Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х
Скриншот од видео на CNBC-TV18
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм
Фотографија: WIkimedia Commons
Фото: Инстаграм
Скриншот од видео на
Просто Путин
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Средба Зеленски – Џонсон во Киев: Правиме сè за да обезбедиме нашата следна средба да се одржи под мирно украинско небо

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера во Киев се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На каналот Телеграм, Зеленски објави видео во кое со британскиот премиер Џонсон шетаат низ Киев.

„Правиме сè за да обезбедиме нашата следна средба со Борис Џонсон да се одржи под мирното украинско небо“, стои во објавата на Зеленски.

„Премиерот отпатува во Украина за лично да се сретне со претседателот Зеленски, во знак на солидарност со украинскиот народ. Тие ќе разговараат за долгорочната поддршка на Обединетото Кралство за Украина и премиерот ќе претстави нов пакет финансиска и воена помош“, рече портпаролот на Даунинг стрит.

Амбасадата на Украина во Британија на Твитер објави слика од Џонсон како седи спроти Зеленски на маса.