Ако сме одговорни политичари и лидери на нашите народи, наша обврска е да работиме на пронаоѓање решение на проблемот преку патоказот, за работата на мешовитата историска и образовна комисија“, изјави Заев и додаде дека на средбата станало збор за португалскиот предлог за надминување на спорот.

За бугарскиот премер нема дилема дека Бугарија ќе ги подржи на патот кон ЕУ и Република Северна Македонија и Албанија, односно целиот регион на западен Балкан.

„Балканците се темпераментни народи. На Балканот секој ја знае, ја разбира и ја толкува историјата и реагира емотивно, од тоа произлегува голема политичка одговорност на секој политичар пред своите граѓани. Очигледно е дека како добри пријатели и братски народи имаме потреба за почеста комуникација, која што е од интерес за нас и на регионот во целост“, рече Јанев.

Заев нагласи дека историјата е важна за секој народ бидејќи од неа произлегува сегашноста и иднината, и оцени дека е позитивно што за пет историски личности е постигната согласност со бугарската страна.

Од страна на новинарите имаше и провокативни прашања од двете страни, на кои двајцата премиери одговорија со примерен дипломатски вокабулар. На пример, беше поставено прашање на говор на омраза преку социјалните мрежи кон Бугарија од македонска страна и кон Македонија од бугарска страна. Или: „Кога Бугарите во Македонија ќе бидат прогласени и запишани во Уставот како конститутивен народ на Република Северна Македонија како што се запишани, Ромите, Србите, Бошњаците…

Двајцата премиери се согласни дека говорот на омразата не им доликува на младите генерации ни во Бугарија, ни во Македонија, но дека тој се формира и репродуцира врз основа на медиуми, учебници и социјалните мрежи. Двајцата премиери ќе се трудат да нема основа за говор на омраза, туку да се охрабрат младите кај нив да доминираат пријателството и довербата, а младите луѓе повеќе да комуницираат меѓу себе.

Зоран Заев рече дека кога Република Северна Македонија ќе ги затвори сите поглавја од преговорите со ЕУ и ќе ѝ се отвори ширум вратата за влез, неминовно ќе дојде и до некои промени во Уставот кои ќе биде по урнек на Европските устави и во кој ќе најдат свое место и Бугарите кои живеат во Македонија.

По средбата, двајцата премиери најавија дека заеднички ќе го гледаат фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Украина. Јанев рече дека ќе навива за нас, се надеваме не само на натпревари.


ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ