• Latest

Средба Петровска –  Џејкоб: Дијалогот со синдикатите на највисоко ниво, овозможивме силен раст на стандардот и условите за работа на армиските припадници

September 21, 2022

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025

„Децата молчат, ние мора да зборуваме“: Почнува кампања „1 од 5“ за спречување сексуално насилство врз деца

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН го прифати американскиот план за мир во Газа

November 18, 2025

Загрепскиот небодер ‘Вјесник’ во пламен: Огнот беснее по катовите, штетата огромна, нема човечки жртви

November 18, 2025

Студентите од Србија под кибер-офанзива: „Некој сака да го замолчи нашиот глас“

November 18, 2025
Фото: Скриншот од Фејсбук страната на германската амбасада во Приштина

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул денеска во Скопје

November 18, 2025

Бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ и сексуално преносливи инфекции до 21 ноември

November 18, 2025

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Средба Петровска –  Џејкоб: Дијалогот со синдикатите на највисоко ниво, овозможивме силен раст на стандардот и условите за работа на армиските припадници

September 21, 2022 14:33
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Подобрувањето на условите за работа и стандардот на припадниците на Армијата продолжуваат да бидат на врвот на приоритетите во нашето работење. Изминатиот период направивме многу во овој домен и овозможивме војниците, подофицерите и офицерите во Армијата на Република Северна Македонија да го добијат заслуженото место во македонското општество“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со претседателот на Европската организација на воени здруженија и синдикати (ЕУРОМИЛ), Емануел Џејкоб, информираат од Министерството за одбрана.

Министерката се осврна на последните измени во Законот за служба во Армијата кој значаен исчекор во подобрувањето на стандардот на армиските припадници.

„Армијата и нејзините припадници со децении се соочуваа со ниски примања, низок стандард и сериозни предизвици во однос на нивната опременост. Денеска тоа е минато – нивниот стандард е висок, нивните примања и бенефиции се на нивото на нивното место во општеството како чувари на мирот и безбедноста на земјата и како составен дел од колективната одбрана на Алијансата“, рече Петровска.

Министерката изрази задоволство што сите новини во унапредувањето на стандардот на припадниците на Армијата се донесени во еден инклузивен процес, во тесна соработка со синдикатите во одбраната, вклучувајќи го и Независниот синдикат на одбраната, кој речиси четири години е и полноправна членка на ЕУРОМИЛ.

Претседателот на ЕУРОМИЛ, Џејкоб, се заблагодари за средбата како и за сите чекори кои Министерството за одбрана ги превзема за подобрување на армискиот стандард во координација со синдикатите, како основа за силна, посветена и мотивирана Армија. „Нивото на соработка меѓу Министерството за одбрана и синдикатите во одбраната во Северна Македонија, претставува пример како треба да унапредува соработката со синдикатите и за другите држави“, потенцираше претседателот на ЕУРОМИЛ, Џејкоб.

Европската организација на воени здруженија и синдикати е основана во 1972 година, а во неа членуваат 32 здруженија и синдикати. Нејзината мисија е унапредување на правата, слободите и професионалните и социјалните интереси на воениот персонал ширум Европа.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ